@Toma што е тоа уцена и кој елемент од тоа дело е клучен за да има противправно/кривично дејствие?
За нас понеупатените објасни...
Изнуда Член 258
(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со сила или со сериозна закана ќе присили друг да стори или да не стори нешто на штета на свој или на туѓ имот, ќе се казни со затвор најмалку една година.
(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори во состав на група, банда или друго здружение или со употреба на огнено оружје илн опасно орудие, на особено насилен начин или ако притоа е прибавена значителна имотна корист или настапила значителна имотна штета или на некое лице со умисла му е нанесена тешка телесна повреда ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(3) Со казната од став 2 се казнува и тој што делото од став 1 ќе го стори за награда.
(4) Ако при извршувањето на делото од став 1 некое лице со умисла е лишено од живот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.
Уцена Член 259
(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе му се закани на друг дека за него или за нему блиско лице ќе открие нешто што би можело да и наштети на неговата или нивната чест или на неговиот или нивниот углед и со тоа го присили да стори или да не стори нешто на штета на својот или на туѓ имот, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години. 106
(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори како член иа група, банда иди друго здружение или е прибавена значителна имотна корист или настапила значителна имотна штета, ќе се казни со затвор од една до десет години.