Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување Време на започнување
A ако го нарачам како гифт дали ќе подложи на царина и ДДВ? Цената на книгата сосе шипинг е околу 100 евра.

Амазон праќа фактура со призводот така да тоа гифт не функционира :)
 
A ако го нарачам како гифт дали ќе подложи на царина и ДДВ? Цената на книгата сосе шипинг е околу 100 евра.
Книги се ослободени од царина и ддв.
 
Од ДДВ не се. За 200$, 6 книги, платив скоро 2000 ден данок :( или само ова мене ми се случува o_O
Ко шо знам јас не се плаќат ништо и досега јас не сум платил за книги ниту денар.
 
Ко шо знам јас не се плаќат ништо и досега јас не сум платил за книги ниту денар.

Арно си викам ја на која нога стануваат така царинат. Инаку според официјалниот водич подлежат на одданочување од 18% или 5% само за стоки кои не служат претежно за рекламни цели кои не се со порнографска содржина.
 
Истово сакав баш сега да го напишам. Не бе не, со овије немат разбервачка.
 
Се е во ред со линкот а ќе те чини 77,88 евра

Артикал 51.88 евра
Достава 26,00 евра
Вкупно 77,88

Е сега има два ,,проблема,, Првиот е што можеби ќе подлежи на дополнителни трошоци затоа што надминува 45 евра, а вториот е дали ова е дозволено за увоз во МКД:

Денес пристигна пратка во локалната пошта,платив царина 2000денари и поштарина 190 денари.Благодарам на PsychoalieN за информациите
 
http://www.amazon.de/gp/product/B00DIWN748?refRID=1MNN23H20EDXJ1A0GK24&ref_=pd_ybh_a_1

Немам искуство со нарачки,дали е во ред линков,и колку ке ме кошта до дома..подетално нека објасни некој..благодарам
KALIUM VERLA Granulat
конкретно ми треба ова..

Kaсно го гледам ова, си завршил работа иако скапо си ја платил нарачката, ама ајде сепак да ти дадам еден совет за набавка на такви суплементи: iHerb.com

Малку ќе отидам офтопик, ама се надевам корисен офтопик пошто за здравје се работи.

Значи, ако ти препорачале потасиум (калиум), можно е и од јод, селениум и магнезиум да постои недостаток во организмот. Минералите како потасиум, селениум, магнезиум, најдобро се абсорбираат во био форма (на пример интегрирани во аминокиселина, во chelate форма). Во форма на цитрати и оксиди, абсорбцијата е многу послаба, најголемиот дел се исфрла преку дигествниот систем, а не можеш да компензираш преку зголемени дози (што ем е штетно, ем не е ефикасно).

Тоа што си го барал KALIUM VERLA е поконкретно potassium citrate кој го произведуваат и продаваат повеќе разни фармацевтски компании. Без разлика во која форма го претпочиташ (гранули во твојот случа) - на iHerb имаш голем избор на брендови и количински пакувања.
http://www.iherb.com/search?kw=potassium+citrate#p=1

Поштарината им кошта некои три ипол евра за авионски пратки, а ако цената на пратката надмине некои 36 евра - тогаш поштарината е бесплатна. Плус како нов муштерија, внеси го кодов за да добиеш 5 долари попуст на нарачката: HPK909 (во shopping cart се внесува кодот)

Еве и уште еден совет: Немој да се заебеш да одбереш DHL за испорака, не дека е скап - 8 долари по пратка, ама ако идеш преку нив ќе се заебеш пошто DHL овде ќе те натераат да платиш шпедиција (а најверојатно и лежарина). Башка што ќе мора да се замараш да идеш кај нив во канцеларија за да ги регулираш тие обврски. Па уште ако не си од Скопје...

Значи обична авионска пошта е правилниот избор. Понатаму пази вредноста на пратката да биде под 45 долари, така кај нас нема да има ни данок ни царина а праката ќе биде испорачана на врата без да се замараш со ништо.

Јас сега пред некој ден нарачував од iHerb.com, па свежи ми се искуствата. Иначе и мене ме подучи човек од форумов, кој редовно си нарачува суплементи (можеби ќе не прочита па ќе се вклучи со додатни совети). (y)
 
Имав порачано книга од Амазон, и требаше да пристигне на 3 Март, меѓутоа сеуште не е пристигната веќе 14-15 дена доцни.... Дали ова е вообичаено за пратки од Америка толку да доцнат, бидејќи прв пат нарачувам од Амазон и не сум запознаен баш со пратките
 
Да, обичните пратки се случува да доцнат и по месец дена, за разлика од британскиот кадешто доцнењето е минимално.
 
Еве еден месец после пропишаното време за пристигнување на книгата, но од неа ни трага ни глас... Се обратив до Amazon повторно да ми ја испратат. Се наевам дека нема да биде истата ситуација
 
Еве еден месец после пропишаното време за пристигнување на книгата, но од неа ни трага ни глас... Се обратив до Amazon повторно да ми ја испратат. Се наевам дека нема да биде истата ситуација

Ти одговорија дека повторно ке ти ја испратат?
 
Да, одбрав опција за директен чат и имаше можност да ми ги вратат парите или да ми пратат нова.

Се надевам дека овој пат ке ти стигне затоа што трет пат нема (во меѓувреме не е лошо да стигне и порачаната :P)
 
Пред околу недела дена, стигна книгата што ја пуштија како замена на 4ти април!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom