Не се флоскули. Еве погледни го форумов. Сега за волја на вистината активни членови на оваа тема има 15-20 што е многу мал процент од сите активни членови ама многу тешки зборови паднаа овие месеци иако верувам дека 95% од тие што учествуваат не се партиски активисти. Исто се случува и по кафани, домови меѓу пријатели. Ако се останеше исто ќе имаше еден победник а тоа не е добро. од друга страна тоа што некои идеалисти го бараа ќе траеше со години (истерување некаква правда) а за такво нешто ни една држава нема капацитет.