AI и што потоа

  • Креатор на темата Креатор на темата Lokvan
  • Време на започнување Време на започнување
На едно место прочитав - AI не ги заменува луѓето, туку ги заменува функциите.

Еден многу важен аспект поврзано со ова кога зборуваме за огромната разлика и неможноста да се споредува земја од типот на Македонија (вклучи ги тука Грција, Бугарија, Романија и еден тон други), наспроти САД, Канада, Норвешка, Данска и поразвиените земји од западна Европа е следното:

Факт и емпириски докажано е дека во помалку развиените земји и во земјите во развој, луѓето, т.е работниците не се толку специјалисти, колку што се генералисти. Просто кажано, еден работник во фирма во Македонија/Романија/Бугарија врши повеќе различни и комплетно неповрзани задачи, во споредба со ист таков работник, во иста фирма од ист сектор во Норвешка/Данска.

Од оваа многу едноставна причина продуктивноста по работник е многу повисока во развиените земји, но уште повеќе заради оваа причина AI би имал поголема можност да замени работници кои продуктивно и ефикасно извршуваат точно определени функции, наместо да замени работници кои помалку продуктивно и ефикасно вршат поширок спектар на задачи, најчесто и недефинирани, туку адхок.

Не зборувам овде само за ИТ - јас не сум ИТ, туку сосема друго, но ова мислам дека се однесува за би рекол грубо едно 80% од работниците во приватниот сектор - независно дали станува збор за интелектуална или физичка работа, за работа од област на технички или општествени науки или за работа во градежништво, одржување, чистење или сл. Тесната специјализација кај нас е помалку застапена, а токму таа тесна специјализација полесно се заменува со вештачка интелигенција и автоматизирани процеси.
 
Во наредни 10 тина години, било каков занает ако си машко. Ако си женско, медицинска сестра или негувателка. Со оглед дека и општествата се соочуваат со населенија што стареат: медицински сестри, браќа, негуватели и негувателки и општо медицински персонал што ќе се расправа со гадни работи, ми се професии на иднината. Ако одиме уште понатака за 20 години, очекувам целосна замена на луѓето и стапки на невработеност од 90% - 95%. Што значи ќе стане сериозен социо-економски проблем, што неминовно повлекува три опции:

1. Забрана на АИ
2. Универзален приход
3. Настанува анархија и освен мала група милијардери секој е оставен сам на себе. Во тие услови веројатно најпаметен потег би било купување на земја и производство на храна со помош на АИ и роботи и целосен бојкот на било какви компании т.е враќање на човекот во среден век.

Истото ги чека и тие професии, дури и побетер. Можеби не толку на Балканот, но на запад ќе има роботи по пристапни цени за 5-10 години што ќе бидат способни да работат доста физички работи. Прашање е на време само да ги научат се што е повторливо.
 
Ти уште утре би не шитнал сите нас само за повеќе профит.

Иначе тоа и ќе биде забележливо у земји што се милијардерите се главни како САД. Таму човечкиот живот не вреди премногу и не верувам да има некакви регулации у поглед на АИ и што може све да замени. Садистите милијардери ќе му ја одлучат судбината на човештвото у Сад. А за кај нас ич не се секирам пошто последни и онака сме у све.
 
Последно уредено:
Што знам, мене па волку црни сценарија не ми се реални, бар не во догледно време. Го разбирам до негде AceCaleb, и јас размислувам доста често на темава, ама еве у банка во ИТ сум, нереално ми звучи дека туку така регулаторни комисии ќе остават се во рацете на AI, или до тој степен да се замени човекот 90%.
На неколку конференции што бев, истото го врат во круг цело време, ама далеку сме од дистописки свет. Да, факт е дека многу од основните работи што се репетитивни ќе се заменат, ама се некако ми оди дека прашање на време кога еден тон регулации ќе се фрлат на ова.
Во ниту еден момент не сум се осетил загрозен ниту пак мојата позиција поради развојот на АИ. Напротив, ми ја олесна работата и сега тоа што го правев за 5 дена,ми треба многу помалку. Ниту пак компанијата имала layoffs, напротив, растеме. Али океј, можеби се зависи и од политиката на компанијата и како они реагираат на сево ова.
 
Тоа што Алтман не сака да пипа тука, не значи дека другите нема. Не е само Чат ГПТ, а останатите не се така обѕирни.
Алтман не сака да пипа затоа што законската рамка не е јасно дефинирана и не сака да ја ризикува компанијата.
Автоматски споено мислење:

Што знам, мене па волку црни сценарија не ми се реални, бар не во догледно време. Го разбирам до негде AceCaleb, и јас размислувам доста често на темава, ама еве у банка во ИТ сум, нереално ми звучи дека туку така регулаторни комисии ќе остават се во рацете на AI, или до тој степен да се замени човекот 90%.
На неколку конференции што бев, истото го врат во круг цело време, ама далеку сме од дистописки свет. Да, факт е дека многу од основните работи што се репетитивни ќе се заменат, ама се некако ми оди дека прашање на време кога еден тон регулации ќе се фрлат на ова.
Во ниту еден момент не сум се осетил загрозен ниту пак мојата позиција поради развојот на АИ. Напротив, ми ја олесна работата и сега тоа што го правев за 5 дена,ми треба многу помалку. Ниту пак компанијата имала layoffs, напротив, растеме. Али океј, можеби се зависи и од политиката на компанијата и како они реагираат на сево ова.
Убаво кажано. Многу размислуваат само на техничка страна, без да размислат за регулативи, право и бизнис континуитет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom