Алфа Ромео

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.348
Возраст
47
Локација
Струмица
Веб-сајт
www.kajgana.com
Tука можете да ја погледате историјата на марката.
Оваа марка е мојата прва автомобилистичка љубов. Една од најспортските марки во историјата со својот спортски ДНК, во сите можни свои возила. Можеби, не толку квалитетно изработени, но со срце. И со неповторлив звук на боксер моторите до 1996. Сега е целосно во сопственост на ФИАТ, но сепак, ја задржува оригиналноста.

Ова на сликава е АР 2000. Своевремено најбрза и најмоќна кола во својата класа. Кога конкуренцијата имала тробрзински менувачи, ова имало петобрзински...Луксуз и комфор со неповторлива елеганција:


За оваа Алфа се велело дека кородира уште во проспектот :). Но интересен примерок: Alfasud


Еве ја и GTV, која во 1973 има Transaxle, односно менувач поврзан на задната осовина, и резултира со идеален распоред на тежината напред и назад. 14 год. пред BMW да се фали со иста таква технологија во серија 5. Првата серија има интересна контролна табла, каде пред возачот доминира обртомерот, а на средината се брзиномерот и др. „саатови“:

И, за крај, мојата најомилена, последната вистинска Алфа, со погон назад, подвозје како на GTV, Transaxle, моделот 75, со целосно поцинкувана каросерија уште во 1986:
 
Сум имал можност да пробам 155ка!
И одма се вљубив во колата! Вожњата е супер!!!

Сакам да пробам некогаш 159 ... е тоа е колиште :)
 
Alfa Romeo rule! Ама технички многу назадни се, а во дизајнот многу напред. Трошат ко луди! Корозија да не збораме. Не знам сеа како стојат на тоа поле ...

Порано (70-тите) беа рамо до рамо со BMW во однос на популарност. Сега гледаме дека популарноста ите како опадна.
 
Ај сети се JTD кој го измисли?

75 е прв целосно поцинкуван уште во 1986, токму заради тоа што Алфасуд и Спринт гниеле уште во салоните, и од каросериска страна се држи подобро од конкуренцијата од тоа време.
А почнувајки од редизајнот на 145/146 и 156, се доближија и по изработката блиску до германската конкуренција...
И сети се кој од најмал обем вади огромни перформанси, не само сега, туку низ историјата.
За Transaxle што напишав, ова она....Twin Spark... Сети се и на моделите Спринт од почетокот на 80-тите...Предните тркала како да им се криви долу малце, кон надвор...И тоа е дел од нивните иновации, први го употребиле тоа заради стабилност, а после и сите по нив, но кај нив е најизразено. Тоа е т.н. динамичка главчина на тркалото. Дозволува торзија за да се задржи на подлогата, без лизгање.
А никогаш не се биле особено популарни надвор од Италија. Секогаш биле некаков вид егзотика, приказна за себe.


И, најголемото промашување на марката, моделот Арна, joint venture со Нисан:


И, Nissan Cherry, близнакот на Arna:
 
Ова е амблемот на марката:



АЛФА е кратенка од Annonima Lombarda Fabricca di Automobili

Во 1915, Никола Ромео ја купува фирмата која била пред банкрот и го додава своето презиме во називот.

Змијата на светло сина подлога со круна се вика Bisconi и е симбол на познатата миланска фамилија Visconti.

Црвениот крст на бела позадина е грбот на градот Милано. (Исто како и на фудбалерите на Милан)
 
Да, да знам дека Алфа имаат многу иновации, но збораме во однос на конкуренцијата (најмногу ги потенцираат за BMW). Искрено повеќе сакам да возам Alfa...поромантична кола е...страст...BMW е Playboy's car...не сум таков...
После тоа Alfa е првата марка (и единствена) во Италија која го користеше боксер моторот...до 1993 или 1995 ако се сеќавам добро!
 
До 1995, туку, бар за мене се неспоредливи. Алфата е со друга филозофија, а БМВ со друга... Башка, ако погледаме историски, кај Алфа најуспешни се колите од компактната класа, а БМВ во повисоките класи, така да и различна целна група луѓе, и за различен џеб...
 
Убо е да се најде некоја убава Алфа постара така до 1500 евра...
Имаше една се вртеше низ огласник пред неколку месеци од 1971 година...300 евра да не беше...
 


Оваа миланска убавица е Аlfa Romeo Giulia GT. Спортски модел на Giulia од 60-тите. Мене ми е еден од најубавите.
И, една информација во врска овој модел за Бугарите на форумов:
Во ист таков, 1971 год. загинал фудбалерот на векот на Бугарија, Георги Аспарухов, заедно со Котков. Инаку, Аспарухов е неоспорна фудбалска легенда и во светски рамки, на 40 место на фудбалер на векот според ФИФА.

За жал, Бугарите слабо доаѓаат тука...Они се по Историјата...
 
Има ваква во БТ:) Alfa Romeo Giulia GT :) во релативно добра состојба е. Исто црвена...
 
Да не ја продава, и колку пари?
 
Здравје, да завршам со Фиатот, куќата да си ја доправам, мора да најдам некоја Алфа од 60-тите па таа да биде мојот следен проект. Или, ако тогаш биде возможно, некоја руска Чајка :)
 
@Andronik Не е продадена...па го неам ни прашано газдата. Ретко ја гледам...на 5-6 месеци ја ваѓа од гаража...


@Струмикс Може да се ископа некоја Алфа низ МКД ама тоа што остана од неа :) Како и да е...јас во последно многу сум загреан за старите руси ...вклучително и Чајка...Волга...ЗИМ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom