Албански Алпи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Локација
Охрид
Веб-сајт
kladilnica.forumup.com
Косовското министерство за трговија и индустрија, неодамна дополнително ги "релаксираше" односите со Србија, преименувајќи ја Шар Планина (од косовска страна) во Албански алпи и целосно бришејќи го историското и културното влијание на Србија на тие простори. А има и уште.
2A6997A7A35B9141B637B6C9B3DE8D56.jpg

Освен "Албанските алпи," едно од најголемите откритија со кои на сајтот може да се запознаат туристите е и Албанското море.

"Во близина на Приштина се наоѓа и Дреничката долина која го поврзува Бел Дрим со Албанското море," пишува во објаснувањето за географските карактеристики на Косово.

На сајтот за промоција на туризмот во Косово (кој сосема прикладно има и своја српска верзија) министерството ги преставило сите православни манастири и цркви како дело на албанско - византијската култура.

Таму се објаснува дека црквите се градени од албански мајстори и дека тие уште од 4 век служеле за богословија и верски обреди на илирско-албанското население. Според истиот сајт, црквите од 15-от век се изградени во римско-византијско-готски-албански стил, притоа покажувајќи слика од манастирот Грачаница.

Од косовското министерство тврдат дека на сајтот има само некои технички, но не и содржински пропусти.

"Ние имаме цркви, бидејќи како што знаете една група меѓу Албанците е православна. Значи, тука има и цркви кои им припаѓаат на Албанците, но ги има и оние што им припаѓаат на Србите, тоа мора да се знае," изјавил директорот за туризам при министерството за трговија и индустрија Хисеин Сабојев.

Единствено нешто што е променето на страницата, по нејзината "промоција" во српските медиуми беше тврдењето дека на Албанските алпи живеат - бели мечки.

Од српското министерство за култура порачале дека нема да преземат ништо против интернет презентацијата за Косово.

он.нет
 
Овие бисери имав можност да ги видам на саемот за туризам кој се одржуваше во Охрид пред 10-тина дена.Само се си мислам дека туристичкава презентација на Косово ја имаат пишувано БЛадиАлбоз,Дарданчо и уште некое нивно другарче.:pos2:
 
Чим србите не се мешаат,ти најде да се мешаш.Да не смениш нешто,уствари ај петиција да направиме,шо велиш?
 
Јас не сакам да менам ништо бе.Сакам уште вакви бисери.На пр. може да напишат дека има слонови и тигри во косовските џунгли.:pos2:
 
Вакви бисери се доблест на неписмен народ.
 
Глупости, сите знаеме дека белата мечка живее од оваа страна на Македонските Алпи, кои одеднаш си ги прекрстија во Албански.
 
Абе бидете реални за мечките , какви кечиња носат шипците? -бели, какви се мечките?-бели , па нивни се нормално .Со закон се заштитени и они и мечките, ете и правна рамка. Македонци не претерувајте не крадете туги животни. Малку ли ни е лавот????? И не се само мечките , они ги имаат и мршојадците и хиените кои им се неправедно одземени а се гледа од авион дека се нивни, и тоа треба да се врати ,стварно не е фер:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom