Александар Маленко најавува претседателска кандидатура

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Идејата да се кандидирам на наредните претседателски избори потекна од мојата сопруга Татјана, а јас прифатив, бидејќи сум Македонец, националист, кој сака да и го врати идентитетот на единствена Македонија.


[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Македонскиот пливачки ас Александар Маленко од својот роден Охрид ја најавува својата кандидатура за претседател на Македонија на идните претседателски избори. Маленко и неговата сопруга Русинката Татјана Михајловна Фјодорова Полетаева, откако пред Нова година се венчаа во црквата "Света Софија", велат дека работат на кандидатурата која најверојатно официјално ќе ја соопштат пред македонската јавност идната недела на прес - конференција во Охрид.
Пливачкиот ас, кој пред повеќе од една година мистериозно исчезна од Македонија за да се дознае потоа дека станал секретар на Македонското друштво во Москва, тврди дека зад неговата кандидатура ќе застанат девет познати бизнисмени од Руската Федерација и тројца македонски бизнисмени. "Веќе имам на располагање 6 милиони долари за претседателската кампања, а со програмата во 100 точки, што ми ја изработија врвни руски експерти, во Македонија за пет години ќе влезат инвестиции од 5 милијарди долари. Идејата да се кандидирам на наредните претседателски избори потекна од мојата сопруга Татјана, а јас прифатив, бидејќи сум Македонец, националист, кој сака да и го врати идентитетот на единствена Македонија и да ја извади од бедата во која е донесена. За да ја прифатам поддршката од руските бизнисмени клучен беше фактот што Руската Федерација ја призна нашата земја под уставното име, Македонците ги призна како народ, ја призна Македонската црква каква што била порано", вели Маленко.
Во неговата претседателска платформа, тој го отфрла влегувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ и евроатлантските интеграции не ги смета за гаранција на безбедноста и економскиот просперитет.
"Најпрво треба да си ја средиме државата, да си го зачуваме својот идентитет, оти со НАТО го изгубивме. Доколку бараме воен сојузник, тоа за мене се Руската Федерација и Кина. Докажете ми дека НАТО е посилен од овие две земји", дециден е Маленко.
Тој не се плаши од етикетирања од типот русофил или натофоб.
"Мојата етикета е Александар Маленко, православен верник, спортист, кој 18 години крвавел и се потел за да постигне врвни резултати за Македонија".
"Лани, на 6 декември, во кабинетот на Владимир Путин во Кремљ, на средба на која присуствуваа 56 видни луѓе, јавно ја соопштивме мојата намера. Патем, на тој состанок три минути беше присутен и самиот претседател на Русија. Присутните го прифатија предлогот, но само под услов да настапам сам на претседателските избори, како независен кандидат", кажува Маленко, кој додава дека неговите години (29) не смеат да бидат пречка да се кандидира за највисоката државничка функција во Македонија. "Јас во 2001-2002 година имав државна функција, бев директор на Агенцијата за млади и спорт, па според тоа дозволете ми и мене да пораснам и да се кандидирам за претседател", вели Маленко.
Тој не сака да ги открие имињата на сите бизнисмени што го поддржуваат и ќе инвестираат 5 милијарди долари во Македонија доколку тој стане претседател.
"Со Инвестицискиот фонд договори за финансирање на кампањата и за реализација на програмата имаат склучено 12 бизнисмени, од кои тројца се од земјава. Мои поддржувачи од Русија се корпорацијата на алуминиумскиот магнат и милијардер Олег Дерипаска и неговите партнери. Преку еден дел од корпорацијата каде што има мнозинство акции, тој сака да инвестира во туризмот во Македонија. Добив дозвола да ги обелоденам и Сергеј и Олга Балекови кои имаат неколку фирми и тераат авиобизнис, консалтинг, банкарство во Русија ", вели Маленко.
Потенцијалниот кандидат е убеден дека со неговата финансиска програма ќе ја искорени невработеноста и сиромаштијата во Македонија.

%7B7B088CB1-26B4-4405-AAEA-CD84B6F1735B%7D_malenko-2.jpg


[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] ***

Нема одговор од Дерипаска

Редакција "Вест" се обрати до руската алуминиумска корпорација "Русал" и праша дали рускиот магнат Олег Дерипаска е еден од основачите на инвестицискиот фонд во Македонија кој се формира за поддршка на претседателската кандидатура на Александар Маленко. Иако нашето прашање пред повеќе од една недела беше поставено и по електронска пошта и на телефон, од одговорната за односи со јавност во "Русал" Вера Курочкина не добивме одговор.


Дали има пуна месечина или што е работава.... лудостиииии:nesvest:








[/FONT]
 
а да не се кандидира, и да не ја слуша многу многу жена му, така најдобро ќе е
 
Зашто си ме мајко родилааааа?

Каде бре овој ќе се кандидира за претседател?Се надевам дека не е озбилен.
 
Ова е за чек дис аут. Башка што е грев и удрен со мокра чорапа, башка што е детуле кое не може да се кандидира дури и да е вистина, поради годинките.
Според Уставот, канидат за Прецедатељ може да биде секој државјанин на РМ постар од 40 години (и да не е ментално болен како Маленко).
 
Хеххе.. ни јас неможам да поверувам.. не е нормален, се скренал .. во некој жиголо филм :)

Само ме изненадува што нема никаков демант од Руска страна!?


Што се може жена да направи ејјјјјј.. па и претседател :pos:
 
Па не се болноумни да демантираат дементус.
 
Читам и неможам да се начудам.На што дроги е малиот бе?
Не бе луѓето ептен почнаа ко озрачени да се понашаат.

Туку ,кандидатурата за преседател нели е ограничена со возраст?:pos:
 
Haha ovoj ne e so site. Sigurno se seguva ili blada nesto. znaejki go kako postojano se glupira i ocajno bara publicitet otkako "ispliva", ic ne mi se veruva. Mozno e Rusija da proba da napravi nesto vo Makedonija koristejki ne takvi kako sto sme "zbuneti", ama ne veruvam deka ke izlezat so vakva licnost.
 
Абе овој Маленко е будала бе, со неговите фикс идеи. :pos: Апаш на велико ниво. Го нема го нема и оп прецедник државе сака да биде. :pos:

А утре го глеаш со премиерот на Чиле пие кафе. :pos:
 
Е нели де напишав. Не читаш.
40+ години.


Прочитав Garfild ,а и претходно знаев само морав пак да го нагласам моментот,зошто ептен забегал малиот:pos:.
 
Maliot od mnogu dementizam zaboravil dve osnovni lekcii:

1. Ne kolku zeni imas/si imal, tuku zenski si legnal
i
2. Ako si glup, molci, ke se zaebe nekoj i ke pomisli deka imas nesto od nesto vo glavata, ako prozboris i na pilcite ke im bide jasno kolku ne ti sece crpkata.


Mnogu voda vo usi mu vlegla.
 
абе маленко тие идол на сите папучари во македонија.
 
Се е жед за слава.Читај слава-да биде споменат некаде по весниците.
Бајги изреметени вредности има ,ама навистина не верував дека може до волку да исклучи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom