Ајде малку реално согледување...

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Реално согледување би било дека Зевсот е стварно во право за делот со бугарите инфилтрирани во ВМРО и тој проблем треба да се реши. Иако и јас сум навивач на ВМРО сепак не ми се свиѓа воопшто таа бугарска жичка во оваа наша партија ама за разлика од СДС каде нема ниту еден Македонец ваму барем има наши луѓе.

glasam za tebe 100%.

Жичка?Абе цел кабел е,а не жичка.Па пола од врвот има Бугарски пашапорт за не дај боже,а другата половина има аплицирано за државјанство.Тоа ти изгледа на жичка?:toe:

za tebe ne.:toe:. koga zboruvas za "instalacijata" ja zaboravas drugata strana od "vrvot".
 
Сакаш да речеш дека оној политичар што го практикува “Капиталот“ на Маркс во своите кампањи,стекнува голем рејтинг иако добро знае дека тоа е само една идеалистичка книга со обемни димензии,во која практично стои нешто што веќе секому е јасно дека е неизводливо.

Ако добро те сфатив, тогаш одговорот е ДА!!!
Не си забележал ли дека секоја левица, во секоја држава, е мошне вична во користењето на пропагандните шеми?

Прво, мала поправка, не е идеалистичка книга туку е утопистичка.
Второ ако тебе ти е јасно дека е неизведливо не мора да значи дека секому му е. Не се базирај врз колективистичкиот пристап со кој си пораснал. Сите сме различни, секоја личност е универзум на емоции, резон и желби. Не сме мравки или пчели. Сепак, постојат заеднички интереси во заедничкото живеење, но начинот на исполнување и остварување на тие интереси може да биде различен. Со тоа што варијантите за остварување не се со толку голем обем. Обично се движат помеѓу левиот или десниот начин. Затоа имаме здружување на поединци во групи заради полесно остварување на своите интереси кои не мора да се косат со интересите на останатите. Кажаново, се подразбира се однесува за општества кои ги сфаќаат работите од позрела позиција наместо нашето.
Поединците кај нас, без разлика од возраста, се однесуваат како деца наместо како зрели единки. Нивните побарување се токму како на децата. Тато да донесе, мама да измеси. Здружувањето исто така е на исто ниво. Не се здружени поради убеденост дека определена идеологија или филозофија ќе ги среди проблемите туку како малите деца се здружуваат според афинитети и желби за надмоќ врз останатите, меѓудругото.

И покрај тоа што напишаново е само мал дел од она што требаше да ти го кажам сепак се гледа зошто кај нас будала ќе излезе со утопија и ќе излаже цел народ со една лага. Што е најлошо, може да ги лаже до бескрај.
Треба само да ги погледнеш постовите и самиот ќе констатираш дека кај нас не се бара решавање и решавачи на општествените проблеми туку се побарува некој кого ќе ги чува безбедни и ќе им дава нешто за ништо. Крајно инфантилно однесување. И покрај тоа што темава е за реално согледување повеќето од учесниците не можат, а да не се испокарат меѓусебе кој овчар подобро ги стрижел.:toe:

Јеби га, тоа е реалноста. Да е до капа, лесно ќе беше. Ама не е до капата.


Поздрав:smir:






П.С.
Има ли некој на овој форум кој може да ми контрира на моите пишувања?:duel:
Ако нема тогаш читајте, сфаќајте и променувајте за да живеете подобро.
 
Moze li zlatna ripka da opstane vo zagaden akvarium???? Koj go cisti akvariumot ???...imas nekoja idea moj star dobar Protivpropaganda????
 
Moze li zlatna ripka da opstane vo zagaden akvarium???? Koj go cisti akvariumot ???...imas nekoja idea moj star dobar Protivpropaganda????

А бе, Бетончо. Се гледа дека не си се занимавал со акваристика.
Како прво тнр. златна рипка е попозната како Карас и е најотпорна риба за аквариумски услови бидејки е од истиот род на крапот. Во услови кога сите риби ти угинуваат таа си тера како да е се нормално. Ниту лоша вода ниту температурни разлики не влијаат многу врз неа.
Е се`а, постојат услови во аквариумот кој ги предизвикуваат едни мали, бедни суштества наречени инфузории. Тие создаваат тнр. матна вода, а тоа ги убива. Оваа матна вода е со млечна боја, воопшто не е обична матност предизвикана од нечистотии.

Значи во секакви услови златната рипка може да се снајде, дури и во услови каде што другите риби угинуваат ама дојде ли до заматување на водата од тие ситни, бедни суштества и нашиот јунак е мошне неотпорен.

Патем, нормална матна вода предизвикана од нечистотии не е никаква потешкотија за златната рипка. Потешкотија и се само тие ситни, бедни суштества кои и` прават голема штета.

Инаку, за златната рипка и не мора некои посебно чисти услови и за неа прашањето кој го чисти аквариумот и не е толку битно туку кој е тој поради незнаење или злоба што дозволува да се намножат тие мали и бедни суштества кои унишуваат се` наоколу.

Ако во аквариумот филтерот е тој кој чисти и прочистува во општеството е моралот со неговите норми. Сведи ги нормите на релативност или испреврти ги и ќе добиеш масовно размножување на тие мали и бедни суштества исто како и во филтерот во аквариумот. Наместо квалитетни филтрациски средства бутај што било и ќе го добиеш несаканото наместо посакуваното.


Поздрав:helou:
 
glasam za tebe 100%.



za tebe ne.:toe:. koga zboruvas za "instalacijata" ja zaboravas drugata strana od "vrvot".

Секогаш ги имам на ум и обете страни,само не би сакал за мене да се гласа,си останувам независен колку што можам.:toe:
 
Секогаш ги имам на ум и обете страни,само не би сакал за мене да се гласа,си останувам независен колку што можам.:toe:
Независен си, ама признај колку сакаш да си го замениш велможата на функцијата Претседник..И бај д веј,кажи ми како можеш да си веруваш на своите лаги?
 
Почнаа килаво, не успеаја реално, ништо не е довршено. За нијанса поарно од другите пред нив, ама толку мала нијанса која тешко, многу тешко се забележува.

Разочаран сум! Многу.

Самобендисани бедници кои гледаат за газот и фотељата, а не за државата.

Сите.

Инаку, порадо ова се ќелеши:
Парите не можат да купат љубов, но овозможуваат одлична преговарачка позиција.

Па затоа лажеа, додека полнеа џебови, ветуваа, а не сторија, почнаа и недоправено го оставија лажејќи и натаму дека ако ги избереме ќе го довршат.

Ма ајде, срамота.

 
Независен си, ама признај колку сакаш да си го замениш велможата на функцијата Претседник..И бај д веј,кажи ми како можеш да си веруваш на своите лаги?

Во овој момент не гледам многу можности со кој би можел да допринесам за доброто на Македонија доколку би бил Председник.А моите лаги можеби само тебе ти изгледаат лаги,си се запрашал ли за тоа?Пред се затоа што ова кое јас ви го кажувам е аргументирано и се трудам најпрвин да ја осознаам вистината,за да можам да ја изнесам на форумов.:toe:
 
Во овој момент не гледам многу можности со кој би можел да допринесам за доброто на Македонија доколку би бил Председник.А моите лаги можеби само тебе ти изгледаат лаги,си се запрашал ли за тоа?Пред се затоа што ова кое јас ви го кажувам е аргументирано и се трудам најпрвин да ја осознаам вистината,за да можам да ја изнесам на форумов.:toe:
А зошто сите тебе ти реплицираат и тебе те побиваат?Си се запрашал ти за тоа?Аргументирано?Ајде аргументирај ми со ДОКАЗ дека Ѓорчев има Порше!Или дека ТУТКОМ е во толкава загуба!И ти како татарине се напрај, сам во лагите си веруваш!
 
Ma ne gi biva, bruka bugarofilska.
не верувам дека сите се бугарофили, ама дека се килави , килави се.

А овие избори ќе ја искристализираат и патриотштината, припадноста и вистинското лице на сите тие "независни" кои повикуваа за зачувување на името на РМ, како насекаде, така и тука, на кајгана.

И поради тоа, како тука, така и насекад,е ќе има вистински ликови, кои навистина од патритоски побуди го сториле и прават нешто, а ќе има и од оние типуси кои прават и ќе прават за лична корист, сопствена помоција и слично.

Така и со ДПМНЕ, а и со СДСМ. И едните и другите се ќелеши.

А овие сега на власт, како власт, повеќе се водеа од лична корист, отколку од вистински побуди за подобра утрешнина.

И не го спасија името. Ниту го дадоа, опти не е нивно да го дадат. да беше ќе го дадеа, ама наше е, не е нивно.
Ниту направија инвестиции колку што велат и лажат, ниту намалија невработеност, ниту донесоа компјутери, а таму каде дадоа нема струја доволно или нема пари да се плати сметката за струја за да се вклучат тие компјутери.

Ќе повторам, да се знае еднаш засекогаш, за вјеки веков, сите штом решат да се бават со политика треба или да бакнат камата и кубурот или да одат во некоја од постоечкиве лојпрдевски партии.


Саде пропаганда. Ноп, супер, нека, барем, како што реков, ќе се види зошто имаше повик за митинг, па немаше, па пак имаше, па пишман митинг имаше, а најмногу ќе се види ЗОШТО Е ПРЕДАДЕНА МАКЕДОНИЈА од комуњарите и дпмнеовците заедно, во овие мигови, во последните месеци најмногу, а во континуитет со години и ќе се искристализират кајганџиите и ќе се знае точно со прст да се покаже кој е кој и колку му сечи и бери црпката и кој за колку алтани и сребро си ја продал душата.
 
А зошто сите тебе ти реплицираат и тебе те побиваат?Си се запрашал ти за тоа?Аргументирано?Ајде аргументирај ми со ДОКАЗ дека Ѓорчев има Порше!Или дека ТУТКОМ е во толкава загуба!И ти како татарине се напрај, сам во лагите си веруваш!

Па ајде јавно кажете колку е во загуба Тут-ком за 2006 или за 2007,еве јас шпекулирам со бројки а вие кажете јавно овде колкави се загубите одкако се разбира предходно ќе прашате во штабот.
 
Ѓорѓи сугаре :smir:

Една од главните задачи му била да ја држи "чиста Организацијата" :helou:

Слично на Јане Сандански, кој им ги симнувал еполетите и другите ознаки на бугарската армија на уфрлените "комити" од Софија во Македонија, Сугарев деноноќно ги следел врховистите -"ослободителите" и мошне тактично ја неутрализирал нивната штетна дејност. Откако дознал дека предавниците на делото ги трошат организациските пари и купуваат имоти на свое име, наместо да ја извршат целта со нив, обезбедување на сиромасите со оружје и имот, Сугарев направил ревизија на материјалните трошоци на Организацијата, а на сомнителните им оставал термин за да ги подготват сметките и да го вратат украденото.

Убава песна е пишана за Сугаре.
“ Бог да ги бие шпиуните ..“
 
http://youtube.com/watch?v=C_rg9_P0ImY

Eve kako zavrsuvaat predavnicite na Makedonija i na Gorgi Sugare...I na seta Makedonstina..Go snimiv so mobilen..Na nego e poznatata izreka od Petre Prlicko И ти ли бре,вошко вошкосана, со турците а?Не ја знаеш поговорката кој со ѓаволот тикви сади..Да ти ебам мајката да ти ебам...Вчера беше на Тврдокорни!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom