Читам по порталиве дека германецот денес ги притискал дпмне и дуи до 15ти Јули да излезат со датум за избори кој ке го договорат со сдсм? Пред некој ден и Заев имаше изјава во која кажа дека треба да се закажат избори. Каков датум за избори кога за такво нешто нема ниту минимум услови? Што се има сменето од 5ти Јуни до сега? Ниту избирачкиот список е среден, ниту СЈО работи без опструкции, ниту се медиуми средени..... Навистина не ми е јасно, се создава атмосвера дека дуи и дпмне не сакаат избори. Мислам дека власта сеуште има многу комотна позиција за да оди на избори и можат да му кажат на Заев тој да одбере кој сака датум бидејќи без да се средат списокот и медиумите, како и да профункционира сјо без опструкции, дпмне и дуи пак комотно ке си спроведат изборна кланица.....