http://www.amazon.de/gp/product/B00DIWN748?refRID=1MNN23H20EDXJ1A0GK24&ref_=pd_ybh_a_1
Немам искуство со нарачки,дали е во ред линков,и колку ке ме кошта до дома..подетално нека објасни некој..благодарам
KALIUM VERLA Granulat
конкретно ми треба ова..
Kaсно го гледам ова, си завршил работа иако скапо си ја платил нарачката, ама ајде сепак да ти дадам еден совет за набавка на такви суплементи:
iHerb.com
Малку ќе отидам офтопик, ама се надевам корисен офтопик пошто за здравје се работи.
Значи, ако ти препорачале потасиум (калиум), можно е и од јод, селениум и магнезиум да постои недостаток во организмот. Минералите како потасиум, селениум, магнезиум, најдобро се абсорбираат во био форма (на пример интегрирани во аминокиселина, во
chelate форма). Во форма на цитрати и оксиди, абсорбцијата е многу послаба, најголемиот дел се исфрла преку дигествниот систем, а не можеш да компензираш преку зголемени дози (што ем е штетно, ем не е ефикасно).
Тоа што си го барал KALIUM VERLA е поконкретно
potassium citrate кој го произведуваат и продаваат повеќе разни фармацевтски компании. Без разлика во која форма го претпочиташ (гранули во твојот случа) - на iHerb имаш голем избор на брендови и количински пакувања.
http://www.iherb.com/search?kw=potassium+citrate#p=1
Поштарината им кошта некои три ипол евра за авионски пратки, а ако цената на пратката надмине некои 36 евра - тогаш поштарината е бесплатна. Плус како нов муштерија, внеси го кодов за да добиеш 5 долари попуст на нарачката:
HPK909 (во shopping cart се внесува кодот)
Еве и уште еден совет: Немој да се заебеш да одбереш DHL за испорака, не дека е скап - 8 долари по пратка, ама ако идеш преку нив ќе се заебеш пошто DHL овде ќе те натераат да платиш шпедиција (а најверојатно и лежарина). Башка што ќе мора да се замараш да идеш кај нив во канцеларија за да ги регулираш тие обврски. Па уште ако не си од Скопје...
Значи обична авионска пошта е правилниот избор. Понатаму пази вредноста на пратката да биде под 45 долари, така кај нас нема да има ни данок ни царина а праката ќе биде испорачана на врата без да се замараш со ништо.
Јас сега пред некој ден нарачував од iHerb.com, па свежи ми се искуствата. Иначе и мене ме подучи човек од форумов, кој редовно си нарачува суплементи (можеби ќе не прочита па ќе се вклучи со додатни совети).
