Јас стварно не разбирам до каде оди вашето размислување, да не речам полтронство.
Од една страна сам признаваш дека криминал според снимките - ИМА, ама наредната реченица се демантираш дека тоа е рекла-казала.
Сигурен си дека има криминал, ама кога ќе треба некој да се осуди, бараш влакно во јајце зашто да не се осуди - нелегални снимки, нелегално СЈО ?
Кој е според тебе начинот да се санкционира тој криминал што самиот си сигурен дека го има ?
Ментолот што е ВД Јавен обвинител да покрене обвинение ? Судиката што многу пушела да донесе пресуда?
И чисто за твоја информација:
Со иста таква “нелегална“ снимка, ВМРО сменија нивни функционер, како што дадов пример погоре.
Со иста таква “нелегална“ снимка, осудена е дадилката од Скопје што тепаше дете.
Со иста таква “нелегална“ снимка, даде отказ Словенечкиот европратеник Талер.
Со иста таква “нелегална“ снимка, други држави и судови носат пресуди. Еве
една од Хрватска, а знам дека имаше и слична пресуда од некоја европска држава, Норвешка, Шведска, каде судат ја прифаќа снимката поради повисок јавен интерес.
Ама, не ! Кога е во прашање врхушката на власта - тие се недопирливи, нели !
Кога дечки кршат стакла на државен објект-резиденција на Претседател -имаш експресно судење, притвор, одземање пасоши.
Ама кога некои други дечки кршат исто државен објект ,Општина Центар -немаш ни осомничени, ни судење, ни притвор. Кога СЈО покренува постапка, пак не чини - ги напаѓала верниците што легално протестирале !?
Јебала вас селективна неутралност......