Ај сеа признајте си...

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да должам многу, матер ми ебал тате со вАспитните, јебем ли га немаше ден а да не си добијам по 5-6 а си заслужував и тоа солидно.

Фала ти тате, ме превоспита :pipi:
 
Ај и јас да се исповедам изгледа е добро. Во основно незнам кое одд. од дома украдов некој златни работи не ми текнува што беа, и демек со другарите ке ги продаваме.
Дома моите дознале и ме чекаат а јас се враќам без заработка.
Прво мајка ми онака лесно со многу викање, али после татко ми кога ми се наврти, незнам може и изгубив памтење од ќутек. Ајт
 
На мене немаат кренато рака,ама пак затоа брат ми и за мене има јадено ќотек:pos: а посебно од мајка ми.
 
Кога имав 4-5 години во лето, имавме гости дојдени и седеа во дворот.И татко ми ме прати по пиво.Ми останаа 2 денари кусур и јас мастика си купив:)И кога се вратив дома ми вика што џвакаш.И јас онака насмеан му велам си купив мастика.Ми остана кусур.И сите така насмеани си стоиме и одненадеж еден така врел шамар, уште ме боли.Не беше финтата шо ме натепа за тие 2 денари туку да научам да прашувам кога сакам да трошам пари, а не без прашање да земам.И ме научи потоа долго време прашував макар и денар бил во прашање.А инаку генерално имам јадено ќотек колку што сум тежок.Ама за добро било никогаш за лошо не ме тепале.
 
Ја не сум јадел многу ќотек..

Прв пат јадев околу 7-8 год. Мислам дека ми беше последен.

Си одам ја во школо.. прв ден од 1-2 одд.. И така ми се засвиѓа една цурица =)..Не дека можам да правам нешто со неа, али не давав да ја чепкаат, И така му се погоди на еден да и каже лошо.. Дојдов, му лупнав 2-3 шамари и 2-3 клоци.. падна на земја и почна да плаче.. После часови се враќам дома со мајка ми.. и таман да влеземе дома пау ! еден врел шамар =)). Не дека ме научи нешто.. Пак се тепав после тоа, али нив ги научи.

Магаре ни со ќотек не се воспитува. =Р
 
Кога имав 4-5 години во лето, имавме гости дојдени и седеа во дворот.И татко ми ме прати по пиво.Ми останаа 2 денари кусур и јас мастика си купив:)И кога се вратив дома ми вика што џвакаш.И јас онака насмеан му велам си купив мастика.Ми остана кусур.И сите така насмеани си стоиме и одненадеж еден така врел шамар, уште ме боли.Не беше финтата шо ме натепа за тие 2 денари туку да научам да прашувам кога сакам да трошам пари, а не без прашање да земам.И ме научи потоа долго време прашував макар и денар бил во прашање.А инаку генерално имам јадено ќотек колку што сум тежок.Ама за добро било никогаш за лошо не ме тепале.
Е ова е веќе тепање за глупости мислам....2 ден не се ништо.Ај да си потрошел 50-100-200 од кусурот и да те манел за да научиш да прашваш,ама за 2ден....
 
Кога имав 4-5 години во лето, имавме гости дојдени и седеа во дворот.И татко ми ме прати по пиво.Ми останаа 2 денари кусур и јас мастика си купив:)И кога се вратив дома ми вика што џвакаш.И јас онака насмеан му велам си купив мастика.Ми остана кусур.И сите така насмеани си стоиме и одненадеж еден така врел шамар, уште ме боли.Не беше финтата шо ме натепа за тие 2 денари туку да научам да прашувам кога сакам да трошам пари, а не без прашање да земам.И ме научи потоа долго време прашував макар и денар бил во прашање.А инаку генерално имам јадено ќотек колку што сум тежок.Ама за добро било никогаш за лошо не ме тепале.

Да сум бил на твое место би му собрал другари:pos2: се шалам, ама нема смисла да удри за тоа.
 
Хехе.
Имам неколку пати ќотек јадено. Затоа што правев многу белји како малечка.

Кога имав 4 годинки го запалив седмоседот дома што го имавме, среќа ќошето само го уништив и на моите им успеа да направат двосед и тросед од тоа после.

Исто еднаш сум почнала да фрлам тенџериња, тави, лажици, ножеви, вилушки....низ прозор (од 5ти спрат). Среќа не сум утепала некој доле.

И еднаш сум сакала брат ми да го бутнам низ прозор, а еднаш сум почнала да го давам. (тоа кога имав 3-4 годинки сум била љубоморна на него изгледа зошто он помалечок беше).

Моите ме научиле бељаџика дека сум и имаа една прачка Мирко ја нарекоа, па сум ја осетила доста пати (повеќе печеше кога ќе ме плеснеа по раце или нозе со нејзе). Ама јас редовно ја криев и кршев и така имаше доста прачки Мирко 1, Мирко 2, Мирко 3...хехехе... ме тераа сама на Водно да си избирам...ама јас зш си знаев дека ако е потенка повеќе пече си избирав малце подебелка. :D
 
Абе зошто да те тепа некој ако непраиш ништо лошо а ?
Така и за мене беше,за разлика од од постар брат кој го јадеше стапот,и кој си беше заслужил ..
А може и за тоа не сум праел бељи јас..пошто сум видел што се дешава ...хехеххехехехехехех
 
со оглед на тоа какви глупости имам преправено немам јадено ќотек...
кај мене више било на база на викање или казна и како помала тато знаел да ме плесне по газ.. пош тој ако поткачел асолно некад сеа ќе ви праќав поздрави од костозглобна...
прво јакоооо дерење беше на мојата полуматура... уфффф...
моите си имаат принцип.. не ми ограничуваат време за излез али ко ќе речам во3 ќе се вратам тогаш да се вратам..
и за полуматурава муабетов
кога ќе се вратиш?
не касно, до кај 2 сила
јас му ја заакав до 5... моите шизнале... ни кај сум ни што сум...
еве најискрено, мое дете така ми направи домашен притвор ќе го стаам
инаку пош по обичај стално си каснам.. еднаш наместо у 1 си дојдов у 3
и гледам бреј мајката не ми остајле клуч.. пцуев воа ноа ама ај реков... звонам на врата... исклучено ѕвончето... ццц...
си знам дека воспитните мерки од тато се зезнати али не дотолку
титкам на мобилен корисникот недостапен
титкам кај мама недостапна
задња шанса титкам на фиксен... водот се сервисира (те слусалката е оставена отворена)
а лето беше... убавини... си седнав на масата надвор и му дадов 10минути да ми отвори
го нема типов и си реков: јас сеа те барам утре ти ќе ме бараш
и си вртам у такси и викам такси... барем места за одење имам каде..
али знаете ниедно време како се слуша.. слушнал тато страв го фатило кај ќе заакам па културно си ми отвори дур чекав таксито и немаше ни викање ни ништо...
инаку дневна порција добивам дали јас од сестра ми или таа од мене
и се сеќавам дека као мала баба ме има бркано со закачалки
 
Да сум јадела, ама претежно шамрачиња, скубење за коса, али една у 8 одд мајка ми на работа ја собрано деца дома и рипаме по троседите у денвна на песни некој пуштено, и ете ти ја мајка ми порано си дојде дома , е тогаш изедов убав ќотек.....Арно ама татко ми рака нема кренато на мене, од него ми беше страв и не се глупирав, а мајка ми не пердашеше редовно, пошо со брат ми се фрик идеи ни идеа на памет... и после шамарчиња фрчеа ко од шала.
 
Ко мал само мајка ми ме тепаше, пошо со татко ми бевме газ и гаќи :vozbud:
Страшното беше еднаш ко имав 7-8 години и нешто мајка ми беше в кујна и јас лево-десно туку се претервав и му скршив нешто, не знам шо, таја почна да вика и ме плесна по грбот еднаш, ама јас толку се уплашив од викањето шо кога ме удри, почнав да тепкам. Тоа траеше едно 2-3 месеци, и мајка ми ден-денес ми се извинва за то :smir:
 
не памтам како мала да ме тепале, иако бев голема бељаџика(кршев системи и камери по дома:)) и прилично непослушна(поради што еднаш си ја дупнав главата, по моја вина).
шамарот што го памтам е негде од 5-6то одделение.со татко ми седнав да учам математика, ама мене поинтересни ми беа филмовите на ТВ отколку задачите за писмена.се трудеше човекот да ме врати на математиката, ама не му идеше и ме мавна една воспитна по г`з.му се налутив, се расплакав и си отидов во соба.ми се извини тогаш, а пред некое време ми кажа колку му било тешко што ме мавнал и не можел да спие затоа што никогаш претходно(а ни потоа)ме нема удрено.топ односи си имам со него.си го сакам татичко:lollipop:

а мајка ми..еднаш или два пати ме има удрено.бев свесна дека претерувам со моето дерење и размазено понашање, ама не можев да се сопрам.имам и сега понекогаш такви испади, ама поретки се и не добивам воспитни:)
 
Јас бев многу мирно дете. До ден денес ни мајка ми ни татко ми немаат рака дигнато на мене...таков им е начинот на воспитување, се со разговор, ама и јас си бев доста мирно детенце... :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom