Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
а бе толку државни службеници седат џаба по институции некои и дома седат и земаат плата пак овие од СЈО, нека чепкаат по нешо нек читаат истражват... нема зијан од работа, може некогаш ќе затреба...
Да башка овие сега што ги сменија новиве функционери се вдомија таму. Има за сите:-)
 
Нема теорија за избори јас само го пренесов неговиот став.
 
Јас лично мислам дека ова беше огромна грешка во чекори на ДПМНЕ. Ова е како признание дека тие се виновни, а Заев невин. Целата иницијатива сега му ја дадоа на Заев, и уште еден аргумент да не излезе на избори.

Не очекував ваква глупост од ДПМНЕ, ама изгледа е вистинита онаа дека стравот лозје чува.
Ми се правиш тука некој експерт и што ти ја знам,а не знаеш дека ова му одговара на господинот Груевски,а пред се на ВМРО.:rolleyes: Се што се случува во моментов им одговара на ВМРО.
 
А убаво си ќутеше и ништо не правеше...
Сеа да не се лажеме, исмејуван беше поради тоа.
На вести чув, ВМРО фрапирани од оваа одлука.
Овде нешто е сомнително. Нели он беше диригиран од Груевски?
Се поменталил нешто Хорхе или ВМРО глумат фрапираност?
 
Сакаш да кажеш дека ова пресов не му важи? Утре СЈо нема да ја почитува одлуката? Ќе продужи да работи? Па на Уставен ќе стигне ова?
Или со други зборови нудиме реми на странциве?
Не знам, ќе видиме веќе утре. Прво да видиме каква тоа аболиција потпишал, дали истата е во согласност со правата што ги има, и дали произведува правно дејство. Иако не верувам да има промашено тука. Најверојатно ги има набројано со имиња и дела сите што ги аболирал. Не за џабе кажа дека амнестирал и еден што моментално е во затвор.
 
Мислиш дека ги има наброено по име и презиме Грујо, Миле, Гоца и компанија сеуште необвинети? Мислам дека нема шанса да го сторил тоа.

Туку, озгледа не било СЈО толкава заебанција како што велеше ти пред некоја недела.
 
Ова е кулминација на лудилото. Последен чин за да ги заокружиме овие 25 години историски циркуз.
Ова што овој аболицираниот од здрав памет го прави е за во историски учебници. Може веќе да се фрли во ѓубре митот за некакво демократско општество, да си ја земеме цела држава под мишка и правец во 8 век, каде и припаѓаме.

Чисто процедурално што значи овој поим “политичар“? Како е дефинирано кој влага во оваа категорија? Член на политичка партија, некој кој имал политичка функција, главен во месен комитет, пратеник, што? И како ќе се одлучува кој е за аболицирање, а кој не. Ад хок? И за кои дела се однесува, за било кои. Или поединечно се определени со одлуката. Има некакви информации за ова, објаснето е некаде.
Лудило!

Отиде предалеку работава. Не е веќе ни за политички кризи, ни за власт, ни за имиња, ни за идентитети, ние сме де факто нефункционална држава. Институционалниот систем ни е распаднат, а тоа е основен, најосновен столб на една заедница. Немаме ни една карактеристика на држава. Не знам дали се свесни кои се последиците од се тоа, нека погледнат низ светот во изминатите 5 години, не мора подалеку, и нека видат во каква состојба се т.н. failed states и со кои ризици се соочуваме. Зборам за граѓаните, не за припадниците на оваа мистична каста на политичари, кои лебдат над сите нас.
Си го викаме ѓаволот на оргија, да не ни плаче газот на крај.
 
Мислиш дека ги има наброено по име и презиме Грујо, Миле, Гоца и компанија сеуште необвинети? Мислам дека нема шанса да го сторил тоа.
Секако дека не. Не ни може да ги аболира необвинети. :D За Миле и Гордана има отворено предистражна постапка, нејзе може да ја затвори. Груевски не е аболиран.
 
Нека не го лутат Хорхе ако се изнервира има да помилува дваесет педофили.
 
Сеа да не се лажеме, исмејуван беше поради тоа.
На вести чув, ВМРО фрапирани од оваа одлука.
Овде нешто е сомнително. Нели он беше диригиран од Груевски?
Се поменталил нешто Хорхе или ВМРО глумат фрапираност?
а ти што мислиш
 
Сеа да не се лажеме, исмејуван беше поради тоа.
На вести чув, ВМРО фрапирани од оваа одлука.
Овде нешто е сомнително. Нели он беше диригиран од Груевски?
...
Oh, my sweet summer child....:unsure:
 
Рака на срце, ни на Бранко око не му трепна коа го аболицираше Заев.

Би требало да има закон со кој децидно се забранува аболиција на одредени категории. Убијците и политичарите би морале да бидат во тие категории.
 
Ахмети: Избрзана и непромислена одлука на Иванов.

И на овај му стана јасно, каква катастрофална грешка се направи денес.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom