Сите знаеме што наследи СДСМ кога дојде на власт 2002 година, благодарение на апашите што пустошеа од 1998 до 2002 кои btw 70% и денес се на добри позиции. Во 2002 економијата беше табу тема, затоа што тогаш приоритет беше сочувување на државата, а без стабилна држава може само да се залажуваме дека ќе имаме добра економија. Кога во 2004/2005 се стабилизираше политички состојбата во државава, почнавме веќе да разговараме за НАТО и ЕУ, и мора да признаеме дека од 2004 до 2006 беше најголемиот исчекор во тој план благодарение на таа влада, и благодарение на таа Министерка за евроинтеграции, патем кога сме веќе тука, ќе ми каже ли некој како се вика довчерашната Министерка за евроинтеграции??