Сакаш да речеш дека оној политичар што го практикува “Капиталот“ на Маркс во своите кампањи,стекнува голем рејтинг иако добро знае дека тоа е само една идеалистичка книга со обемни димензии,во која практично стои нешто што веќе секому е јасно дека е неизводливо.
Ако добро те сфатив, тогаш одговорот е ДА!!!
Не си забележал ли дека секоја левица, во секоја држава, е мошне вична во користењето на пропагандните шеми?
Прво, мала поправка, не е идеалистичка книга туку е утопистичка.
Второ ако тебе ти е јасно дека е неизведливо не мора да значи дека секому му е. Не се базирај врз колективистичкиот пристап со кој си пораснал. Сите сме различни, секоја личност е универзум на емоции, резон и желби. Не сме мравки или пчели. Сепак, постојат заеднички интереси во заедничкото живеење, но начинот на исполнување и остварување на тие интереси може да биде различен. Со тоа што варијантите за остварување не се со толку голем обем. Обично се движат помеѓу левиот или десниот начин. Затоа имаме здружување на поединци во групи заради полесно остварување на своите интереси кои не мора да се косат со интересите на останатите. Кажаново, се подразбира се однесува за општества кои ги сфаќаат работите од позрела позиција наместо нашето.
Поединците кај нас, без разлика од возраста, се однесуваат како деца наместо како зрели единки. Нивните побарување се токму како на децата. Тато да донесе, мама да измеси. Здружувањето исто така е на исто ниво. Не се здружени поради убеденост дека определена идеологија или филозофија ќе ги среди проблемите туку како малите деца се здружуваат според афинитети и желби за надмоќ врз останатите, меѓудругото.
И покрај тоа што напишаново е само мал дел од она што требаше да ти го кажам сепак се гледа зошто кај нас будала ќе излезе со утопија и ќе излаже цел народ со една лага. Што е најлошо, може да ги лаже до бескрај.
Треба само да ги погледнеш постовите и самиот ќе констатираш дека кај нас не се бара решавање и решавачи на општествените проблеми туку се побарува некој кого ќе ги чува безбедни и ќе им дава нешто за ништо. Крајно инфантилно однесување. И покрај тоа што темава е за реално согледување повеќето од учесниците не можат, а да не се испокарат меѓусебе кој овчар подобро ги стрижел.
Јеби га, тоа е реалноста. Да е до капа, лесно ќе беше. Ама не е до капата.
Поздрав:smir:
П.С.
Има ли некој на овој форум кој може да ми контрира на моите пишувања?

Ако нема тогаш читајте, сфаќајте и променувајте за да живеете подобро.