Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Бране најфраер испадна од сите, си беше премиер, претседател, си се повлече мирно, 25 години не беше гонет за ништо, е еве го сега во иднина е ослободен од било каква постапка. Цар.

А Грујо исто чекори кон неговите стапки, ќе си биде премиер уште некоја година, дур не му се досади веќе, после ќе истера еден/два мандата претседател и он исто ослободен од секаква одговорност, ќе стане млад пензионер како БЦ.
Ме потсети со муабетов. Многу моќна слика. За во учебници.

dymvy0.jpg
 
Ова е јако:
Тој информира дека во Парламентот има уште една иницијатива досега потпишана од 37 пратеници за свикување вонредна седница и отпочнување постапка за утврдување на одговорност на претседателот Иванов.

Не знам кој треба да одлучи за прифаќање на иницијативата, дали само Трајко, веќе и тоа што си го учел во државава не важи, правила се менуваат и кршат секојдневно. Ако е до Трајко нема да прифати. А јако би било да прифати и се види дали стварно ДУИ не ги признаваат Хорхе и би гласале за негов импичмент или фарса е и тоа и се во огромна зависност од коалициониот партнер.

Џабе нема 2/3 од пратеници за импичмент , само театар ќе гледаме во Собрание.
 
Чим е потопена, јас мислам редно време е да се дотолчи на избори. А Мафо, што викаш? Ваква прилика за победа на избори СДСМ не смее да пропушти.

Во оваа ситуација, треба скроз да биде будала Заев и да излезе на избори. Власта повеќе ништо не му може, и ако ДПМНЕ оди на избори без опозиција ќе добиеме влада со 9-10 аболицирани криминалци. Да ти е мерак опозиција да им бидеш. :pos:
 
Заев не може да биде опозиција ниту на таква влада. Ама луѓето од Бране се тука. Не за џабе им рече да се повлечат пред да почне разменава на удари. :D
 
Не може да се свика распуштено Собрание. Сем во воена состојба. Треба да не нападнат прво...

Нема поголема клетва за политичар од млад пензионер. :D

Според уставот - не може, али кој го ебе уставот, беше искршен мал милион пати изминатиов период.

Па ете, според Хорхе амбасадори ни шетаат по судови, нападнати сме веќе. :pos:

Може во воена и во вондредна состојба. За второто не треба да не нападне некој. Ама треба да биде прогласено од советот за безбедност на чело со црепов, значи нема да биде прогласено.

Втората епизода од одлукава која има две страни е најлошата.

Прво, шо аболицирани се политичари и нивни чистачки а за ќебапи и коприви се лежи затвор. Второ, уште полошо од тоа да невини лежат во затвор е што криминалци кои се правично осудени сега ќе се побунат, ќе имаат алиби и за нив некој гласно да се бори. Некој што крадел и убивал сеа ќе има основа да се буни зошто е он осуден а други не се.

А тука разни НВО-а ќе се разгласат во нивно име.

Тотална мизерија еј, живееме во целосно распадната држава. Со претходните постапувања се рушеа темелите, али последново е детонација која целосно ја уништи. Ко што Сирија е руина од војна, ние сме општествена руина, Македонија е руна.

Може да има добра страна од ова и да се удри комплетен рестарт. Ама за тоа треба народот да се побуни како никогаш досега. Курац што ќе се деси тоа со Македончето.
 
Сега треба да видиме како се однесува поединец или група во држава што не е држава. Ма ако нема некој авакс горе пун со психолози/социолози да не снима ја го сечам 3 пати по 30 сантима, еве на.
 
Снимањето се одвива автоматски и може да се стави забрани кои броеви да не се снимаат. Мијалков е сниман без негово знаење, од луѓето на кои им наредил да снимаат други, за него. И тоа ќе му стои како достигнување, цел живот.
Чек,чек.....не требаше нешто, као странски служби, ово, оно...Од кај сега Мијалков наредил (ова дури ни вашите не го знаат) ?
 
Заев не може да биде опозиција ниту на таква влада. Ама луѓето од Бране се тука. Не за џабе им рече да се повлечат пред да почне разменава на удари. :D

Да, нема да биде чудно ако почнеме да ги гледаме тие луѓе по медиумиите се почесто и почесто.

Врти, сучи, не можам да поверувам дека ДПМНЕ го направи ова. Изгледа дела стравот од затвор го направи своето. Колку и да си моќен не ти е сеедно да те влечкаат по истражни судии. Може и егото на Грујо сепак да одиграло улога. Замисли го како трпи испрашување од истражен судија, човек кој мисли дека е ГоспоТ Бог во државата.

Немаше мадиња да оди до крај, да го затвори СЈО и да го легне Заев во затвор, затоа што реално тоа му беше опцијата.
 
Ништо и Хорхе сеа нека се аболицират самиот себеси затоа што ги аболицирал за комплет да е работава.
 
Чек,чек.....не требаше нешто, као странски служби, ово, оно...Од кај сега Мијалков наредил (ова дури ни вашите не го знаат) ?

За волја на вистината Бастардот никогаш не тврдеше дека снимале странски служби, да бидеме фер.
 
Чек,чек.....не требаше нешто, као странски служби, ово, оно...Од кај сега Мијалков наредил (ова дури ни вашите не го знаат) ?
Јас никогаш не сум рекол дека Мијалков не ја употребувал/злоупотребувал опремата што му била на располагање. Ама тоа не ми е проблем. Тоа што не ја држел под контрола е проблемот.
Да, нема да биде чудно ако почнеме да ги гледаме тие луѓе по медиумиите се почесто и почесто.

Врти, сучи, не можам да поверувам дека ДПМНЕ го направи ова. Изгледа дела стравот од затвор го направи своето. Коклу и да си моќен не ти е сеедно да те влечкаат по истражни судии. Може и егото на Грујо сепак да одиграло улога. Замисли го како трпи испрашување од истражен судија, човек кој мисли дека е ГоспоТ Бог во државата.

Немаше мадиња да оди до крај, да го затвори СЈО и да го легне Заев во затвор, затоа што реално тоа му беше опцијата.
Не е ова одлука на Груевски, верувај. :)
 
Вечер пак шетња низ град некое скршено стакло а Заев аболициран по втор пат. Прајслес.
Кој кикс го правиш од сабајле.Гарант глупо се чувствуваш сеа.

Слушај, заебанција на страна, добар колективен спринт мавнале љубимциве твои. Џабе му беше head-start-от на Заев.;)
 
Јас никогаш не сум рекол дека Мијалков не ја употребувал/злоупотребувал опремата што му била на располагање. Ама тоа не ми е проблем. Тоа што не ја држел под контрола е проблемот.

Не е ова одлука на Груевски, верувај. :)

Озбилно си ОК со злоупотреба на опрема на ДБК? Онака ок се осеќаш да живееш во такво општество?
 
Озбилно си ОК со злоупотреба на опрема на ДБК? Онака ок се осеќаш да живееш во такво општество?
Нема служба во светот што не ја злоупотребува опремата. Проблемите настануваат кога ќе ја фатат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom