Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.348
- Возраст
- 47
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Tука можете да ја погледате историјата на марката.
Оваа марка е мојата прва автомобилистичка љубов. Една од најспортските марки во историјата со својот спортски ДНК, во сите можни свои возила. Можеби, не толку квалитетно изработени, но со срце. И со неповторлив звук на боксер моторите до 1996. Сега е целосно во сопственост на ФИАТ, но сепак, ја задржува оригиналноста.
Ова на сликава е АР 2000. Своевремено најбрза и најмоќна кола во својата класа. Кога конкуренцијата имала тробрзински менувачи, ова имало петобрзински...Луксуз и комфор со неповторлива елеганција:

За оваа Алфа се велело дека кородира уште во проспектот
. Но интересен примерок: Alfasud

Еве ја и GTV, која во 1973 има Transaxle, односно менувач поврзан на задната осовина, и резултира со идеален распоред на тежината напред и назад. 14 год. пред BMW да се фали со иста таква технологија во серија 5. Првата серија има интересна контролна табла, каде пред возачот доминира обртомерот, а на средината се брзиномерот и др. „саатови“:

И, за крај, мојата најомилена, последната вистинска Алфа, со погон назад, подвозје како на GTV, Transaxle, моделот 75, со целосно поцинкувана каросерија уште во 1986: