Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Може да се вратиме во времето кога жената немаш право на глас?

Слични аргументи даваа и тогашните политичари, сите мажи, конзервативци, и посветени христијани.

Нели, бидејќи гледам многу од вас религијата ви дише во врат околу ова прашање, па еве, ако веќе не го оправдуваме тоа, да се вратиме уште малку поаназад?
 
Најсмешното е шо грото од радикалите се жени, ама чисто од мисконцепцијата на то шо во реалност носи илегализацијата на абортусот.
 
Што е со спонтаниот абортус? Во која категорија го сместувате?
 
Што е со спонтаниот абортус? Во која категорија го сместувате?

Природно прекината бременост, заради стрес, слаба мускулатура на матката, или некои дефекти околу плодот или мајката.
 
Што е со спонтаниот абортус? Во која категорија го сместувате?

Спонтаниот абортус е ненамерен. Се случува без волја и намера на трудницата да се прекине бременоста.

Просто е.
 
Тоа ми беше муабетот! Значи темава е „абортус општо“, за и против, НО, има случаи каде што е спонтан, од одредени причини плодот не може да се доноси, но има и случаи каде жената поради одредени причини мора да го абортира плодот.
Не може да се споредуваат 15 - 6 годишни девојќи, тинејџерки, кои абортираат за „да се спасат од срамот“ или бетер кажано од „маката“ и жени кои абортираат од некаква друга причина. Треба да се разграничат многу работи.
Факт дека абортусот е убивање, но треба да се имаат в предвид и многу други работи. Треба да се внимава малку повеќе со термините кои се употребуваат. Секоја мајка која се одлучила на тоа си знае како и е во душата и си ги знае причините за таа одлука.
Реперкусиите кои ги има абортусот се огромни.
 
Па затоа не е се црно бело.

Секоја планина со своја тежина, ништо нетреба однапред да се осудува. И не за џабе е ставен во законска рамка, значи има оправдување зошто постои и е легален.
 
Абе како така не смее да се абортира одма на бесилка тие што абортираат, си имаат мака, зашто рекле старите да не си му во кожа на човек кога нешто тргнало наопаку, не е секој способен сам да чува дете, тука голема улога игра и психа, што ќе рече народот, така сме раснети нема што, мразам оние што не чуле за контрацепција па идат секој 2 месец абортираат и тоа него бива, арно ама има моменти кога осем абортус на некои девојки друго ништо не им се гледа како излез во безизлезна ситуација.
 
Дали сме или против абортусот ,тоа е индивидуално размислување и секој има право за свој став по тоа прашање.
Абортусот е цензуриран и ставен во законски рамки од едноставна здравствена причина .
Некој погоре спомна повеќето абортуси се правеле за де се заштитат од СРАМ се прашувам од каков срам ,од тоа што се дупеле а никој незнае . се лажат , сега сите девојчиња имат некакво си сексуално искуство , некои сигурно со заштита некои ризично со забременување сето тоа е исти к*рац .
 
Абе како така не смее да се абортира одма на бесилка тие што абортираат, си имаат мака, зашто рекле старите да не си му во кожа на човек кога нешто тргнало наопаку, не е секој способен сам да чува дете, тука голема улога игра и психа, што ќе рече народот, така сме раснети нема што, мразам оние што не чуле за контрацепција па идат секој 2 месец абортираат и тоа него бива, арно ама има моменти кога осем абортус на некои девојки друго ништо не им се гледа како излез во безизлезна ситуација.

Има огромно шаренило помеѓу радикалното не и оправдувањето на абортусот.

Ако тој е ставен во законска рамка и како таков нема ограничувања во неговото ползување тогаш не се важни причините поради кој една жена - девојка се одлучува за абортус. Никој нема право да ја плука.
 
Никој нема право, арно ама ги плукаат, значи тешко на таа што останала бремена а не во брак, како да се сврти од секаде ќе биде исвиркана на некој начин, ако не абортира и го задржи детето одма муабетите искачаат си лечат комплекси врз тие девојки, ако абортира убиство сторила, значи општествово ние што да ти кажам, секогаш се грижиме за туѓите грешки а сопствените не ги гледаме, затоа плукаме по другите лечејки си ги своите рани, неможе да се искорени тоа со таков генетски код сме родени, јас лично никого не обвинувам, и сум кажала милион пати на темава полесно ќе прифатам абортус на време одколку откажување од своето чедо и препуштање на тоа мало суштество на само себе или на нашите ептен стручни социјални органи.
 
Во целост те поддржувам и се согласувам со тебе.
 
ДаБиче, не те разбирам што сакаш да кажеш.
Ако ти е насловот на темата - изненадување, односно нешто што не си планирала да се случи, а се случило - има чаре. Ако нештото (а нештото е нешто до третиот месец на бременоста и не се обидувај со патетичниве слики да не' порасплачеш) се случува во моето тело, одлуката е моја. Нема зошто да се консултирам со инцидентниот (за изненадување збориме, не) креатор дали јас треба да абортирам или не.

Ако јас замавнам доволно силно со тупаницата и те акнам во стомак и ти притоа го изгубиш плодот, дали ќе одговарам кривично за тоa?
 
Ако јас замавнам доволно силно со тупаницата и те акнам во стомак и ти притоа го изгубиш плодот, дали ќе одговарам кривично за тоa?

Ахам, се одговара по член 129 став 3 од КЗ, казна затвор од година до пет.

--- надополнето ---

Ако нештото се случува во моето тело, одлуката е моја. Нема зошто да се консултирам со инцидентниот креатор дали јас треба да абортирам или не.

Одлуката била донесена во моментот кога ти, во плодни денови, без заштита, си се плескала со “инцидентниот креатор“.
Ти самата бебе не можеш да направиш, така да немаш ни право самата да одлучиш за неговата судбина.
 
Гледам дека има овде луѓе што го знаат правото во врска со Абортусот...

Имам пријате, бившата му збори дека е трудна од него, одбива да оди да провери преку крв во лабораторија, и го мавта дека 3 пати направила тест оној со тоа стапчето и демек бил негативен демек матката и била подоле(безвезе).

Прашањето ми е, како дечкото да и одговори фино и лепо дали постои некој закон кој го заштитува оној другиот од ваква уцена? Дали постои заштита законска на другиот бидејќи девојката одбива прегледи?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom