Па ако не ти е тешко,препорачај ми нешто во приватна порака што да прочитам,нешто што би можел да го најдам по книжарите,уште поубаво ако се наоѓа на нет.
А каква е таа
херметичка традиција?
Повеќедимензионалноста на Кроули го прави можеби неразбирлив за почетници.
Мое лично мислење е дека не треба почетник без водство да го чита. Не за друго, ќе изгуби само време.
Ќе ти кажам една работа, ако почнуваш од нула, скоро све ќе ти биде неразбирливо. Но кога ќе читаш се повеќе и повеќе ќе почнат да ти се склопуваат деловите од една голема сложувалка, која никогаш нема да успееш да ја склопиш во целост. Но тоа не е поентата. Поентата е да работиш на нејзино склопување, без предрасуди, упорно и секако, по лична воља. "Кој бара, ќе му се даде."
Ако си убеден атеист, одма батали све ова.
Целиот овој пост во крајна линија, е мое лично, крајно субјективно, мислење, кое не мора да е точно за тебе. Личните искуства, во ова, играат голема улога, а тие се во голема корелација со нашите (лични) предиспозиции и афинитети.
Не би ти препорачувал ништо, ниту би се осмелил, само би ти рекол да не ја исклучуваш ни Библијата и Христијанството, а никако да се ограничиш само на тоа.
Автори, исто не би ти препорачал, али многу битно е, сметам, на пример, ако поченеш со некој автор, особено да внимаваш со кое негово дело почнуваш.
На пример, ако ја читаш Дион Форчн, да не почнуваш на пример, со Космичка Доктрина него со, што знам, Психичка Самоодбрана, а ако го читаш Бардон, со Иницијација во ерметизам, или Фрабато, а не друго.
Добра препорака за почеток со Кроули имаш погоре.
Сурфај, информирај се. Со текот на времето ќе научиш што за тебе е какол, а што жито.
Со среќа.
Знам дека на атеистите ова ќе им биде смешно, ама и така не ми е многу битно нивното мислење.