Јас сум алергична на романтика..Тоа ми е така демоде и излитено. Што ќе ме носи на романтична вечера кога ми е така досадно и стегнато тоа све...И премногу се лигават баш тие романтичните и делува све вештачки, неприродно...воопшто не се спонтани и оригинални, и свои во тоа што сакаат да ти го приредат.
Се е веќе видено свеќи, музика, вечери, шетање по италијански градчиња....Венеција романтично патување? Која смрди на канализација а и плус така е излитено тоа као град на љубовта..Може да ми биде една уличка, кафич, било каде.. - љубовно место каде сум се бакнала со него прв пат или осетила пеперутки, ми било преубаво...
Што ќе ми носи 100 ружи кога е така излитено и веќе видено,.Тоа може на секоја да и купи, не е ништо посебно специјално за мене.... Обично тоа го прават ограничени дечки без идеја кои незнаат како да ја освојат својата девојка и се водат по некои непишани правила како треба. А во освојувањето нема правила, се водиш према лична желба и инстинкт.