All Star 2009 Свети Николе.

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Во забивање победи од Велес дечкото :)
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
Most Voated Player or MVP : Доналд Кол-Фени И.
Судииве и кошарка знаеле бе . хахаха

Јове мислев има ама гледам нема па отворив колко за инфо и впечатоци на тие што гледале во живо/тв.
Most Valuable Player да не е???

Во забивање победи од Велес дечкото :)
Смешки беше цела утакмица и судиите играа и чирлеидерките хехе а дечково заслужено победи, ако беше од кај домаќините
 
#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
Судиите на забивањата беа најбољи...посебно тоа госпожата...сите кренале 4ки 5ки...(неуспешно забивање)она кренала 7ца...,сите гледаат забивањата..она зјапнала у публика и после прашува тој до нејзе со бројка да дигне...абе Дејвид Штерн сигурно ни завидува:tapp: па после нешо судиите одглумија,им дадоа судиските свирчиња на неколку од македонскиве "кошаркарски звезди" и "звездиве" нешо глумат свирејќи по судииве а судииве гордо тапкаат и се кезат шо се центар пажња-(се извинувам за зборов ни ја не го сакам али ми дое така)и тоа одприлика би било најинтересното...супер:helou:
а и уште нешо...тоа забивањата од попросто амин...ко никад да не забивале и сеа пошо излеа ги приметиле на тренинг ова тренериве дека забиваат и си рекле ај ќе ги туриме младичиве нека рипкаат...Само Cole поштуем од таму.ајт
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Како и повеќето начини за имитација на некои поголеми лиги, и оваа работа завршува неуспешно...Промоцијата на кошарката во другите градови е целта на КФМ а притоа не е битно на кој начин тоа ќе се изврши туку е битна само медиумската покриеност на настанот...Мене ова ми е смешно, више 2,3 години не го глеам ни вистинскиот ол-стар натпревар а камоли ли овие циркузантве како се бламираат....Ние неаме 3 озбилни клуба со долгорочна стратегија ,а сеа праиме ол-стар утакмица за да се види дека демек баскетот ни е у добра ситуација...
 
Алексич

I'm LeGenD!
Член од
13 јули 2008
Мислења
567
Поени од реакции
23
Може некој да прати линк за видео или download од Аll Star-от?

Го испуштив:(, не бев инфориран.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
26
Поени од реакции
2
Eve eden tekst od Nova Makedonija shto na najdobar nachin go prikzhuva olstrot vo Sveti Nikole...to shto se sluchuvshe tamu beshe jadno i uzasno.....degutantno i kicherajski....bilo i d ne se povtori

Олстар-фијаско во Свети Николе

Автор: Игор Крстевски

На сè друго освен на кошаркарски натпревар личеше завчерашниот ревијален меч во Свети Николе, кој требаше да биде претставување на најдоброто што во моментов настапува во Македонија, засилено со капитенот на националниот тим Врбица Стефанов. Наместо спектакл, присутните во салата „Цар Самоил“ и гледачите крај ТВ-екраните видоа вистинска деградација на кошаркарската игра, преголема импровизација и случувања што се многу поблиску до циркускиот настап на Харлем глобтротерс отколку до олстар-средбите какви што можат да се видат во НБА-лигата, но и во другите европски држави вклучувајќи ги тие од нашето најблиско опкружување. Таму ваквите средби носат забава и атракции, но без сквернавење на основните постулати и правила на кои се темели играта со портокаловата топка.

Кошаркарите и тренерите што се појавија во Свети Николе се најмалку виновни за фијаското што се случи. Тие се трудеа да покажат што знаат, но и самите беа збунети од многуте придружни работи што беа иницирани од организаторите, Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) и прволигашот Овче Поле. Така гледачите можеа да видат како екипите настапуваат со повеќе од пет кошаркари истовремено на паркетот како исценирани инциденти на тренерите со судиите, што отстрана воопшто не беа интересни. Имаше ракометни исклучувања на две минути, играње со два баскета истовремено, замена на улогата помеѓу судиите и играчите, а како капак на сè беше влегувањето на две девојчиња во игра на крајот од мечот иницирано од генералниот секретар на КФМ, Дејан Лекиќ.

Токму ангажманот на тие две девојчиња, кои по слободна процена беа на прагот од полнолетноста, е приказна сама за себе. Тие, оскудно облечени во облека што повеќе покажува отколку што крие, дефилираа низ теренот презентирајќи ги четвртините нешто слично на хостесите во боксот. Нивното дефиле на паркетот предизвикуваше реакции од публиката, во која повеќебројна беше машката популација, меѓу кои имаше и доста невкусни коментари.

Организаторот на мечот се обидуваше да води резултат на овој таканаречен натпревар, но на крајот никој не знае како заврши натпреварот бидејќи на моменти никому во салата не му беше јасно кој за кого игра. Најтежок проблем на крајот од средбата беше да се одреди добитникот на МВП-наградата за најкорисен кошаркар на олстар-мечот. Ни крив ни должен таа заврши кај Американецот во таборот на Фени индустри, Доналд Кол, кој и самиот дејствуваше збунето кога официјалниот спикер, кој истовремено беше и коментатор на мечот на Македонската телевизија, го објави неговото име.

Кошаркарски, завчерашниот ревијален дуел во Свети Николе не донесе ништо посебно, иако играчите прикажаа низа квалитетни и атрактивни потези. Тони Симиќ неколку пати атрактивно заби, Александар Димитровски имаше повеќе успешни проектили од седум и повеќе метри, додека Талик Браун импонира со својата техника на водење на топката. Ќе остане запишано дека на овој меч се појавија уште капитенот Стефанов, Горан Самарџиев, Војдан и Дамјан Стојановски, Марјан Ѓуров, Марко Симоновски, Небојша Ристиќ, Трајче Краџов, Огнен Стојановски, Диме Тасовски, Златко Гоцевски, Ефтим Богоев, Александар Костовски, Кире Николовски, Александар Чубрило, Слободан Агоч и Слободан Михајловски. Тренери на едната екипа беа Марин Докузовски (Работнички) и Ангел Љутков (Овче Поле), додека на другата Емил Рајковиќ (Фени И.) и Марјан Лазовски (Амак-СП).

Поради нејасни причини на олстарот немаше ниту еден играч на МЗТ Скопје и на Свислајон Пелистер иако ги имаше на првичниот список (Дарко Соколов, Милан Миљковиќ и Ѓорѓи Талевски).

Најдобрите за 2008 ги добија наградите

Во полувремето на средбата во Свети Николе челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) им ги доделија наградите на најдобрите во изминатата 2008 година. Признанијата завршија во рацете на Војдан Стојановски (кошаркар на годината), Ана Живковиќ (кошаркарка), Александар Костовски (млад кошаркар), Јелена Антиќ (млада кошаркарка), Емил Рајковиќ (тренер во машка конкуренција), Видоја Секуловски (тренер во женска конкуренција) и на Тодор Гечевски (најдобар странец), чие признание го зеде неговиот татко, поради настапот на Тоше во Задар.

Посебни плакети од КФМ добија Врбица Стефанов, Шај Штрикс од БИБЛ-лигата, клубовите Пелистер, Младинец, Квиско баскет, како и неколку члена на УО на КФМ.

Димитровски најдобар тројкаш, Михајловски забивач

Во паузите помеѓу четвртините на олстар-средбата во Свети Николе се одржаа натпреварите во прецизно шутирање тројки и во забивање. Признание за најдобар тројкаш заврши во рацете на бекот на Фершпед Работнички, Александар Димитровски, додека најатрактивен во забивањата беше миленикот на домашната публика Слободан Михајловски од редовите на Овче Поле. Димитровски во финалето беше подобар од Марко Симоновски од Вардар, додека Михајловски го надигра Американецот Доналд Кол од Фени индустри.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442

Dobro be se posra so tekstot od Nova Makedonija....na site strani go stavas Bozem se sto pisi vo Nova Makedonija se e tocno a?:tapp::tapp::tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom