Адвертајзингот во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Mandrak напиша:
Многу си во право! Работев во агенција која води кампањи баш за такви производи во Македонија, а се разбира за клиенти со големо име од надвор.
Јас работев во клиент со големо име од надвор. Нормално, во претставништво тука. На почетокот одвај чекав да пристигнат новите маркетиншки парчиња, па да ги видам на телевизија нели... но со тек на време знаев однапред како ќе изгледа рекламата. Истите слогани во круг, со зборови во обратен редослед. "Новиот антиперспирант, новиот Green Power детергент со зелени зрнца, новата свежина на омекнувачот..." Ми се одмилија и шампоните, и детергентите, омечкувачите и дезодорансите поради рекламите.
 
Адапритана реклама на Лореал захтева главниот лик на рекламата да е Елена Петреска не Sarah Michelle Gellar, адапритана реклама го захтева центарот на Охрид, а не New York City. Дали Лореал има потреба да адаптира? Не. Зошто? Затоа што има препознатливо име, кое на македонскиот пазар нема голема конкуренција, ни по квалитет, ни конкуретност на цена. Знаат дека народот ако има ќе купи Лореал, ако нема, ке иде на пазарче, Петреска нема да напраи разлика.
Реклама се адаптира за пазари каде името не е доволно познато, или нема добра репутација. Добар пример за ова е Кока Кола. Нема атом на светот каде Кока Кола не се знае. Но имаш земји ко еден Јордан, каде што Кока Кола ужива ужасно лоша репутација и не е пробиена на пазарот. За да се избори мора да допре до Арапите, да им даде чуство на позитивност, и да го отргне стереотипот на зло капиталистичко. Макотрпна работа. Последните реклами кои КОка Кола ги пушти на блискиот Исток беа работени 2 години, проектот чинеше во милиони и милиони долари. Што вклучува тој маркетинг - прво едно годишно тестирање на пазарот и што е она што тие луѓе сакаат да го слушнат и видат. Над 20000 испитаници од земјата, анализи, репорти. Тестирање на рекламите, и анализирање на реакциите на испитаниците, па тек ондак после 2 години се пушта таа реклама. И не иде само реклама, идат милион стипендии за ученици, градење игралишта, градење компјутерски центри, спонзонирани од Кока Кола, па PR за сето тоа. Трошење пари, пари кои ултиматно ќе го отворат пазарот.

Нема адаптација не поради неконкурентноста на некоја наша манекенка, туку поради продавањето на нивната култура на странските пазари.Те бомбардираат и полека сакаш нејќеш го прифаќаш тоа :) Те навикнуваат на нивната култура и потоа нема потреба од дообјаснувања кој се и како се.
На поголемите пазари се врши адаптација, но со последниот тренд се помалку. Или рекламите се така вешто адаптирани што воопшто и не се. :)
Добро што ги забранија сублимираните реклами, ќе ни го переа мозокот сеуште. Или можеби веќе сме испрани :)
 
До кога со овакви лузерски комунистички теории на заговор? Можеш да посочиш кои се тоа „тие“ кои ја продаваат „нивната“ култура?

И можеш да кажеш кога тоа сублиминални реклами масовно се користеле?

humanoid напиша:

PetarK напиша:
До кога со овакви лузерски комунистички теории на заговор? Можеш да посочиш кои се тоа „тие“ кои ја продаваат „нивната“ култура?

И можеш да кажеш кога тоа сублиминални реклами масовно се користеле?

Туку за овие работи не ми се обраќај мене како на комунист, туку кај оние што ти продаваат бате Петар :)

Сублимираните реклами беа само како шега, а за останатите работи малку позаинтересирај се, па после напаѓај дека продавам комунистички теории.
Или пак едноставно, погледни наоколу
 
humanoid напиша:
Нема адаптација не поради неконкурентноста на некоја наша манекенка, туку поради продавањето на нивната култура на странските пазари.Те бомбардираат и полека сакаш нејќеш го прифаќаш тоа :) Те навикнуваат на нивната култура и потоа нема потреба од дообјаснувања кој се и како се.
На поголемите пазари се врши адаптација, но со последниот тренд се помалку. Или рекламите се така вешто адаптирани што воопшто и не се. :)
Добро што ги забранија сублимираните реклами, ќе ни го переа мозокот сеуште. Или можеби веќе сме испрани :)

Не се согласувам. Не реков јас манекенките не се конкурентни, реков не е пазарот конкурентен. Многу е поефтино ти да ја преведеш Sarah Michelle и изнад неа да го ставиш гласот на некоја наша девојка, од колку да трошиш пари да направиш уникатно македонска реклама, адаптирана на македонската култура. И што ќе добиеш? Не многу. А ќе добиеш многу повеќе во Русија, во Украина, во Арабија.

А културата, влијание и наметнување има, без разлика дали ќе има добар маркетинг и реклама или не. Пред 20 години кој во Македонија одел у кафеана и пиел газиран пијалок? Пред само 15 идејата за fast food (сем за доручек бурек) беше не поимлив поим. Влијанието доаѓа со самото изложување на нешто туѓо, џабе колку и да се трудиш, туак веќе играат многу варијабли улога, од филм, музика до експонирање; до онаа желба да се проба нешто различно. Па овде во САД немаш никаква реклама за Кинеска или Арапска храна а да видиш како американците се навикнаа на кебапи и како им стана дел од исхраната и начинот на живот.

Не е идејата перење мозок. Идејата е профит.Секаде Кока Кола имала влијание на културата локална, нема дете во Латинска америка, во Русија, во Македонија, pick your favorite кое нема да се фати за Кока КОла пред да се фати за КОкта или било кој друг сличен производ и нема да замислува дека е каубоец од тексас кој пие кока кола. Факт, а тоа е резултат на децениска реклама на кока кола не само низ реклами туку низ онаа глобална културна презентација низ филмови, музика, и присуство секаде и секогаш. Кока Кола е симбол, но самиот симбол како таков глобален не значи профит. Значи да, веќе сме испрани доволно - уште 80тите кога Кока Кола прв пат влезе на нашиот пазар, т.е. уште кога ја видовме во првиот филм :icon_lol: Но желбата за "таа култура" да стане дел од животот наш, не го гарантира нашиот куповен избор.

Замисли колку само помоќно пуцање на култура е кога ти една Надја Команечи ќе ја преставиш во амерички филм со кока кола у рака, на сред Москва на пример. Америка во вашите раце, на ваш начин - не гледате ли дека сме исти? Адаптација е многу поголемо и поефикасно ширење култура и прифаќање, кога сме веќе кај тоа. Sarah Michelle e сепак само Sarah Michelle, американка, колку е само по ефикасно кога една наша рускиња ке заличи на неа - па и јас ко русин можам да бидам ко нив! Зошто не, види ја Надја! Можам и јас ко неа! :icon_lol: Тоа е веќе продавање култура на уникатен начин.

п.с. Упс Команечи е румунка, заменете Москва со Букурешт, и Русија со Романија. Иако не се менува поентата.
 
OBDN prenaporno e, sepak sme legen voda, a i steta za toa burekot dobar si bese!!! A tek prava pastarmajlija!!!!!
Voda na usta mi ide...ne more Cocta !!!!!
 
Што е пренапорно бетоне мој? Кока Колата? не е до неа, а у бурекот штета она не му направи! Али еј ако за ништо друго секогаш за добар изговор ќе ни служи... и за тоа не е потребен маркетинг.
 
Тоа што ти напиша ОБДН.

humanoid напиша:
Туку за овие работи не ми се обраќај мене како на комунист, туку кај оние што ти продаваат бате Петар :)

Сублимираните реклами беа само како шега, а за останатите работи малку позаинтересирај се, па после напаѓај дека продавам комунистички теории.
Или пак едноставно, погледни наоколу
 
PetarK напиша:
Тоа што ти напиша ОБДН.

Што ми кажа ОБДН а ти не можеше да ми кажеш? :)

Не измислувам ништо јас бате Петар, прочитај ја No Logo, па работите ќе се разјаснат многу убаво.
Овде не зборувам само за Македонија и проблемот со рекламирањето, туку глобално за целиот свет.
 
За жал немам време да се фатам со анализирање на No Logo, па нема да коментирам. Само ќе кажам дека тоа е прва книга која ме натерала да земам молив и да обележувам пасуси кои мислам дека се тешко срање.

Има креативни луѓе во Македонија и тоа доволно. Недостасуваат само добри копирајтери и типографи. Најголемата грешка што ја прават нашите луѓе кога отвараат агенција е што немаат стратегија. Отвараат фирма и чекаат некој да им се јави за му прават реклама. Немаат менаџери кои би ја бркале добро работата, немаат долгорочни кампањи.. И јас самиот работам хонорарно за повеќе маркетинг агенции па добро знам како стојат работите. Пазарот и можностите се менуваат, глупо е да се каже дека не можат да дојдат до работа од поголемите агенции. Има работа, само треба да ја добиеш.
Заклучок:Ни фалат менаџери во оваа бранша!
Не да е тешко да се дојде до клиент, туку речиси и невозможно е да го земеш ангажманота на DDB за CocaCola, или на Grey Worldwide за Procter & Gamble затоа што тоа се зделки договорени на светско ниво со точно одреден годишен буџет и глобален медиа план.
 
Јас да почнувам да бивам ароганта? Ај нема.... боље е ... :icon_lol:
 
PetarK напиша:
За жал немам време да се фатам со анализирање на No Logo, па нема да коментирам. Само ќе кажам дека тоа е прва книга која ме натерала да земам молив и да обележувам пасуси кои мислам дека се тешко срање.

Штета што не ти се допаѓа книгата, има премногу добри анализи и вистини во неа. Книгата ја ценат и ја порджуваат сите дизајнери, креативци, економисти, независни уметници...Односно на сите оние на кои им е преку глава од валакни игри во маркетингот и адвертајзингот, од злоупотребата на креативноста, од арогантното и сурово однесување на многу мултинационалки.
Книгата е многу почитувана, вистинита и напишана со голем труд за да се каже дека е срање.
Но секако, секој има право на свое мислење и свој вкус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom