Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Прво опремата не е таа што ја зборите. Опремата е уништена на соработниците на Верушевски, 'приватна ' нивна. :)
Не ви текнува дека ако е така, баш таа опрема ќе била клучен доказ во судењето против Верушевски ?
Зошто некој би си го уништил клучниот доказ ?
Мислам, дај, понекогаш може да се вклучи и логика.......
 
Не ви текнува дека ако е така, баш таа опрема ќе била клучен доказ во судењето против Верушевски ?
Зошто некој би си го уништил клучниот доказ ?
Мислам, дај, понекогаш може да се вклучи и логика.......
А нема клучен доказ мислиш??? А што пееле соработниците знаеш ??? Како работела шемата, знаеш ???
Прочитај погоре во 1991 година што е кажано, и од што се плашеле у тоа време и кажиме што е променето во таа идеологија на владеење. !?
 
Каква црна 1991 човече ?
Те прашувам конкретно - ако тврдиш дека таа опрема што ја уништиле била опремата на Верушевски со која тој направил криминал, ЗОШТО ја уништиле ( како многу битен доказ ) пред да заврши судскиот процес против Верушевски ?

Ако имаш логичен одговор - кажи !
Не тупи.....
 
Од какво значење беше Косово за Америка па таму да има база Бондстил и да се формира незавиност? Државите се борат за секое парче земја каде може да имаат влијание на регионот. Никој не вика дека некој во Америка или ЕУ не спие ради тоа што се случува во Македонија ама сигурно не се оставени работите да се одвиваат нормално. Не фантазирам дека Груевски, Георгиевски, Црвенковски а најмалку Заев се некакви независни и силни политичари но секој од нив е различен. Ние имаме ограничен простор за "играње" а од тој што е на власт зависи како ќе го искористи тој простор. Се додека другата страна отворено зборува за компромиси се слика со странски амбасадори и се радува кога овие ќе прднат нешто од брисел или вашингтон, јас ќе бидам против нив.

Од кога почна кризата Груевски пред секоја голема одлука може три до четири пати одеше во САД или во амбасадата да се консултира и да добие насоки како може да постапи.
Џабе тропаш на оваа врата.
 
...... Поздрав до тебе и твоите размислувања.. :D Да те вратам у времето......
Еве и тебе да те вратиме малку у времето.
(да може ќе си касне од мадето сега....“таа е висок професионалец....“....)

Еве и тебе да те вратиме малку у времето.
(да може ќе си касне од мадето сега....“таа е висок професионалец....“....)

:D Не извртуј, дане ја ставам сеа тука познатата Лажи, Лажи Вере :)
 
Еве и тебе да те вратиме малку у времето.
(да може ќе си касне од мадето сега....“таа е висок професионалец....“....)

Видеото е креирано, монтирано, сечено и менувано
 
Да потсетам само за каква екипа се работи, и што треба овој народ се да истрпи и гледа....
Неговата сопруга му рекла на синот во Струга да го уништи компјутерот бидејќи во него имало инкриминирачки материјали. Синот на Верушевски поради непознавање на работата на технологијата, компјутерот го искршил со секира, но не го уништил хард дискот кој потоа при претресот е запленет. Во компјутерот се пронајдени документи како црвсти докази за соработката меѓу Верушевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Дента кога е уапсен Верушевски била планирана средба меѓу Заев и екс- директорот на ДБК во Струмица, но поради апсењето оваа средба беше одложена. Соработник на Заев, Верушевски требал да го чека на влезот на Струмица. М!?
 
Тргна машинеријата со сите средства.

timthumb.php

КОИ СУДИИ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ: „СПЕЦИЈАЛЕН“ КРИВИЧЕН СОВЕТ ЌЕ РЕШАВА ПО ЖАЛБАТА ЗА ПРИТВОРОТ НА ГРУЈЕВСКИ?
Неофицијално дознаваме дека се вршат огромни притисоци врз основниот суд да ја преиначи одлуката за притвор и да го ослободи Грујевски, или пак во најмала рака да му биде одреден домашен притвор.

Фокус 31 мар 2016, 13:24

Од судски извори неофицијално дознаваме дека во судот во тек се консултации кои судии да бидат избрани во кривичниот совет кој ќе решава по жалбата за притворот на Грујевски. Според истите информации претседателот на Основниот Суд 1 Владимир Панчевски инсистирал во советот да влезат судиите Александра Крстиќ и Ивица Стефановски.

Неофицијално дознаваме дека се вршат огромни притисоци врз основниот суд да ја преиначи одлуката за притвор и да го ослободи Грујевски, или пак во најмала рака да му биде одреден домашен притвор.

Грујоски е осомничен дека учествувал во уништување на системите за прислушување заедно со негови подредени и со ексминистерката за внатрешни работи Јанкуловска. Освен што ја злоупотребил службената положба тој фалсификувал и службени исправи за да го прикрие првичното кривично дело.

Судијата, по осумчасовно испрашување одлучи да одреди 30 дена притвор за Грујевски откако Специјалното обвинителство му отвори истрага за уништување на системите за прислушување и фалсификување исправи. Мерката е определена по трите основи- влијание врз сведоци, повторување на делото и бегство од државата.
 
Rokko :pos::pos:
Никој не го брани Верушевски за злоделата што ги има направено а и син му (штета што и тој не е во затвор)

Што убав филм би бил:Мијалков и син му со Верушевски и син му во Затвор :ROFLMAO:
 
Лошо е тоа пошто ќе направат злосторничко здружување а тоа ќе биде комбинација снова [emoji1]
 
Зашто е толку тешко во оваа држава да одговара тој што згрешил? Без разлика на партија. Ни Русите нема да не сакаат со такво понашање.
 
Зашто е толку тешко во оваа држава да одговара тој што згрешил? Без разлика на партија. Ни Русите нема да не сакаат со такво понашање.
Дојдени сме до степен да го поминеме пубертетот и да се исчисти работава од се што ја влечка државата надолу, мора да работиме само за нас и нашите поколенија. За Македонците само за нив зборувам другите не ме интересираат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom