Добро,бе,што се замарате со ова?
И кај нас горат шуми,па светот не го заболе увото.
Џабе се зборува,со зборување ништо не се решава.
Кога ке прочитам вака па дај нека изгорат сите шуми па после ке плачете бил загаден воздухот и така веке е во Скопје уште тоа ви фали. Споредуваш 20% од светскиот кислород и кај нас овде со 000.2%. Секој може да донира јас донирав 10 долари не дека ке сменат нешто ама сепак секој да донира по 5-10 ке се соберат...
Иако покрива само
еден процент од површината на Земјата, Амазонија е дом на
10проценти на сите познати видови, а веројатно многу други уште не се откриени, предупредува Светскиот фонд за природа.
Амазонската прашума се наоѓа во Јужна Америка и покрива површина од
5.500.000километри квадратни. Тоа значи дека повеќе од половина од територијата на Земјата која е под прашума се наоѓа токму во Амазонија.
Дури
16 проценти од кислородот се создава во Амазонија. Прашумата покрива
девет држави. Најголем дел се наоѓа во Бразил (60 проценти), а потоа во Перу (13) и Колумбија (10), додека остатокот го делат Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана.
Во Амазонија живеат
33 милиони луѓе, но и
390 милијарди дрва (околу
16.000видови дрвја постојат во оваа прашума).
Таа претставува дом за
420 автономни видови,
40.000 растителни видови,
370 видови на рептили. Бразилскиот истражувачки центар објави дека само оваа година на територијата избиле
72.843 пожари.
Статистиката покажува дека порастот на бројот на пожари е од
83 проценти во однос на претходната година. Тоа е и најголем број пожари откако се мери нивниот број, од 2013 година.
Секоја минута поради пожари исчезнуваат територии под прашумата со големина на
три фудбалски терени.
Вчера во борба со огинот се ангажирани
44.000 бразилски војници. Ова е најзначајната битка во нивните животи.
Sent from my SM-J510FN using Tapatalk