Уште не научивме дека вакви специфични закони кои засегаат многу луѓе, не се носат по скратена постапка преку ноќ, потребни се дебати, да се искажат аргументите За и Против, да се испеглаат разликите и да се најде некој закон кој нема да задира во нечии права. Самите со ваквата постапка прават јавноста бурно да реагира и да не прифаќа ништо. Ама ајде, има уште многу додека созрее државава.
Сексуалните односи се интимна работа, што вас ве занима дали некоја жена абортира еднаш или сто пати во годината. Имате дома тефтер и ги класифицирате во домаќинка или непоштена или ви одговара да го пикате носот каде што не му е местото. Гледајте си свој двор, кој што сака нека прави, негов живот негова одлука што со него. Доста со тоа судење.
Уште малку ќе ни идат во ненајавена проверка како ја правиме онаа работа, колку често, кои пози ... и на крај ќе ти остават „Службен весник“ за да си научиш и да се поправиш каде грешиш. Ако следниот пат не поминеш со двојка - кастрација и стерилизација.
Џабе ти се репродуктивните органи кога не ги користиш законски.
