Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Брат незнам како не ти е јасно, никој овде не вика дека нетреба избори, треба избори но со прочистен избирачки список, со забрана за финансирање на медиуми од страна на владата и најважно со процесуирање на сите криминалци што имаат аспирации да дојдат на власт или сеуште се на власт, е сето ова једино го кочи моменталната партија што е на власт преку разни опструкции како аболиции, корумпирано судство, пуштање пари на сметки на приватни фирми на главни уредувачи на влијателните медиуми во државата и оцрнување на СЈО, кој е једини орган кој засега работи спротивно на интересите на власта, а ти си се фатил за избори па избори, кој вика дека не треба да има, само треба пред тоа да се средат некои работи за да бидат фер и демократски.

Јас па незнам како тебе не ти е јасно дека прочистен избирачки список ќе фати многу време и нема никогаш да биде задоволителен зашто ниту шипците ниту америве нема да дозволат од веќе познати причини а единствени лузери во таква ситуација ќе бидеме ние. Активната регистрација која беше понудена е единствена задоволителна и брза опција ама ете не е добра (сега за сега) за сдсм зашто јасно им е дека ќе ги изгубат изборите.

Ваљда не си сериозен за она со медиумите, сериозно мислиш дека на оваа гарнитура која ете викате украла милјарди и е сеуште потребно владино финансисрање на медиумите? Па утре можат се да укинат и да ги финансираат со сметки од тунгузија ако веќе украле толку пари. Тука не е борба за финасирање него за контрола и тоа контрола на долги стази. Им се даде избор да си изберат закон од ЕУ кој сакаат да се применува ама не, побитно е да се стават под контрола медиумите (дефакто диктатура) преку некој регулаторни тела кој ќе бидат под контрола на организации блиски од опозицијата. Значи не е борба за дерегулација него за воведување тивка диктатура.

Кажи ми колку време мислиш дека ќе треба да се процесираат сите криминалци? Некако тешко оди тоа во МКД, ако треба да чекаме ко на пример со Бучко или со Заев тоа може да фати уште 10 години. Како го замислуваш судењето на Грујо на пример? Мислиш дека лесно ќе се најдат докази, дека нема да има тука одолговлечувања, па еве и пресуда да падне, дека ќе нема натегања па апелации до повисоки судови итн? Законски нели секој е невин дур не е осуден, така да тоа осуден/процесиран итн може да фати една вечност, може и еден ден, ко во времето на комунизмот ама ваљда гледај дека нема подршка за тоа од народот. Дали до тогаш мислиш да нема избори? Сериозно цела година пројде 1 сантиметар едвај мрднаа со Талевски кој уште од почеток се гледаше ќе го пуштат низ вода а и до каде е тоа? Значи се што има сега е само притвор, нема пресуда нема ни почеток на некакво судење... Или за тебе тоа е доволно, доволно е да ги притворат, па ако ги осудат осудат, ако на крај испаднат невини ником ништо битно дошло до смена на владата?

Владата не го кочи одржувањето на избори. Ниту договорот за медиумите, им дадоа фер решение, нека одберат закон на било која ЕУ држава. Не го кочи ни прочистувањето на списокот кој е во голема мера обрвска на ДИК чие функционирање е во раце на опзоцицијата. Таму исто им понудија решение со активна регистрација ама и тоа е непрефитливо. Аболицијата беше после одложувањето на априлските избори, значи кога едната страна реши да не почитува тоа што потпиша тогаш и другата крена раце. Со СЈО нема соработка пошто СЈО дејствува партиски, плус требаше да има подобар договор во Пржино за да се дефинираат и да му се дадат поголеми права на СЈО. Јас сум за СЈО да работи ама не на ваков начин. Не смее ни таа институција (како и владините) да биде под целосна контрола на една партија. Ако сакаме да мрднеме напред мора да се смени системот и начинот на кој функционираат и двете страни во спротивно исти курац е, мењаш еден тиран за друг. Што е најтрагично тој што треба да ги донесе смените (опозицијата) не сака смена на системот, не се бори да го отвори системот него напротив сака уште повеќе да го контролира (преку законот за медиуми), ама џабе тоа сеуште никој не го гледа.
 
Последно уредено:
Не реков дека се мудрости, ама нелогично и ненормално мие покрај тон докази за криминал и пустошење на државава во секое поле, покрај цела докажана корумпираностт од најмало до најстаро, покрај толку многу диктаторски пристап кон народот, покрај толку многу донесени закони преку ноќ, покрај партиските интереси пред државните, и некој да ги брани?? не заебавај.

Исто ненормално е 10 години да си власт и за лошите политики,постојано да биди виновна партија која е цели
10 години во опозиција. Нема логика друже, не се 1/2/3/4 години, 10 се апсолутно цела вина за лошото стање на државата треба да ја сноси Дпмне, и нема тука никакво оправдување
Тоа Мафо е твој став и твое мислење. Некој се сложува со тебе, некој не, некој делумно. Не оди и не би требало да оди тоа така како ти што си замислил.
 
Едноставно прашање. Дали имаше вакви санкции или било какви пред опозицијата да почне да си игра револуција и да ја започне политичката криза како прво?
Така е сите требаше да си траеме и да се правиме како да не сме свесни што се случува, како да не ги слушнавме снимките дека треба да се сопре помошта на семејството на Тоше оти татко му не навивал за фирерот.

Не знам дали некој ти кажал ама неговата политичка кариера е завршена, а со оглед на тоа дека СЈО ќе има повеќе пријави за него се надевам дека наскоро и слободата ќе му биде одземена барем толку години колку што тој ни ја зема на сите нас.
 
Значи прашањето беше едноставно. Имаше или немаше било какви санкции пред тоа. Ова со да или не се одговара.
Кој е или бил крив дека тие се воведени е прашање за дискусија но не те прашав јас тоа.
Значи имало или не пред одредени настани започнати од опозицијата?
 
Еве што ни донесе блокадата на СЈО ама битно е колку плата зема Катица
cba79ca7b417663ee687dcc5947f80ae.jpg

Не гледам каде пишува блокада на СЈО. Пишува политичка криза (а за тоа потребни се двајца) и пишува договорот од Пржино а тука една страна бега од преговори, поставува услови, бега од состаноци на ДИК, не и одговараат закони на ЕУ држави, бега од избори...
 
Значи прашањето беше едноставно. Имаше или немаше било какви санкции пред тоа. Ова со да или не се одговара.
:pos::lolzz:

Од кај ве копаат вакви жити се...[DOUBLEPOST=1467456545][/DOUBLEPOST]
Така е сите требаше да си траеме и да се правиме како да не сме свесни што се случува, како да не ги слушнавме снимките дека треба да се сопре помошта на семејството на Тоше оти татко му не навивал за фирерот.

Не знам дали некој ти кажал ама неговата политичка кариера е завршена, а со оглед на тоа дека СЈО ќе има повеќе пријави за него се надевам дека наскоро и слободата ќе му биде одземена барем толку години колку што тој ни ја зема на сите нас.
Како сицилијанците коа ги апселе, исто немири имало низ земјата.

За тоа крив бил Фалконе црпнатиот, претходно си било хармонично и опуштено.
 
:pos::lolzz:

Од кај ве копаат вакви жити се...
И стандарден муабет од тебе и сличните. Вие сте паметни, сите други глупи , бла бла бла.
Немам забележано на што се должи таа ваша толку голема ментална супериорност.
Исто како и по обичај не очекувам дека ке дадеш било каков одговор на толку едноставно прашање.
Нема зима за нас од вакви мозоци како тебе. Иднината ни е загарантирана.
 
И чичко Зоки тој со чикиладата бил одбиен за иселеничка виза.
 
Последно уредено:
Еве што ни донесе блокадата на СЈО ама битно е колку плата зема Катица
cba79ca7b417663ee687dcc5947f80ae.jpg
И шо сега ова треба да е нешто позитивно!?:cautious:Каков голем дострел на шарените трагачи по демократијата,бравос!:aplauz::facepalm:
 
И шо сега ова треба да е нешто позитивно!?:cautious:Каков голем дострел на шарените трагачи по демократијата,бравос!:aplauz::facepalm:
:aplauz: за тебе, о ти богу на мудроста.

Како може распадот на секој сегмент на нашето општество да го бараш во луѓето што протестираат на улица, а не во оваа мермерна палата на патриотите во центарот на Скопје
 
Проблемот е шо двајца не можат да се договорат а народот на крајот ќе биди колатерална штета.Ево сега кажи ми ти како ќе заврши целава ситуација дали конечно ќе донеси нешто добро?Само огромна омраза меѓу Македонците како никогаш до сега!
 
Меѓувреме, додека сите јавни и државни институции се злоупотребуваат, ЕУ ги крати фондовите за неповратна помош за Македонија како земја кандидат. Ќе се скратат 27 милиони, а и дополнително верјоатно 50 нема да може да се искористат. Инаку за 2016 биле планирани 91.5 милиони, а за цел период 2014-2020 над 660 милиони евра.За претходниот период 2007-2013 биле планирани 615 милиони евра.
Брисел потврди-суспендирана е помошта за Македонија, нема да има нова

и како нашиве го "интерпретираат"
Влада: Нема санкции од ЕУ, туку намалување на парите за Македонија

што е не е точно затоа што наместо реформи, сведоци сме на сосем обратни процеси

"Во изјавата на Коцијанчиќ се вели дека властите во Македонија немаат ниту политичка волја за исполнување на ветените реформи."
„Влошениот политички контекст е една од причините зошто Владата и администрацијата, за жал, не беа во можност или немаа волја да ги исполнат обврските за реформа или да ја покажат потребната подготвеност да ги планираат потребните реформи или да ги имплементираат фондовите на ЕУ во овие области“, додаде Коцијанчиќ.
 
Последно уредено:
Меѓувреме, додека сите јавни и државни институции се злоупотребени во блокирање на постапки против можен криминал од сите можни видови, ЕУ ги крати фондовите за неповратна помош за Македонија како земја кандидат. Ќе се скратат 27 милиони, а и дополнително верјоатно 50 нема да може да се искористат. Инаку за 2016 биле планирани 91.5 милиони, а за цел период 2014-2020 над 660 милиони евра.За претходниот период 2007-2013 биле планирани 615 милиони евра.
Брисел потврди-суспендирана е помошта за Македонија, нема да има нова

и како тоа владата го "интерпретира"
Влада: Нема санкции од ЕУ, туку намалување на парите за Македонија

што е не е точно затоа што наместо реформи, сведоци сме на сосем обратни процеси

"Во изјавата на Коцијанчиќ се вели дека властите во Македонија немаат ниту политичка волја за исполнување на ветените реформи."
„Влошениот политички контекст е една од причините зошто Владата и администрацијата, за жал, не беа во можност или немаа волја да ги исполнат обврските за реформа или да ја покажат потребната подготвеност да ги планираат потребните реформи или да ги имплементираат фондовите на ЕУ во овие области“, додаде Коцијанчиќ.

Ova e najdobra vest sto sum ja slusnal po dolgo dolgo vreme.
Neka e airlija pa i drugite 60m da gi seknat, isto kako koga ubivas pijavica ili krlez
 
Психопатите од дпмне не причекаа да ја обвинат опозицијата, а притоа и смирија дека не е тоа санкција, туку намалување. Тоа е таа пропаганда за дебили у која се самопобиваш у една иста реченици и обвинуваш некој друг за нешто што не ни може да го направи.
ЕУ, САД и се' друго од надвор се толку млаки со санкцииве, што наведува само на поддршка на режимов. Да имаа добра волја има тотално да го изгладнат тоа чудовиште и динар да не види. Вакви санкции се смешни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom