Ај сеа признајте си...

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Бев едно 8-9 години...и со еден другар(најверен) седевме кај мене во двор и ни се пријаде....И шо да јадеме влеговме кај мене внатре и отворивме фрижидер..и имаше една салата и ја земавме и излеговме надвор и ја изедовме..ама уште ни се јадеше...Земавме еден чаршаф и го постеливме кај мене во двор на тревата.Извадивме скоро се што имаше во фрижидерот салама,мајонез,паштети,кашкавали...И кога се најадовме(бербат беше чаршафот после) седнавме да се одмориме од ждерењето...И кога слушаме од таму звукот на колата на татко ми.Со другар ми брзо зимање чаршафот и кај мене дома,редење во фрижидер јадењата:vozbud:..Кога влезе татко ми кога виде тоа трошки испопаѓани доле,мајонез умачкан таму му се стемни пред очи:pos2::pos2::pos2:..Другар ми избега одма си отиде,ама јас после го ебав ежот ме истепа до сто и една и назад:pos2:...Тој ќотек цел живот ќе го памтам:pos2:
 
не сум јадел многу време ќотек,како мал сум јадел ама не се сеќавам на ништо.
 
Прв пат не се сеќавам затоа што сум бил многу мал.Затоа се сеќавам дека ептен убаво го изедов што се вика со сласт затоа што со штрафцигер брцнав во шпоретот и напраив спој што едно 2-3 метра ме фрли наназад.Тогаш дојде татко ми и ме згрбави од мавање,па после тоа и мајка ми:)Иначе бев 2 одделение мислам.
 
Затоа што додека имало фудбал јас пред телевизор сум шетала како манекенка и татко ми се нервирал. Тоа беше за прв пат. :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
 
Мајка ми никогаш ме нема удрено, душа човек, ниту пак ми се има развикано.

Единствениот шамар го имам добиено од татко ми. На 7 години беше.
Имавме гости дома, тетка ми и братучетка ми која имаше 5 години а јас имав една убава црна кукла со розева количка, тазе купена.
Кога братучетка ми ја виде сакаше да си игра со неа. Е јас не и дозволив, она почна да цмиздри, ама јас не попуштав. И татко ми ми велеше да и ја дадам јас не попуштав. Го извлеков подебелиот крај. Ко ми ја плесна еден шамар ја паднав врз каучот. Цела ноќ увото ме болеше, а братучетка ми нормално си играше со куклата. Ќе пукнев од мака.

Инаку и со брат ми се имам тепано и со сестра ми, ама онака, ништо сериозно, се каравме за глупости и ќе летнеше по некое шамарче и кубење за коса. Сега веќе не. Сега сме ГОЛЕМИ!
 
Аууууу од мајка ми сум тепан безброј пати додека бев помал, ама и јас си бев бељиџија се некои глупости правев. Од неа имав страв како од ѓавол, а од татко ми сум удрен само еден шамар во животот ама сум се помочал целиот...:pos2::pos2::pos2:
 
Па вакааааа. Ќе кажам за првите ќутеци што ги памтам што сум ги изел од мајка ми, татко ми, дедо ми и баба ми.
Прв ќутек ваљда сум изел од мајка ми. Бев многу мал и бевме на гости кај пријатели. И излегов со нивните деца да си играм и си фрлавме песеок на глава. Т.е. си истуравме со чашки:nesvest: Кога ме виде мајка ми изедов тежок ќотек.
Од татко ми сум јадел ќутек само два пати. Првиот пат. Се возевме со братучед ми со точаци како лудаци. И ни излета едно дете на улица, братучед ми за да не удри во него сврти на страна и падна на глава. И мене ме накривија дека јас сум го терал да вози брзо. и јас така наљутен му удрив клоца на татко ми:tapp: И после кога ме фати..... беше весело:pos2: Најтежок ќутек сум изел од дедо ми. Имав некаде околу 6 години. И му стигна пензија. И како што му стигна ја стави во новчаник. Јас го земав новчаникот и право во шоља и пуштив вода :tapp:
И така изнервиран дека му отиде цела пензија ме бркаше низ цела населба. Ама киднав :) Кога се вратив дома да спијам, ме фати и ме тепаше со кајш по газот. Цела недела газот ми беше со линии:kesa::kesa:
И првиот ќутек од баба ми го испив исто кога имав 5-6 години. Со една другарка, истуривме брашно низ цела соба. Кога виде баба ми не бркаше низ цело Пржино, али не можеше да не фати. И тоа не бркаше со сукало :) Стигнавме до една продавница и ми вика Марче дојди баба ќе ти купи чоколадо. И јас како тотален имебцил и поверував и влегов:tapp::tapp: И така си јадев и удари од сукало. Што по глава што по газот :):)
И тооооо....
 
хмм одамна беше... ги терав другарите да скокаат од гаража... демек нешто војници се додека едниот не ја скрши ракатѕа и ногата ...
после следеше ручекот дома ммммилина :jaj:
 
па... имав некои си 5 години, и цело време си смислував глупави рими, со новосоздадени зборчиња. Еден ден, на гости дојде еден колега на татко ми, и ја како најголем запек ги терав да кажат ‘струја‘ И овие сите кажуваат у хор, и ја се избацувам ‘сите да јадете муда‘ А врска немав што значи муда, него си го сматрав како мое создадено зборче. И си отиде ‘навредениот‘ гостин, и татица ми опали 2 шамарчиња, уфф уште ми жежи образчето, и од тогаш не ми текна да си измислувам зборчиња :kesa:
 
На мене пред 1 недела ми ја скршија кичмата и сега не ме пуштат на школо :(
 
Интересна тема :pos2:
Прв пат го изедов ќотекот од татко ми летото 2002 мислам беше на "Аларм" во Љубаништа...Бев глупо девојче на кое не му се допаѓаше музиката таму и "чудните" типци со суканици и четки (немав никогаш видено такви нешто пред тоа)...Втората вечер страшно го накурчив татко ми, не ми текнува за што точно беше,почнав да му бегам околу камповите.Цело време трчаше по мене и викаше да застанам.Во еден момент се спрепна од една мала дупка и падна :vozbud:...
Можеби немаше да се налути толку многу,но od тревата ги направи зелени новите светли фармерки.
И тука иде моментот кога го лапнав ќотекот.Тоа беше прв и последен пат да ме натепа ама ќе му го памтам доживотно.:pos2:
 
Мајка ми ме има шлапано порано зошто бев мирно дете.
 
Порано се јавував на рандом телефонски броеви и се праев паметен и таму нешто ги лажев луѓето како се добитници на пари од незнам кој квиз и да си ги подигаат парите тој и тој ден во толку и толку саат ама тогаш намерата ми беше да дупам луѓе а ја мал и глуп и кога дојде сметката од телефонот мене ме дупеа.
 
Никогаш не сум била удрена фала богу.Ни тепана со прачки и камшици како што прават некои.Сум била мирна и затоа не правев некои бељи за да го добијам котекот.Ако се скарам некогаш со родителите се повлекувам во својата соба оти познавајки го својот карактер како сум избувлива изгледа дека ке сум јадела често котек:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom