- Член од
- 27 ноември 2005
- Мислења
- 648
- Поени од реакции
- 7
Над 200 Роми од битолската населба Баир денеска жестоко протестираа пред општинската зграда и пред битолска полиција.
Тие се жалат дека патрола од полициската единица Алфи околу пладне со голема брзина се движела по баирските сокаци и за малку ќе настрадало едно дете.
Откако тие изреагирале, полицајците излегле од возилото и започнале да ги тепаат мажи и жени и деца, а потоа пристигнале уште две полициски патроли и ќотек добиле околу 40 Роми.
„Од продавница одам, мава со клоци, со тупаници мава, не влечка за коса. Пиштоли... што сме ние?“, вели Мирет Ахметова.
„Зема со пиштолот ја удри назад сестра ми. А мене ми го впери пиштолот и ми вика ако мрднеш, ќе те легнам. Јас му викам пукај бе, пукај“, вели Един Велиоски.
Во битолската полиција велат дека Ромите ги спречиле Алфите во акција за приведување дилер на дрога и со помош на дополнителни полициски сили и предупредувачки истрели толпата ја растуриле, а повредени се четири полицајци.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104953