После 4 години, повторно ја активирам темата за еден од моите омилени бендови
Нактратко збор-два да се запознаеме со бендот...
Аеросмит е американски рок бенд, често нарекуван најдобар rock'n'roll бенд во САД.
Иако се познати како "лошите момци од Бостон", никој од членовите на бендот не е од тој град.
Стивен Тајлер, Џо Пери и Том Хамилтон се запознале во Санапи, Њу Хемпшир, доцните 60ти години, но групата не е основана тогаш, туку во 1970 година.
Во 1972 година потпишале договор со продуцентската куќа Колумбија. Кон крајот на 70тите години на ХХ век, биле еден од најпопуларните бендови во светот со верна група на фанови која се нарекувала "Сината армија". Дел од членовите на Аеросмит, го напуштиле бендот поради проблемите со дрогата.
Кога во 1984 година биле повторно комплетни, потпишале договор со продуцентската куќа Гефен.
Аеросмит има продадено преку 150 милиони копии ширум светот, од кои 66,5 милиони само во САД и има освоено 4 Греми и 10 МТВ награди, па затоа претставува една од најуспешните хард рок групи на сите времиња
Моите Топ 5 песни од Аеросмит:
1.
2.
3.
4.
5.