Пак ќе цитирам:
Албер Ками (Митот за Сизиф):
"Единствениот вистински излез" изјавува тој (Шестов) "е токму таму каде што според човечкиот суд нема излез. Инаку, зошто би ми бил потребен Господ? Кон Господ се обраќаме за да го добиеме невозможното, за можното луѓето се достаточни". Ако постои филозофија на Шестов секако можам да речам дека таа во тоа е резимирана во целост. Бидејќи кога Шестов, на крајот на воите страстни анализи, ја открива основната апсурдност на целата егзистенција, тој воопшто не вели: "Еве го апсурдот", туку "Еве го Господ: треба да му се препуштиш дури и да не одговара на никакви наши рационални категории". За да нема збрка, рускиот филозоф, навестува дури дека Господ, можеби, е злобен, полн со омраза, несфатлив и противречен, но во таа мерка во која што неговиот лик е најстрашен тој најмногу ја афирмира својата моѓ. Неговата величина е во неговата недоследност. Неговиот доказ е во неговата нечовечност. Треба во него да скокнеш и со тој скок да се ослободиш од рационалните илузии. Така, за Шестов прифаќањето на апсурдот е истовремено да си со самиот апсурд. Да се утврди, да се прифати и целиот логичен напор на неговата мисла е во тоа да го направи очигледен, ненадејно да избие неизмерната надеж што тој ја донесува. Уште еднаш, тој став е оправдан. Но овде, јас си ставив во глава да согледам еден единствен проблем и сите негови последици. Не треба да се истражува патетиката на некоја мисла или на некое верско чувство. За тоа го имам целиот свој живот. Ја знам дека ирационалистот ставот на Шестов го смета за раздразнителен. Но знам дека и Шестов има право против ирационалистот и посакувам само да знам дали тој им останува верен на заповедите на апсурдот.
Џорџ Орвел (1984):
Рајот на земјата беше отфрлен кога стана остварлив.
Оноре Де Балзак (Чичко Горио):
Да се свртиме кон оние на врвот. Кога веќе се напаѓа нешто на небото, тогаш треба да се гаѓа право во бога!