ALF

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Н

'Никола'

Гостин
Колку што видов немаше тема за легендава, па ај да ве запознаам со вонземјанинот со најголема смисла за хумор.:)

ALF е хумористична серија од 1986 година во 4 сезони.
Накратко, Gordon Shumway, попознат за сите како Алф (Alien Life Form), доаѓа на Земјата со својот вселенски брод, и се урива во гаражата на едно просечно американско семејство. И тогаш циркузите почнуваат.
Нема да прераскажувам што е како е, кој ја нема гледано, а сака да се насмее до солзи, одма уклучувајте bittorrent.:)
Еве линк и до википедија, а еве и едно видео со рандом моменти :

 
Да, АЛФ беше легендарна серија, вонземјанинот доби популарност како E.T. ако не и повеќе, го имаше на маици, јакни, патики, тетратки и каде ли уште не... Излезе и стрип едно време. Во текот на серијата се смениле 1 или 2 луѓе кои го „позајмувале“ гласот на АЛФ (Името е кратенка од Alien Life Form). Куклата беше изработена фантастично, движењето за време на зборувањето беше закон. Сеуште го паметам неговото омилено јадење - мачки, или мачбургер :) и неговата омраза кон мачорот Среќко :)

Енивеј, она што изгледаше идеално на ТВ не било случај и во серијата. Имено, на почетокот идејата била Вили Танер, главниот лик, да биде во центарот на вниманието. Но се случило публиката да го прифати АЛФ неверојатно добро, па така АЛФ станал главен лик и ги добиваше најдобрите реплики во текот на целата серија. Вили беше сведен на инфериорно битие кое не може да излезе на крај со вонземјанинот а згора на тоа и не кажува ништо посебно смешно. Ова ги влошило односите за време на снимањето, до тој степен што Max Wright по снимањето на последната епизода заминал без да се поздрави со никој, едноставно го напуштил местото. Друг проблем било самото снимање, подот бил отворен за да може да се движи куклата и постојано го средувале, па некогаш снимањата траеле од утро до вечер, што ги правело сите нервозни. Ова се причините зошто има само 4 сезони од серијата која во споредба со многу серии кои се прикажуваат денес, беше огромен хит.
 
Алф беше закон!

Го сакав многу девет-желудичното суштество, и мислам дека и скоро го репризираа не некоја наша телевизија, така да скоро се потсетив на него.

Многу интересен концепт на серија, посебно за 80-те, и многу добар хумор!
 
ЛЕЛЕ кога бев мала серијава идеше на прва програма и знам дека многу го сакав ликов! :) Рака на срце све ми е во магла, што/како/зошто се случуваше ама кога ќе го видев со тоа косата :vozbud:
 
....ете кој ми ја средил мачката......
....ако добро памтам Алф обожаваше мачки...за ручек

Ги обожаваше, да, ама по некое време ја засака куќната мачка и во една епизода ризикуваше да биде откријан за да ја спаси.
Ви текнува ко го донесе тигарот за да го јади? :pos:
 
download.jpg images (1).jpg
Ја има ли некој гледано серијава за вонземјанинот од планетата Мелмак -Gordon Shumway или АЛФ (скратено од Alien Life Form) кој има неверојатна смисла за хумор и е постојано гладен,а омилено јадење му се мачките.
Неговиот вселенски брод се срушил врз гаражата на семејството Танер и тој живее со нив криејќи се од одделот за вонземјани.
 
Постои и стара цртана тв серија, МТВ на времето ја емитуваа.
hqdefault.jpg
 
Знам ама игранава серија е ептен јака и смешна :-D моментално ја има на хрватска РТЛ, од пон. до чет. во 20 h
 
Само уште не сфатив како функционира куклава на алф,
Еднаш читам дека внатре имало џуџе-,,Мичу Мезарос",а после дека имало некој си систем кој го управувал главниот режисер Паул Фуско и уште тројца од под паркетот,гласот на алф бил паул фуско,(затоа најчесто алф е сниман само од половина нагоре),а има некои сцени кај што оди како човек???
 
Цртанот го немам гледано, прв пат дознавам у темава до душа дека и постоел, ама серијата е врв, се надевам пак ќе ја даваат на ТВ.

А и ликов ми е многу интересен пошто во Круна бурекџилницата во Кисела Вода цело време една што работеше таму носеше кецела со Алф :D
 
Цртанот го немам гледано, прв пат дознавам у темава до душа дека и постоел, ама серијата е врв, се надевам пак ќе ја даваат на ТВ.

А и ликов ми е многу интересен пошто во Круна бурекџилницата во Кисела Вода цело време една што работеше таму носеше кецела со Алф :D
Ја има на,, ртл коцкица"ама дека е хрватски каналов незнам дали го фаќаш...
На нашиве никако да им текне да дадат некоја асолна серија освен оние турски и индиски глупости,...за жал
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom