Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување Време на започнување
Пратив пратка во странство и ме интересира, пошто не се сеќавам дали ќе стои името на испраќачот на кутијата или нема да стои ништо, некој што има искуство со купување преку интернет може да ми одговори, другите само не си фаќајте сеир и не млатете празна слама
 
Јас ја сфатив, ама не сфаќам што има врска нејзината пратка со „пратка од amazon.com“...
Инаку да, на сите пратки што сум ги добил до сега стои името на испраќачот.
 
најверојатно подарок испратила на друга адреса, купен од амазон
 
Колку сме назад, ми се плаче :facepalm:
 
Колку сме назад, ми се плаче :facepalm:

Па добро, САД си е САД. Ако ова некогаш биде одобрено само во САД ќе работи, нема да го има ниту низ другите поразвиени држави. Крсти се таму што воопшто можеме да порачуваме од amazon и eBay за оние што имаат PayPal.
 
Има некој искуство кога ќе му ја одложат пратката поради царинирање. Ја тракирав пратката и излегува дека пакетот е стасан во државата но веќе 3 дена очекува расчистувае / клиренс. Ме интересира одкако ќе ги контактираш дали одма ја забрзуваат процедурата или да не ја чекам уште недела дена?
asd.jpg
 
Поздрав дечки... Пола од постовиве ги прочитав и само еден успеав да најдам за она мене што ме интересира.
Сакам да порачам книга (стручна литература од медицина) од amazon.com... Книгата е околу 1800 страни и пошто е толкава сакам hardcover да ја земам; Форматот е А4 и тежи 3,2кг или по нивно 7 lbs. Е сеа пошто книгата е нестандардна и кошта ~180$ за испорака ми го бараат она 2,99$ по 1 lbs... Настрана сето тоа, вкупно доаѓа околу 202$ да платам... Сеа пошто видов различни мислења во врска со царината и данокот... Сума сумарум ме интересира колку би платил јас и по кој основ нормално (испораката си е стандардна онаа од 18-32 business days)? Други податоци ако треба пишете. Поздрав и однапред благодарам
 
Царина за книги не се плаќа, а данок е 5%, ама досега никојпат за книга не ми наплатиле ддв. А побарај и по други сајтови за книги, може ќе ја најдеш поповолно.
 
Фала ти moongoses за информацијата... Побарав и на abebooks и некој слични отприлика со цената се тука некаде со тоа што може да е поевтина малце ама затоа шипингот е поскап и обратно... А книгава пошто ќе ми трае цел живот +/- 5 долари или евра не ми менува. Фала ти уште еднаш за информацијата. Доколку има некој со различни искуства нека сподели. Поздрав
 
Ај ако може да ми обајсне некој по пп како да нарачам нешто.Сакав да нарачувам карти за играње (bicycle) па незнам како иде таа работа.Од прилика колку би требало да доплатам.Мислам дека беа накај 4-5 $ еден шпил ама предлагам 2-3 шпила да зеам.И дали само од Америка се нарачува, нема ли тука поблиско за да биде поевтина поштарината. :)
 
Здраво. Вака, сакам да нарачам Ајфон 4с од Амазон. Од овие понуди: http://www.amazon.com/gp/offer-list...46056&sr=8-1&keywords=iphone+4s&condition=new втората или третата. Но немам никакво искуство со Амазон. Може да ми пресметате колку ќе ми земат поштарина до Македонија. На едната понуда пишува 10 долари за достава, а на другата пишува бесплатна достава. Сега ме интересира дали бесплатната достава важи за до Македонија, или оваа 10 долари до Македонија ќе биде или се смета според тежината. Ако може да ми одговорите, бидејќи е итно. :unsure: Фала. :)
 
А кај гледате поштарина колку ќе ви земат јас незнам ништо со овој Амазон ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom