Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
@Inglourious Basterd Еве ти го и Трајко сепак.

Иванов го помилувал и претседателот на Собранието Трајко Вељановски против кого заедно со Гордана Јанкуловска за еден случај го истражува специјалното обвинителство. Интересно е дека во истиот Службен весник каде Вељановски е помилуван, неговото име стои и кај закони кои тој ги потпишал како претседател на Парламентот.


Нема крај на апсурдиве човече :pos:
 
Озбилно си ОК со злоупотреба на опрема на ДБК? Онака ок се осеќаш да живееш во такво општество?
Романтичен прагматичар со макијавелистички тенденции е. Бар така се има претставено на форумов.Додека "е на власт" сѐ му е ок.
 
Последно уредено:
Нема служба во светот што не ја злоупотребува опремата. Проблемите настануваат кога ќе ја фатат.

Неспорно, ама ете праиме муабет. И во Америка ги фатија NSA па еден американец не кажа, неам ја проблем со тоа. Затоа прашувам малце заебан поглед на работите ти е тоа али ок.
 
Јас никогаш не сум рекол дека Мијалков не ја употребувал/злоупотребувал опремата што му била на располагање. Ама тоа не ми е проблем. Тоа што не ја држел под контрола е проблемот.

Не е ова одлука на Груевски, верувај. :)
Одлуките за аболиција немаше да излезат во весник денеска, ако претходно немаше договор за такво нешто, и Иванов не кажал на никој за тоа.

Се е глупо смислено сценарио однапред, шо ја потопи партијата.
 
Неспорно, ама ете праиме муабет. И во Америка ги фатија NSA па еден американец не кажа, неам ја проблем со тоа. Затоа прашувам малце заебан поглед на работите ти е тоа али ок.
Кој од NSA одговараше?
Одлуките за аболиција немаше да излезат во весник денеска, ако претходно немаше договор, се е глупо смислено сценарио однапред, шо ја потопи партијата.
Точно Мафо. Затоа сега ќе излезете на избори, и ќе станете власт. Ти министер, јас тебе шофер.
 
Владислав Стајковиќ е аболициран , ете што била работата , почнало СЈО да истражува за Ексико , Мобико , НВСП .

:vozbud:

http://novatv.mk/koj-e-vlatko-od-bombata-na-zaev-preku-chija-frima-se-vrshi-transakcijata-so-izrael/

НВСП, според досегашните објавени истражувања на базата за медиумска сопственост „Медиапедија“ е компанија којашто се занимава со различни дејности – од консултантски и адвокатски услуги, обезбедување на резиденции, дистрибуција на мобилни телефони, дозвола за промет со оружје и со муниција, медиуми и друго. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Според евиденцијата на Централниот регистер на Македонија, компанијата НВСП е сопственик на Радиото Слободна Македонија во кое што свои емисии имаат Миленко Неделковски, новинарките на Сител телевизија Славица Арсова и Наташа Мерсовска, професорката на правниот факултет Татјана Каракамишева, екс-вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски и други новинари и експерти кои што во јавноста важат за блиски до владејачката ВМРО ДПМНЕ. Радио Слободна Македонија има седиште на иста адреса со неделникот и портал „Република“, чијшто газда е фирмата „Ирезине Лимитед“ од државата Белизе.

Фирмата НВСП ја поседува и телевизијата К3 (поранешен „Златен канал“) од Куманово. НВСП е формирана во 2006 година. Стајковиќ, покрај тоа што е основач на НВСП, тој е и директор на фирмата „Мобико“, каде што сопственик е извршниот директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски.

Луковски, пак, приватно е близок пријател, а од неодамна и кумашин на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Шефот на тајната полиција беше кум на свадбата на Луковски со неговата избраничка годинава.
 
Еве ја листата на сите кои имаат повеќе од едно помилување, а на листата се и екс разузнавачот Верушевски, како и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

1. Миле Јанакиески 16 пати помилуван

2. Гордана Јанкуловска 11 пати помилувана

3. Сашо Мијалков 6 пати

4. Никола Груевски 5 пати

4. Мартин Протогер 5 пати

6. Кирил Божиновски 4 пати

7. Горан Грујевски 3 пати

8. Ирена Мишева 2 пати

8. Љупчо Тодоровски 2 пати

8. Зоран Заев 2 пати

8. Зоран Верушевски 2 пати помилуван

@Inglourious Basterd ќе падне во несвест . :D
 
Не може да се свика распуштено Собрание. Сем во воена состојба. Треба да не нападнат прво...

Нема поголема клетва за политичар од млад пензионер. :D

Зошто, поубаво здравје, башка тоа е данокот кога ќе станаш политичар во висок ешалон уште во 20-тите години од животот, после времето те гази, не можеш да бидеш релевантен постојано.

Освен ако не си Киро Глигоров.

Патем, не бил Заев, туку Миленце рекордер по помилување, милува да го милуваат, по името му се гледа, бар се спаси од затворско „милување“ каков што е нежен, главна ѕвезда ќе беше таму
 
Најкриво од се ми е што иако политички ќе ги снема, сепак нема да одговараат пред суд и да скапат во затвор за своите дела.

Тоа ќе беше вистинскиот чекор напред за оваа држава, а не политички мртви криминалци што имаат цел живот пред себе да си ги трошат парите.
 
Чим и Миленко на фб почна да.кука дека Иванов имал про-соросова историја јасно е до кај е дојдена работава. До сам крај.
 
Најкриво од се ми е што иако политички ќе ги снема, сепак нема да одговараат пред суд и да скапат во затвор за своите дела.

Тоа ќе беше вистинскиот чекор напред за оваа држава, а не политички мртви криминалци што имаат цел живот пред себе да си ги трошат парите.

И јас за тоа размислував, но што е, тука е. Си изгласаа фикус за претседател, па им се може.

Евентуално ако може некако парите да им се одземат, макар што не верувам дека тоа може да се случи. Туку, нешто друго ми текна. Ивонче милионче не е на списокот за помилување, ако добро видов.

Ќе биде циркус ако одат јабана ликови како Ивонче, Латас, Миленко, за нив нема амнестија.
 
Чим и Миленко на фб почна да.кука дека Иванов имал про-соросова историја јасно е до кај е дојдена работава. До сам крај.
што вика Миленко ?
 
Зошто, поубаво здравје, башка тоа е данокот кога ќе станаш политичар во висок ешалон уште во 20-тите години од животот, после времето те гази, не можеш да бидеш релевантен постојано.

Освен ако не си Киро Глигоров.

Патем, не бил Заев, туку Миленце рекордер по помилување, милува да го милуваат, по името му се гледа, бар се спаси од затворско „милување“ каков што е нежен, главна ѕвезда ќе беше таму
Затоа што политичар од тој калибар не живее за пари. Релевантноста им е единственото битно.

Инаку, колку насмеан ја пречека вчерашната одлука Латас, ништо чудно за година дена да плука по Груевски, и да си заокружи совршена новинарска кариера. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom