Мојата математика беше поинаква, киндлот беше пратен преку UPS, а не преку USPS, односно не оди преку пошта. Од UPS тука наплаќаат 1500 лежарина и 2000 шпедиција, ова ми го кажа таа што ми се јави од UPS, па ме чуди како царината и данокот се само 400 денари. Јас очекував да биде 15% царина и 18% ддв. Не знам како дојде ти до 2200

Колку и да е, меракот е голем, а нормално нема поинаков начин да се купи Kindle, ни тука ни нигде у светов освен преку Амазон, само спомнав ако некој е заинтересиран да си купи, да знае колку ќе го фати.
Не ти го разбрав најдобро ова последново, можеш кирилица да користиш и запирки, не се скапи. Нејсе, јас така работам, и кај мене функционира, не ми треба пола саат за 75 центи, ако не можам на саат да напраам поише од 6 долари уопште не ни пипам. На тие од Dolores, правам стотина за саат, ти реков, не мора којзнае колку да пазиш што стискаш, и да згрешиш све ќе ти платат, значи некад и повеќе од 10 долари правам само за саат. А ако ти ги отвора бавно, имаш повеќе табови во браузерот, дур одговараш едно, другите ќе се отворат. На оние од Product Search Relevance, по 1 цент што се, ми требаат околу 3 секунди за едно, имам мерено за 10 минути праам околу 200, односно 2 долари, т.е. 12 долари на саат. Ете така од центи се собираат долари, ако не работиш нема да направиш ич. Ти ако сакаш бркај ги само поскапите, ама ете гледаш така се жалиш. Не викај дека е невозможно, немам зошто да измислувам, можам и скринови да ти направам од статистиката да видиш, ама тоа тебе нема никако да ти помогне.