Adobe Photoshop - совети, туториали, помош

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување
P

Princ

Гостин
@Dejan]: imam ideja edna. da pravime mnogu pomali sliki i ako nekoj saka da ja vidi podobro, da moze da klikne na nea i da ja vidi pogolema. ne znam kako da go objasnam, ama stom dobijam malku vreme kje go napravam i veruvam ke vi se dopadne :)

@DuFFy: ne te razbiram. kako dali jas sum go izmislil? Planetata ne sum ja izmislil jas, ama ako prasuvas dali jas sum ja napravil.. da, jas ja napraviv taa :)
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Mislev dali tebe ti tekna planeta da pravis ili na nekoj so znam tutoriali ili taka neso imalo kako da napravis planeta i ti si videl od tamu :):)
 
P

Princ

Гостин
planetata ne ja poseduva nikoj :) sega duri sum vo postapka da napravam soncev sistem. mi se moze be, so sea :) . do tuka stignav:

(klik na slikata za pogolema verzija)
utre ke ja objasnam celata postapka :)
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Bravo Bravo samo ako sonceto tamu zadnata strana na planetava nema da se gleda bas najubavo (ke bide vo senka) ama vo sekoj slucaj bravo za tebe :):)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Princ daj kazi ja postapkata pls!
 
P

Princ

Гостин
Сега ќе ви објаснам како да ја направите предходната слика (соларната еклипса).

Имајте предвид дека планетата (у прв план) е направена на првиот "час" (читај прва страна) и на оваа слика е искористена како објект само.
Ок, почнуваме:

1. Отвори нов фајл, големина 600x600 пиксели со бела позадина.
1.1Оди на Filter -> Render -> Clouds
1.2Оди на Image -> Adjustments -> Brightness/Contrast и затемнувај и намалувај контраст додека не добиеш една доволно темна површина, со само малку сенка. Јас ги наместив овие бројки и го добив ова:



2. Оди Layer -> New -> Layer и стисни ОК
2.1 На новиот Layer направи правилна кружна селекција со Elliptical Marquee Tool и обои го црно со четката.
*Совет: Држи Shift додека повлекуваш со маусот за да направиш правилен круг.



3. Ctrl + D за да деселектираш. Со десен клик кликни на лејерот кајшто ти е кругот (кај мене се вика Layer 1), оди на Blending Options и од менито одбери Outer Glow, смени ја бојата во бела и внеси ги овие подесувања



4. Додека си тука, кликни и на Inner Glow, смени ја бојата во бела и внеси ги и овие подесувања



5. Кликни ОК.
Отвори ја планетата, селектирај ги сите лејери освен позадината, кликни на планетата и влечи кон еклипсата (не можам да го опишам баш со зборови, ќе пробам со слики)
*Совет: за да селектираш повеќе лејери, држи CTRL додека ги кликаш поединечно.



6. Би требало планетата да е премногу голема. Додека сеуште ти се селектирани и двата лејера (планетата и отсјајот), кликни CTRL + T на тастатурата и смалувај ги од горниот лев агол додека држите Shift (за да го задржи размерот и да ја смалува планетата и по вертикала, и по хоризонтала).





7. Удри Ентер, помести ја планетата ако излегува од сликата (со едноставно повлекување наваму-натаму). Сега оди на Layer -> Flatten Image.
*Совет: Откако ќе ја "флетираш" (израмиш) сликата, сите објекти ќе се спојат во едно и нема да имаш можност ништо да промениш на еден објект. Затоа ова СЕКОГАШ се прави на крај, откако си сигурен дека нема потреба да смениш ништо и СЕКАКО еден примерок од работата си зачувуваш до пред да ја флетираш сликата.
Оди на Filter -> Rended -> Lens Flare. Јас користев 130% Brightness и 105mm Prime Lens Type. Позиционирај го светлото и кликни ОК.

Резултатот е ова :)

 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Па ај да се фатам за работа:)
 
P

Princ

Гостин
Се извинувам за каснењето ама тоа е.. Очите ми паднаа средувајќи го ова :)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Па јас добив ваквко нешто (хаха копија:))
 
P

Princ

Гостин
planetata izgleda ubavo. eklipsata mislam podobra bi bila da bese svetloto malku podole :)
aj utre ke ve olabavam malku so planetive i ke smenime subject ;)
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
eve ja mojata cudno oboena vselena

da ne bide samo deXterche ide na cas :)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
:) Па ај што појке то поубо
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Princ kako ne te mrzi da go pravis ova, mora mnogu da go sakas Photoshop :):):):)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom