M
marsovka
Гостин
Албанските Грци тврдат дека се многу повеќе отколку што смета Тирана
Претставниците на грчкото малцинство во Албанија тврдат дека во земјата, посебно во јужниот дел, има многу повеќе Грци отколку што официјално признаваат албанските власти.
На Меѓународниот ден на човековите права, претседателот на друштвото „Омонија“, Васил Болано, изјави дека три петтини од населението во јужна Албанија се Грци што зборуваат грчки, но има и друг дел што зборуваат влашки јазик. Болано, кој е градоначалник на јужното приморско гратче Химара, тврди дека Грците ги има на целата територија на Албанија, па дури и во северниот дел. Според него, тие се населиле во земјата уште во 7 век пред новата ера и дека токму тие го создале градот Драч.
Тврдењето на Болано за многу поголема бројка припадници на грчкото малцинство од официјалната на албанските власти го поддржа и лидерот на Партијата за заштита на човековите права, Вангел Дуле. Тој потсети на неодамнешното ветување од премиерот Сали Бериша дека ќе се спроведе нов попис на населението, при што на пописните листи ќе има колона во која малцинствата ќе се изјаснуваат по етничка и верска припадност, како и за мајчиниот јазик.
Малцинствата го бојкотираа последниот попис спроведен во април 2001 година.
Според претставниците на грчкото малцинство, во Албанија живеат над 600 илјади Грци. И претставниците на другите малцинства не се согласуваат со официјалните бројки на албанските власти. Така, Македонците тврдат ги има од 120 до 150 илјади, Ромите и Египќаните од 150 до 200 илјади, Србите и Црногорците над 45 илјади и Власите околу 60 илјади. Доколку овие бројки се точни, тогаш дури една третина од вкупната популација на Албанија се припадници на етничките заедници. (В.Т.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C6E5C1FA80BBD84E92658D8164D2E25B
нова рчка
децо нешто се кува овде
)))