SeaGull напиша:
Filmot, barem mene, ne me bendisa uopste. Osven poznatite glumci (sekako tuka vo prv plan ja stavam Angelina Jolie), i nekolkute dobri sceni so mnogu lugje, nisto posebno. Prikaznata poznata, scenarioto stopati videno.
Јас од ова можам да заклучам дека тебе филмот не ти се допаѓал уште пред да биде направен. Приказна позната? Па фала богу дека е позната прказната. Што очекуваше, да лета Александар?
SeaGull напиша:
Filmot ne donese nisto posebno, ne otkri nisto novo od zivotot na Alexander, itn itn.
Фимот најмалку може да открие нешто ново за Александар. Фимот не се ни труди да открие нешто ново. Можеби има многу работи кои се нови, ама за оние кои имаат малку познавање за животот и делото на Александар. А тоа е веќе друго...
SeaGull напиша:
I ne znam sto imase posebno za razbiranje vo filmot. Ti go napravi kako da e nekoj kojznae kolku psiholoski ili tezok film
Јас сум свесен дека многу луѓе не го разбраа филмот. Затоа не им се допаѓа. Тврдам. Ако живееш во Македонија, веројатно си бил/била сведок какви се не коментари имаше. Од типот: Абе... сега педер бил или не? А грк е или македонец? ... и сл.
Им се испомеша се, знаеш... многу имиња, многу настани, испомешани емоции.. и не им беше јасно кој јаде а кој пие во филмот. Јас на многу такви налетав. Не знам за тебе...
Acid напиша:
Интересен беше, ама „не е тоа тоа“. Можело да биде и многу подобро.
Башка некако не ми се бендисуваше „љубовникот на Алек“.
Сеа и ти заебаваш! Како тоа не ти се бендисувал? Како човек? Како глумец? Еве нека е и така... ама тоа воопшто не може да го расипе филмот. Веројатно си очекувал идеализација на ликот на Александар па затоа и не си толку задоволен.
The`bItCh напиша:
Александар од татко чисто-крвен македонец кој ги презира грците, и мајка гркиња која ги увеличува истите...кутрото дете растргнато помеѓу нив двајца со еден збор не знаеше што сака, што е исправно да прави и што треба утре да биде!
Каква црна гркиња?? Варварка. Некаде од територијата на денешна Албанија. Илирка. Ни во филмот не е претставена како гркиња.
Е да, кутар бил малиот. Оливер Стоун само го прикажал она што е. Значи не е проблемот во филмот...
The`bItCh напиша:
Ужасно гадно е тоа што нашиот сакан Аце Македонски на неколку пати во филмов се претставува како грк!
Ако во ова бараш причина зошто филмот ти бил досаден... хм...
Пред битката на Гавгамела, Александар на војниците им вика "for freedom and glory of greece". Чудно. Јас никаде не сум прочитал дека Александар пред битките извикувал "за слава на Грција". Има две варијанти. Александар знаел да го крева моралот на сите војници. Во неговата војска имало и грци. Од кои Тесалијската коњаница која му била многу верна и успешна. Покрај нив имало и други (грци). Платеници. Значи не бирал сретства како да им го крене моралот и секако тоа бил еден од начините. Секако дека тоа не го правел пред фалангата (како во филмот).
За другата варијанта мислам дека е заслужно грчкото лоби. Познато е дека многу лобираа за филмов, исто така е познато дека Оливер Стоун е режисер кај кого нема многу трте-мрте... но веројатно нешто допуштил во ситуацијава.
Да не заборавиме и тоа дека Александар бил учен од Аристотел да го сака и почитува грчкиот свет како свој. Така да и тука лежи одговорот...
The`bItCh напиша:
Исто така во филмов..Александар е претставен како бисексуалец.. а тоа се гледа по сцените со тој другар му.
Во ниеден запис, Александар не е прекажан ниту како хомо, ниту хетеро, ниту би. Затоа нема ни една сцена каде јасно се "чита" дека Александар е бисексуалец. т.е. во случајов збориме за хомо. Оливер одлично искомпезирал, за секој да си го свати на свој начин. Читав во постот на OBDN убаво си е цитирано што ги учи Аристотел децата уште од мали. Тоа го има и на филмот. Тука нема ништо спорно.
The`bItCh напиша:
Во книгите на Александар Македонски неговата смрт е опишана вака:
„Тој покрај повеќето жени се оженил и со ќерката на Дариј, ја зел персиската круна и се облекувал како персиските кралеви, го увел во Европа источниот поим “крал по милост божја” и најпосле ја запрепастил Хелада кога во величенствен стил изјавил дека тој е бог. Хелада на тоа се смеела, а Александар се опил до бесвест, која потоа го довела и до смрт.
А во филмот тој е отруен.. се испијанува и умира..причина за тоа е недовербата а богами и љубовта кон другар му!
Единсвено нешто што вредеше во филмов беше Џоли.
Сакаш да кажеш дека во филмот не е претсавена точната варијанта за смртта?
Вака, за смртта на Александар има повеќе варијанти. Ниту една не може да се земе за точна. Тоа одлично е прикажано во филмот, за да можеш да си го истолкуваш како сакаш. Има многу недоречености, на кои Оливер крајот не може да им го најде, а сепак одлично ги споил. Воопшто не е лесно еден живот на крал, исполнет со настани секој ден, да го прикажеш во еден филм од 3 саати. Но она што го склопил Стоун е одлично. Многу дијалози во филмот се автентични со записите на Куртиј Руф, еден од 5-те главни денешни извори за Александар. Многу постапки на Александар се оригинални. Сето тоа можеби не се забележува, ама затоа го отсликува целосно ликот на Александар. И тоа сите негови лица. Не само она светлото
ragazza напиша:
Na kino go gledaf i si otspaf edna partija , ic ne fati mesto filmot iskreno ocekuvaf mnogu pojke
Што сте очекувале??
Стварно не ми е јасно што сте очекувале? ТРОЈА? Веројатно сте очекувале Оливер Стоун да лаже и да измислува работи, како би направил еден спектакл од филм, како би ги напунил кино салите, а богами и нашите суети и его. Па да го прикажел како еден американец (сега OBDN ќе ми забележи) кој граби и освојува по патот на успехот.
Александар е филмот. Тоа е он. Ако не ви се допаѓа филмот не ви се допаѓа Александар. Бил плачко, епа бил сеа што! Плачел. Така е запишано. Бил конфузен. Епа бил! Бил пијаница. Епа пиел! Се лигавел како мало дете! Епа се лигавел! Што се чудиме?
Не можеме да му забележиме за режисерот затоа што решил да прикаже така како што е.
Идеализран лик е Ахил во Троја. Тоа не е случај со Александар, но мене ми се допаѓа што не е така...
За глумците, не ми се коментира. Не можев да ја гледам Анџелина како ја глуми мајка му! Знаев дека ќе промашат со улогите. Знаеа дека филмот е контроверзен и единствен начин да привлечат поголемо внимание беше преку актерската екипа. Но претераа. Бев скептик за Колин Фарел, ама не беше лош. За другите немам забелешка
ohriganka напиша:
Не е фер што сите ја прават историјата во полза на грците. Иако морам да признаам на моменти Аце беше претставен како македонец, но сепак на крај испадна дека ние сме варвари ( коментарите за Филип )! :x
Дали е фер или не... многу работи не се фер према нас па еве не!
Александар цело време во филмот е Македонец. Да нема забуни. Во филмот преовладува тезата дека и македонците се дел од грчкиот свет. И затоа на моменти се декларира како македонец, на моменти како грк. Во тој случај нема забуна. Еве да речеме како Тесалија. Сеедно е дали ќе ја нарече некој Тесалија или Грција. Таа е дел од античка Грција. Само од таа призма на моменти се пркажува како македонец на моменти како грк.
Друга е работата што Грција и Македонија биле сосема две различни држави. Со различен идентитед, јазик, култура... и што за грчкиот свет Македонија била варварска земја.
Малку е комплицирано, ама нема дилема! Александар во филмот е македонец цело време, но на моменти кога се мисли на Македонија се мисли на држава во склоп на грчкот свет. Тоа е
И за самите грци не е спорно дали он е Македонец или не.
Проблемот настанува кога они спорат дека ние сме нивни потомци и дека немаме ништо заедничко со античките македонци. А тоа веќе праи разлика...
УФ!!!
Ќе продолжам...
Останав должен за уште некој пост. За постот на OBDN за кој не ми преостанува ништо друго освен да се сложам со се
Утре-задутре...
:wink: