Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти може утре да сакаш некој да му лупа на тапан, а тој да игра шота, за да покаже дали знае. За криминалите има суд, за скандалите и грешките имаш избори. Груевски не ти е слуга, па да го прави тоа што ти го сакаш, туку е личност како и сите други и има право да избере што сака да прави.

Тоа има право да избере шо сака може да го практикува дома кога ќе го праша Боркица шо сака за ручек.
Избран е како премиер на држава, значи застапува цел народ. И да, слуга е. Треба да му служи на народот. Не може да избира кај да гостува и да ги селектира темите на кои ќе зборува.
 
Може. И да, му слугува на народот, не ти слугува тебе или на мис Параноја. Груевски се има соочувано со народот, како никој друг досега. Десет пати, во десет години.
 
Браво бе Колумбо.
И јас тоа го зборувам. Дека треба да се исчисти државава од криминалот и партиите. Она што не успеаа да го направат империи за илјадници години, успеаа две партии за 25 години.
Ние сме си криви што им даваме власт и кредибилитет и на едните и на другите.
Ама како сакаш ти нормална држава кога партијата којашто ја одра Македонија и го продаде името и знамето има 300.000 гласови.
Тоа за тебе нормален народ ли е, неможе тоа да го разбере а камоли друго.
Шо е чарето? Да формираме Кајгана партија и мислиш дека ќе можеме да им се спротиставиме на 2те машинерии коишто за време на изборите располагаат со милијарди?

Велам дека ДПМНЕ нема да падне се додека СДСМ им се опозиција.
Во нормална демократија и парламентаризам, членови на политичка партија се група граѓани со заеднички политички интерес ( најчесто бизнисмени , интелектуалци , академци) кои бараат правец за подобрување на економијата и општеството и таа идеја ја презентираат на граѓаните за да добијат поддршка. Тоа во нормално општество.
Кај нас партијата е биро за вработување, а власта е најголем работодавец. Затоа имаш толкави бројки на членови во двете најголеми партии (фирми), а 90% од членовите немаат поим за социјалдемократија и демохристијанство. А сите се занимаваат со политика (одработуваат за фирмата-партија).
Толку од нашиот народ, пак ќе нагласам, не е крив тој што краде, крив е тој што го остава да краде.
Наместо народот да биде коректор на власта, кај нас е слеп поданик.
Не очекувај подобро додека народот е поделен и заслепен од своите пастири.
За второто, знам дека овој народ тешко се освестува, затоа оние што имаа шанса (преку 600000) го напуштија ова лудило од држава бидејќи разбраа дека овде нема нормална иднина. А ако не се освестиме, уште повеќе ќе заминат, и на крај најмалку ќе биде битно дали Бранко или Никола е крив.
М.М.Е. кој прв почна....
 
Да е. Два кловна, забавуваат луѓе кои немаат никаков егзистенционален проблем, а истовремено им стануваат подеднакво одвратни на тие што имаат такви.

Фала за естетската забелешка. Многу ми значи. Патем, со нејзе само што потврди зошто вие сакате, а Груевски не треба да се појави на тв дуели. За да разговарате за естетски забелешки. Не очекував во истиот пост да стигнеш до поетата, неколку реченици подоле. :pos:

Талентиран ангел бил на времето. Достоен противник божји.

За забавување на луѓе го имате лидерот, без конкуренција е.

40.000 евра за пајтон си дадоа.
Еве ти панорамско тркало се гради, имаш врби на вардар, шмизли, вртелешка во кловновски бои, имаше и кловнови во античка униформа, лавови, коњи, бикови .... поголем циркуз нема.
За тебе ова е решавање на егзистенционални проблеми, богами да, велат 600 милиони евра се потрошени, и овие кловнови зеле пари за да седат на плоштад, некој си велат дека многу пари се проневерени во овој проект, не знам, треба да се докаже, еве имаме СЈО.

3028AB49C0872F4CBDABD907D073BDCC.jpg
 
Може. И да, му слугува на народот, не ти слугува тебе или на мис Параноја. Груевски се има соочувано со народот, како никој друг досега. Десет пати, во десет години.

Мене ми слугува дури плаќам данок. Еве заради ова си патиме. Кога ќе сфатите дека народот е тој кој ја свири музиката, е тогаш може да зборуваме за напредок.
 
За тебе ова е решавање на егзистенционални проблеми
Е, да.
Мене ми слугува дури плаќам данок. Еве заради ова си патиме. Кога ќе сфатите дека народот е тој кој ја свири музиката, е тогаш може да зборуваме за напредок.
Ти не си народот. Ти си дел од народот. Кога ќе го сфатиш тоа, ќе бидеме во ред.
 
Е, да.

Ти не си народот. Ти си дел од народот. Кога ќе го сфатиш тоа, ќе бидеме во ред.
Епа како таа што е само дел од народот има помали права од некој кој исто е само дел од народот ама е на страна на власта ?
 
Да, живееме во демократија. И во демократија никој не е обврзан да оди некаде каде што не сака. Има право да избере каде да гостува. “Новинарите“ што ги споменуваш не се новинари, туку истурени политички експоненти на опозицијата. Јас лично не гледам никаква потреба Груевски да се појави кај нив.

Заев не се охрабри да оди кај Латас. Заев молеше да оди кај Латас. За да го видела публиката што го гледа Латас. Затоа што дури и Заев знае дека Латас е најпопуларен новинар, и дека без публиката што го гледа него ништо не прави.

Значи новинари се само овие во канал 5 и сител така ? Новинарка е оваа шо рада и напраи фаталити така ? Латас е новинар ? Кај шо оди грујо со лист хартија со прашања и никој НЕСМЕЕЕ да помисли настрана од листот да праша нешто , тие се за тебе новинари ?

Ти си само едно вмровско пиунче и нема шо да гледаш потреба кој каде да гостува , гледаме сите без гајле биди
 
Епа како таа што е само дел од народот има помали права од некој кој исто е само дел од народот ама е на страна на власта ?
Народот има спротивставени мислења, не е хомогена маса. Таа сака да го гледа Груевски на дуели, јас и огромен дел негови гласачи, кои сме исто дел од народот, не сакаме. И негово е да избере.
Каква паметна мисла. Шо го сочинува народот, човечиња?
Сите што се чувствуваат како негов дел.
Значи новинари се само овие во канал 5 и сител така ? Новинарка е оваа шо рада и напраи фаталити така ? Латас е новинар ? Кај шо оди грујо со лист хартија со прашања и никој НЕСМЕЕЕ да помисли настрана од листот да праша нешто , тие се за тебе новинари ?

Ти си само едно вмровско пиунче и нема шо да гледаш потреба кој каде да гостува , гледаме сите без гајле биди
Заев и Радмила молат за да одат кај Богатинова и Латас. Значи да, и според СДСМ тие се новинари.
 
Народот има спротивставени мислења, не е хомогена маса. Таа сака да го гледа Груевски на дуели, јас и огромен дел негови гласачи, кои сме исто дел од народот, не сакаме. И негово е да избере.

Добро де, ете ти не сакаш да го гледаш на дуели, ти удоволил чоекот цели 10 години не се појавил на дуел. Сега не ни е ред на нас другите кои сакаме да го видиме? Или ние небитни?
 
Народот има спротивставени мислења, не е хомогена маса. Таа сака да го гледа Груевски на дуели, јас и огромен дел негови гласачи, кои сме исто дел од народот, не сакаме. И негово е да избере.
Ме заболе мене за тоа дали Груевски ќе се појави на дуел, знаеме колкав му е капацитетот.

Мислев на сите поволности кои ги имаат членовите на ВМРО над другите граѓани на НАШАТА држава.
 
Добро де, ете ти не сакаш да го гледаш на дуели, ти удоволил чоекот цели 10 години не се појавил на дуел. Сега не ни е ред на нас другите кои сакаме да го видиме? Или ние небитни?
Негов избор де. Во моментот кога ќе престане да ми удоволува, јас нема да го гласам.
 
Народот има спротивставени мислења, не е хомогена маса. Таа сака да го гледа Груевски на дуели, јас и огромен дел негови гласачи, кои сме исто дел од народот, не сакаме. И негово е да избере.
Одлука на ЦК си е закон и нема што ти и членовите да сакате или неќете. Него ме интересира, се десило ли некад во партијана некој нешто да му смета или да не се согласува или главна дужност ви е климање со глава?
 
Негов избор де. Во моментот кога ќе престане да ми удоволува, јас нема да го гласам.

Епа не е финтата да ти удоволува 4 години за да излезеш да го гласаш. Секоја власт треба да обезбеди демократска атмосфера за сите нејзини граѓани. Значи никој, ама баш никој во тие 4 години владеење не смее да се добие чувство дека неговите права се повредени само затоа шо друга партија е на власт. Партијата на власт нека си ја тера нејзината идеологија, ама притоа треба да ги почитува и мислењата на останатиот дел од народот кои не го делат истото мислење. Кога ќе се научиме да гледаме подалеку од датумот за избори бе, кога?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom