humanoid напиша:
Нема адаптација не поради неконкурентноста на некоја наша манекенка, туку поради продавањето на нивната култура на странските пазари.Те бомбардираат и полека сакаш нејќеш го прифаќаш тоа

Те навикнуваат на нивната култура и потоа нема потреба од дообјаснувања кој се и како се.
На поголемите пазари се врши адаптација, но со последниот тренд се помалку. Или рекламите се така вешто адаптирани што воопшто и не се.

Добро што ги забранија сублимираните реклами, ќе ни го переа мозокот сеуште. Или можеби веќе сме испрани
Не се согласувам. Не реков јас манекенките не се конкурентни, реков не е пазарот конкурентен. Многу е поефтино ти да ја преведеш Sarah Michelle и изнад неа да го ставиш гласот на некоја наша девојка, од колку да трошиш пари да направиш уникатно македонска реклама, адаптирана на македонската култура. И што ќе добиеш? Не многу. А ќе добиеш многу повеќе во Русија, во Украина, во Арабија.
А културата, влијание и наметнување има, без разлика дали ќе има добар маркетинг и реклама или не. Пред 20 години кој во Македонија одел у кафеана и пиел газиран пијалок? Пред само 15 идејата за fast food (сем за доручек бурек) беше не поимлив поим. Влијанието доаѓа со самото изложување на нешто туѓо, џабе колку и да се трудиш, туак веќе играат многу варијабли улога, од филм, музика до експонирање; до онаа желба да се проба нешто различно. Па овде во САД немаш никаква реклама за Кинеска или Арапска храна а да видиш како американците се навикнаа на кебапи и како им стана дел од исхраната и начинот на живот.
Не е идејата перење мозок. Идејата е профит.Секаде Кока Кола имала влијание на културата локална, нема дете во Латинска америка, во Русија, во Македонија, pick your favorite кое нема да се фати за Кока КОла пред да се фати за КОкта или било кој друг сличен производ и нема да замислува дека е каубоец од тексас кој пие кока кола. Факт, а тоа е резултат на децениска реклама на кока кола не само низ реклами туку низ онаа глобална културна презентација низ филмови, музика, и присуство секаде и секогаш. Кока Кола е симбол, но самиот симбол како таков глобален не значи профит. Значи да, веќе сме испрани доволно - уште 80тите кога Кока Кола прв пат влезе на нашиот пазар, т.е. уште кога ја видовме во првиот филм

Но желбата за "таа култура" да стане дел од животот наш, не го гарантира нашиот куповен избор.
Замисли колку само помоќно пуцање на култура е кога ти една Надја Команечи ќе ја преставиш во амерички филм со кока кола у рака, на сред Москва на пример. Америка во вашите раце, на ваш начин - не гледате ли дека сме исти? Адаптација е многу поголемо и поефикасно ширење култура и прифаќање, кога сме веќе кај тоа. Sarah Michelle e сепак само Sarah Michelle, американка, колку е само по ефикасно кога една наша рускиња ке заличи на неа - па и јас ко русин можам да бидам ко нив! Зошто не, види ја Надја! Можам и јас ко неа!

Тоа е веќе продавање култура на уникатен начин.
п.с. Упс Команечи е румунка, заменете Москва со Букурешт, и Русија со Романија. Иако не се менува поентата.