Ај сеа признајте си...

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Пред едно 2 години.
Бев излезен,си доаѓам дома,и гледам татко ми и се дере на сестра ми нешто и таман сака да ја удри,му давам еден затилник,шут во клечките,падна.После стана и си замина во спалната да си легне.
На друг настан не ми текнува.
:salut:
Ќе му кажам утре.
 
Значи сигурен сум дека ќе ми текне тогаш уште една случка до утре .:pos2:
После утрешниот ден слободно може да напишеш уште една вистинска случка како си бил вклучен во рекреативни активности кои не биле по твоја воља :)
 
Темава ми даде инспирација и тоа каква :)
Имам брат помал 4години и нели јас бев главна поголема го шљакав секој ден онака без причина. Секад бев јас онаа што почнува прва и уште од станување не поминуваше ден без тепачка. :duel: почнуваа благо за да завршат крвички а шо беше најјако никој (ни ние) не знаевме зашто се тепаме...И така ќе се истепаме, ќе дојде баба ни ќе не раскаче и доброоо...се додека не си дојде мајка ми од работа во 3 саат и брат ми ќе ме каже и мајка ми ќе ме натепа мене дека јас го тепам брат ми
 
Имам постар брат, секогаш кога ќе се степавме тој го јадеше ќутекот зашто јас бев помала нели :) инаку мајка ми ме има удрено некогаш како помала по газ или некое шамарче, а татко ми кај ќе ме удри, негово галениче, никогаш ме нема удрено колку и да сум заслужувала
 
Моите скори ич не ме тепаат.Еднаш попив шамар од татко ми затоа што го мавнав брат ми со топка(од снег) во око.2 дена не излегов надвор затоа што лицето ми беше цивено како жар :D
 
Neam jadeno chotek.. Posledno imam jadeno chotek vo 4to odd... I toa oti ukradov od doma mala sum na pari.. (80den) i arno sho me istepaja se vrazumiv.. :vozbud: I toa zdrav chotek :D
 
Neam jadeno chotek.. Posledno imam jadeno chotek vo 4to odd... I toa oti ukradov od doma mala sum na pari.. (80den) i arno sho me istepaja se vrazumiv.. :vozbud: I toa zdrav chotek :D

Е сега имаш или немаш јадено ќотек :pos2:

Иначе,јас еден и единствен шамар имам добиено од татко ми. Мене не ми текнува. Татко ми ми има кажано дека сум си играл во дворот и со кал на нозете сум влегол во куќа... Сега му е жал што ме удрил бидејќи ни јас не сум знаел што правам... :toe:
 
Имам постар брат, секогаш кога ќе се степавме тој го јадеше ќутекот зашто јас бев помала нели :) инаку мајка ми ме има удрено некогаш како помала по газ или некое шамарче, а татко ми кај ќе ме удри, негово галениче, никогаш ме нема удрено колку и да сум заслужувала

Вие помаленкте само ке провоцирате за да се закачеме со вас и после ние поголемите браќа ке треба после грбот со слама да си го полнеме :) исти случај е и кај нас: тато нема шанси да дигне рака на сестра ми..
 
Вие помаленкте само ке провоцирате за да се закачеме со вас и после ние поголемите браќа ке треба после грбот со слама да си го полнеме :) исти случај е и кај нас: тато нема шанси да дигне рака на сестра ми..
Е ајде де, што не си се родил покасно, а и за џабе не викаат мајката повеќе се погаѓа со синот, а таткото со ќерката :)
 
Мене татко ми ме има удрено еднаш, што ако сум женско :toe: се имаше качено на кров нешто да поправа и јас паметната сум се качила да му ги однесам папучите ( он бос се качил ради сигрност ), имав некои 3-4 години ваљда :toe: и ме симна од горе и кога ми влепи еден шамар :nesum: ми пушти крв од нос, а јас сирота едно бело џемперче носев :pos2:...и ден денес, кога ќе имаме некој конфликт, му викам дека тоа е од траумите од кровот :vozbud:
 
Ех...прва меморија од кога сум имала 3-4год х) :pos2: Комшиите над нас имаа едни цвеќишта што навечер правеа крш сенки кај нас на тераса и во темница, нормално, дете како дете којзнае што филмови сум си правела па си станував речиси секое сабајле во 3-4 навечер и си плачев од страв х) (поточно да разбудам некого т.е. секого за да ми прават друштво и муабет за да не ми е страв) Прво дома се чуделе што ми е, да не ме боли нешто или којзнае што ама кога конечно и кажав на мајка ми од што плачам...ја изедов онаа дрвена лажица што е за мешање, по газ :kesa: После тоа, научив да спијам мирно :helou:
 
Епа..ќотек многу не сум јадел али...од мајками онака ко мал по газ...али запазете ја случкава..братучедми е 4 години поголем од мене..и ко помали ја се него го слушав ова она..и ја закачавме бабами ја мававме и баба на тато ме кажа ..си иде таткоми од работа... и кратко и јасно..ја се облакав пижами бев на гаќи и на мајца..ме истегна за ушето и ме прати надвор предврата да ја чекам мама 2 смена од работа..(а зимно време беше..) ее...тоа ќе го памтам довека..
 
Татко ми никогаш ме нема тепано а мајка ми знаела некогаш по газ да ме тепа ама шамари никоако!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom