Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Темата е насочена кон законски дали треба или не треба да постои абортусот.
А не дали ние лично кому би суделе, затоа и постојат овие прашања ,,а што ако,,.

Хмм по насловот би го помислила спротивното.
 
Јас одлучувам само за себе.
Онака чисто за размена на мислења ке се изјаснам како За абортус за оние кои одлучиле така и Против за сите оние ситуации во кои некој за себе си одлучил така.
Како можеме ние од страна да одлучуваме дали некој смее и дали треба или не треба да одлучи да ја прекине својата бременост?
Џабе везиме дека при силување е подобро нечија бременост да биде прекината ако самата таа особа одлучи да го роди и обратно.
Ова со силувањето е само еден од неколкуте контрадикторни примери за кои најчесто читам препукувања и затоа го земав како пример.
Ние може еден со друг да се советуваме но не и еден за друг да одлучуваме.
 
секој си има право на избор дали че роди или не , за себе. Останатите може само да пробаат памет да солат. точка.

Се слагам. Реков пет пати, ќе повторам уште толку очигледно. Поддржувам абортус, сметам дека законски не треба да е еквивалентен на убиство. Но, сметам дека абортусот се прави од себични причини, без исклучок. Точка.
 
Хмм по насловот би го помислила спротивното.

Сите ние имаме ставови, а ставовите не се привилегија. Секој може да има став.
Наголемо тука се дискутира (ше) за законските одредби за абортусот.
Затоа и во голема мера (барем беше) темата усмерена во тој правец.
--- надополнето: 27 април 2013 во 02:44 ---
Се слагам. Реков пет пати, ќе повторам уште толку очигледно. Поддржувам абортус, сметам дека законски не треба да е еквивалентен на убиство. Но, сметам дека абортусот се прави од себични причини, без исклучок. Точка.

Многу црно бело гледаш :)
Од едната страна е жрвувањето, од другата страна е себичноста, но некаде, помеѓу, има една сива зона, која што не би требало да ја заборавиме.
 
Што има да оправдуваме или не?
Еве наскоро следи по еден одобрен абортус годишно.

Чим Единствениот вика може, тогаш стварно може :)
 
Абортус по желба само еднаш годишно

Автор: Редакција Рингераја | 28.5.2013
e5ad691455acf8b05a83326088b2915f.jpg



Власта одлучи: Aбортирајте, ама само еднаш годишно!
Прекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година, освен во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност за животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањетo; пишува „Дневник“.

Втор абортус во иста година ќе биде можен и кога може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци или кога до зачнувањето дошло со извршување кривично дело - силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење, како и кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други услови што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.

Како што пишува „Дневник“, ова се предвидува со предлог-законот за прекин на бременост, кој по скратена постапка влезе во собраниска процедура.

Ако жената сака да ја прекине бременоста по 10-тата недела, ќе мора да има одобрение и од првостепена комисија за прекинување на бременоста. Оваа, како и второстепена комисија за прекинување на бременоста, ја формира министерот за здравство за секоја здравствената установа во која се врши абортус.
 
Очекував вакво нешто од актуелниве. Бар ова не се коси со нивните (заборавени) принципи на демонхристијанството. А ни на тие што навиваат кога ќе даде Мекејлеб кош, нели, ова е единствен начин... ЕДИНСТВЕН начин да имаме 40 промили наталитет. Ако сакате да имате Гоцева раса нели.

Колку е глупо, ама пак и народот не е поарен, така да :D
 
Јас не гледам потреба од закон, али па им личи бе. Слика прилика се со закониве. Иако не гледам ништо страшно во одлукиве кои ги донеле. После 10та недела и онака е ризично.
Али закон за абортус :facepalm: Може да падне на Уставен овој?
 
Како што пишува „Дневник“, ова се предвидува со предлог-законот за прекин на бременост, кој по скратена постапка влезе во собраниска процедура..
Се разбирам ама ова некако не го разбирам. Знае некој зошто е брзањето па да мора по скратена постапка да се носи?
 
Се разбирам ама ова некако не го разбирам. Знае некој зошто е брзањето па да мора по скратена постапка да се носи?
Веројатно за да не се крева поголема бука околу законов.
 
Се разбирам ама ова некако не го разбирам. Знае некој зошто е брзањето па да мора по скратена постапка да се носи?
Е како не разбираш, па ако сите дознаат дека се носи таков закон, ќе има ракција (каква-таква) од плебсов, ќе рипнат женски организации, ќе се удри по жените од вемере-то, па ќе бидат под притисок да не гласаат за таков закон, и ќе си имаат (какви-такви) проблеми. Е сеа, зошто тоа да го праат, ќе си одлучат дека се носи овој закон по итна постапка :facepalm: без никој да примети ќе си го изгласаат сите од власта, вклучително и жените вемеровски, кои очигледно немаат совест, и завршена работа. А кај нас се‘ поминува и се заборава за максимум 3 дена, и тоа е тоа. Пошто според власта, они не треба да работат за народот, туку за себе, логиката е ние тепавме на избори па сеа вие једете го.

п.с. И законот за бранители беше по скратена итна постапка. Oh, wait..
 
Splendora; може ова да падне на Уставен?
Во нормална држава секако би паднал. Уствари, во нормална држава нема да донесат ваков закон, во најмала рака без консултација со својот народ од кој што се избрани и за кого носат закони.
Е сеа, пошто овде се работи за нашата држава, особено и со новиот состав на уставен суд, кој владеачката партија си го компонираше по сопствен вкус, (што беше тоа поделба на власта) тешко дека ќе помине иницијативата, не само на наша жал, туку и за жал на слободата на избор и правната држава. Ех, сега и јас претерав, како да се битни овие работи..
 
Не се нормални.
 
Очекував вакво нешто од актуелниве. Бар ова не се коси со нивните (заборавени) принципи на демонхристијанството. А ни на тие што навиваат кога ќе даде Мекејлеб кош, нели, ова е единствен начин... ЕДИНСТВЕН начин да имаме 40 промили наталитет. Ако сакате да имате Гоцева раса нели.

Колку е глупо, ама пак и народот не е поарен, така да :D

Малку ви е еднаш годишно а...
Ебати ѓупската "работа".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom