Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
За опозиција нормално е да протестира и да се бори за власт. Не е нормално, власт да протестира против опозиција. Ама одамна е јасно дека членовите на дпмне не се раководат по логика, па така и ти. Најглупите се пратени у штаб, за да може вака да ги користат како тебе, а тие сироти немаат мозок да размислат и само трчаат а незнаат зошто.

Кажими која е логиката, протестираат пред Сдсм, дека Иванов ги помилува Заев и Верушевски?? не беше ти за вака...
Вчерашниоте „протести“ ниту ги спомнав, ниту ми се „логични“. Јасно и гласно кажувам: Доста Заев не малтретира сите. Доста тоа детиште ќе изигрува голем играч и ќе прави како сака. Искрено, ми скурчи од него, од неговите „криминалии“ и силења без да сноси законски последици. Човеков одамна требаше да е „в ќорка“. Доста ми е од правење „што си сакам и никој ништо не ми може“. Доста ми е од тепање на полицајци, од мачење на народот, особено во центарот на Скопје. Не може Зоки заради негови „хирови“ да не измачува со месеци. И уште силно мажето. Па дај да му излеземе и да му кажеме да си прави политика ама не на наша сметка, на наше малтретирање.
 
Џабе е све, во нормална држава ќе имаше атентат врз некои од поглавициве на ДПМНЕ. Да сум СДСМ ќе се тргнам сосема и ќе го оставам да прави што сака. Нека апси, нека казнува, нека зема провизии. Ама една работа е сигурна, ако он не си ја купи власта, сигурно паѓа. Кога си стигнал сопствено членство да уценуваш да ти реализира некои твои хирови, тоа е веќе почеток на крајот. Така што крајот на Пастирот ќе зависи од тоа кога оваа држава технички ќе отиде во банкрот. А да, и Европјаниве да ни беа вистински пријатели немаше да го пуштат да пречекори граница.
 
Кој нов, овој што го поништи Уставниот суд?

Според овој Законот за помилување, нема аболиција туку може да се даде помилување во било која фаза на постапката.

Е сега помилување се дава по молба на лицето што се гони или на некој член од фамилијата или по службена должност.

По службена должност може да се даде помилување само по предлог на Министерот за правда. Во овој момент таков предлог министерот не може да даде.

Со други зборови ова Иванов што го збори нема никаква допирна точка со која било норма од законот.
 
Звонко Костовски од ПУЧ е првиот помилуван од Иванов, веќе е на слобода.
Звонко Костовски е првиот кој е пуштен од затвор после одлуката на претседателот Иванов да помилува политичари и нивни приврзаници. Тој беше обвинет во предметот „Пуч“ во кој се вклучени и лидерот на СДСМ Зоран Заев, поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, службеникото Општина Струмица Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Но Костовски е единствениот кој се спогоди со судот и доби затворска казна додека останатите иако во неколку наврати седнаа на обвинителна клупа, сепак судењето за нив никако да започне.
 
Порано многу порано како во македнски народни приказни арамијата кога ќе го фателе гол по гашчи низ чаршија ќе го прошетале пред сите срам да му е. И си мислам ако се врати таа казна џабе јет, јер овие денешниве арамии немајет страм.
Така да најдобро е да се воведи казна 25 по плешчи во темница при што важи правилото 100 удри едно број. Ни суд ни бутур за арамии. При следното крадење сечење рака, а ако мамит јазикот да му се пресечит. Без право на приговор.
 
Звонко Костовски од ПУЧ е првиот помилуван од Иванов, веќе е на слобода.
Звонко Костовски е првиот кој е пуштен од затвор после одлуката на претседателот Иванов да помилува политичари и нивни приврзаници. Тој беше обвинет во предметот „Пуч“ во кој се вклучени и лидерот на СДСМ Зоран Заев, поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, службеникото Општина Струмица Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Но Костовски е единствениот кој се спогоди со судот и доби затворска казна додека останатите иако во неколку наврати седнаа на обвинителна клупа, сепак судењето за нив никако да започне.

Да видиме баш колку од помилуваните од двете партии ќе се спротистават на одлукава и ќе останат в затвор или ќе одбијат отфрлање на предметите околу нив. Како ве играат и двете партии и амбасадорите, браво. Политичар помилува политичари, онака ко ништо. Криза имало. Да не им текне на земјоделците сега да урлаат да крадат, силуваат па после една земјоделска криза да направат, пошто ето може цела професија да биде заштитена надвор од правниот систем. Онака глатко и мазно си се помилуваа и си ги решија сите проблеми, неверојатно.
 
Зошто да не се спротистават? Кога знаат дека се помилувани може да плачат со години дека сакале да добијат судење, дека се невини и тн. А за тие хипотетички ситуации - нема да се десат. Ова што се случи беше и сеуште е политичка игра.
 
баш ова ми падна прво на памет кога читав дека Зајков сакал да докаже дека е невин, а цело време претходно не се појавуваше на суд, а онаа дебелата крава уште тресеше глупости како ќе прави свадба и слични глупости.
 
Шо да кажеш на избори бе за два месеца? кој нормалем човек во вакви услови, која опозиција во светов ке излези на избори каде пред очи е фатен криминал, и сеуште никој не одговара. Ти пишеш избори, имате ли малце човечност во вас.
Секоја нормална опозиција.
 
баш ова ми падна прво на памет кога читав дека Зајков сакал да докаже дека е невин, а цело време претходно не се појавуваше на суд, а онаа дебелата крава уште тресеше глупости како ќе прави свадба и слични глупости.
Од самиот почеток е јасно дека е ова една голема игра со повеќе играчи. Зошто СЈО чекаше на потезите на власта (објавување датум на избори, како се одвиваат преговорите за медиуми избирачки список и тн.) Зошто заради баланс не почна со најбитните случаи за двете страни? Се си е тоа диригирано а ова време го користеа двете страни да работат на терен и да си ги одмеруваат силите. Сепак се остана исто. Пак истите протестираат истите контрапорестираат истите тука си коментираме и никој нема сменето мислење. А и ова со помилувањето е обмислено и аминувано.
 
велиш дека темпирале гонења на незаконитости и обвинувања за криминали?
лошотилуци низаедни !
 
Од самиот почеток е јасно дека е ова една голема игра со повеќе играчи. Зошто СЈО чекаше на потезите на власта (објавување датум на избори, како се одвиваат преговорите за медиуми избирачки список и тн.) Зошто заради баланс не почна со најбитните случаи за двете страни? Се си е тоа диригирано а ова време го користеа двете страни да работат на терен и да си ги одмеруваат силите. Сепак се остана исто. Пак истите протестираат истите контрапорестираат истите тука си коментираме и никој нема сменето мислење. А и ова со помилувањето е обмислено и аминувано.
јас јавно ќе го сечам ако не аминувано од сите три страни.
 
Ова бил договор помеѓу Вмро и Сдсм ? :yid: Кога ќе ви праќаат од штаб пораки шо да пишите бидете малце и вие поубедливи со аргументи, бидејќи со вашите муабети очигледно е дека сакате да се констатира дека опозицијата извршила предавство на своето членство и баталување на отпорот со цел да си го спасат газот.
 
Едино не верувам дека ова им оди у прилог на странциве кои не држеа за мадиња со ситуацијава каква што беше..
 
Ова бил договор помеѓу Вмро и Сдсм ? :yid: Кога ќе ви праќаат од штаб пораки шо да пишите бидете малце и вие поубедливи со аргументи, бидејќи со вашите муабети очигледно е дека сакате да се констатира дека опозицијата извршила предавство на своето членство и баталување на отпорот со цел да си го спасат газот.
Тоа нема што да се констатира или да не се констатира. Ќе го видиме во наредните неколку недели.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom