Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Едно прашање до сите што се против абортус.
Дали вие секој ден месите по еден леб и го праќате во Африка?
Бидејќи има деца кои умираат од глад, а нели и тие се деца и тие имаат право на живот....А?

А тие умираат од глад затоа што нема доволно храна или затоа што системот е таков да немаат доволно парични средства па да преживеат?
 
Дали вие секој ден месите по еден леб и го праќате во Африка?
Хм, Африка е башка приказна...по семејство во Сомалија 7 деца, во Уганда 7, во Того 6, Јемен 7.6, Замбија 5.6 ...
http://www.pregnantpause.org/numbers/fertility.htm
башка треба да се прашаат за тоа државите кои им ги црпеле и црпат ресурсите.

Има и кај нас гладни деца...ама па за да нема, треба ем да им работат родителите или да функционира социјалниот дел (значи системот) ем пак у игра е уката за заштита, привремена, постојана...постојат многу начини да се спречи секојгодишното зачнување (што се вели легни, затрудни) на понеуките слоеви граѓани. Абортус ептен ако се мора ама секоја година да се мора.
 
Не е битна причината од што умираат. Прашањето беше конкретно а конкретен одговор никој нема дадено.
Не ми е јасно како на некој можи да му пречи ако се згасне детски живот преку абортус а пет пари да не дава ако некое умре во агонија
 
АБортусот не е проблем, проблемот е неукоста на некои слоеви граѓани и недоволната информираност за контрацептивните средства.
И тие организации кои трошат пари во кампањи против абортусот, треба всушност да трошат пари во поголема информираност на граѓаните. Со тоа ќе го решат вистинскиот проблем, со забранувањето на абортусот не се решава проблемот туку се забранува привременото решение.
Но, за џабе зборам, повеќето кампањи се финансирани од десничарски политички партии и религиски организации, а знаеме дека десничарите и религиите се најголемото зло на планетава.
 
Не е битна причината од што умираат. Прашањето беше конкретно а конкретен одговор никој нема дадено.
Не ми е јасно како на некој можи да му пречи ако се згасне детски живот преку абортус а пет пари да не дава ако некое умре во агонија
А од кај знаеш дека пет пари не давам, малку од малку да прочиташ мое мислење на форум и ќе го знаеше мојот став во врска со луѓето кои што гладуваат или се жедни за питка неотровна вода.
 
А тие умираат од глад затоа што нема доволно храна или затоа што системот е таков да немаат доволно парични средства па да преживеат?

А кај нас или еве други случаи во светот, сите тие да не имаат финансиски средства да израснат дете? Или уште едно дете? Како и да е?
 
Не е битна причината од што умираат. Прашањето беше конкретно а конкретен одговор никој нема дадено.
Не ми е јасно како на некој можи да му пречи ако се згасне детски живот преку абортус а пет пари да не дава ако некое умре во агонија

Веројатно затоа што гладните деца се надвор од нашето видно поле, нешто што знаеме дека постои и нешто што некој таму го решава. Иако не ни е баш јасно кој тоа го решава и на кој начин, се задоволуваме со информацијата. Реално и не ни е многу грижа за нив. Најчесто и ако ги сретнеме на улица, не ги гледаме. Оноа што е опипливо (и видливо), на пример, е комшиката или пријателката што абортирала. Тоа што "знаеме" дека во МК се правеле 30000 нелегални абортуси годишно (и уште не знам колку легални). На вакви бројки секој паѓа на колена, особено кога сака да внесе малку драма во своето досадно секојдневие (истовремено сакајќи да го спаси македонскиот народ од исчезнување-особено кога ќе се загледа едно 200години во иднината). Кога се работи за туѓ живот, дефинитивно сме на чисто што е исправно а што не е. Мислам дека проблемот не е околу тоа дали "се гаси детски живот". Проблемот е нашата преокупација со туѓиот избор и потребата да осудуваме. Реално, никој од нас не меси леб за питачите од скопските улици. Ниту пак превзема нешто за оние јадни деца што дишат лепак наместо воздух. Но, голем дел е озбилно загрижен за нешто што сеуште не е дефинирано како живот. Со својот СТАВ против абортусот, загрижените за опстанокот на човековиот вид (и одржување на моралот) имаат контрола (над туѓиот избор). А контролата е нешто што сите сакаме да го имаме. Можеби, пак, собираат поени за во Рајот; никој не може да знае точно, но мислам дека се работи за нечиста совест (запрљана од непревземање на нешто конкретно), што се обидуваат да ја изгланцаат со "спасување" ембриони. Зошто инаку не остануваат во сопствените рамки, живеејќи според сопствените видувања и убедувања?
 
Демек либералната ни дама па не сака да се меша во туѓите животи...ха, од муабетот твој мене повеќе ми се чини дека ти пробуваш да си го ставиш блескавиот венец на глава и да склопиш раце. И зошто се запрепастувате од таква бројка кога и самите сте свесни дека болниците вријат од абортуси. Огромна е бројката но и точна (дур јас мислам е и поголема) а секогаш кога нешто не ни одговара пробуваме да го сокриеме или намалиме.
 
На бројките 30.000 and counting, веруваат само тие што имале кец по математика.
Ах да, веруваат и..... ангелите што шетаат по земјава. :)
 
Да си се повторам за бројките и се друго :)

Ај сеа прво официјалната бројка е 6000 и опаѓа . Второ во македонија не е илегален ниту скап арбортусот за да одат на диво. Трето оваа шпекулација со бројки е натешката манипулација што ја имам прочитано. Македонската популација старее а со тоа и плодноста и опаѓа.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5677955,00.html

Четврто тие „душегрижни“ христијанки за живот итн се појавија истиот момент кога вмро ја започна кампањата за деца повеќе. Ова е само начин да се принуди македонското население да се репродуцира за да биде после експлатирано како најдолно животно и третирано како куче.
Значи најдолен вид на луѓе ги сметам тие prolifers кој реално ги заболе за луѓето и животот на другите воопшто и притоа се сметаат себе си за подобри поради тоа што ќе исфилуваат ред лаги откако статистиката кажува нешто друго само за да ја опрвдаат егзистенцијата на нивната организација која од бог знае каде се финансира.Меѓувреме хеј гледај ги слаткине бебиња а гугуг. Како да нема доволно деца во државава врз кои кој стигне се изживува, силува, тепа . Или пак им снема лесно достапни деца и адолесценти за по жолти куќи и вадење органи, пошто целиот Балкан е зафатен од бела чума и рапидно стареење на населението.

Како бе мајката не им текна на тие душегрижни луѓе кои толку многу сакаат да не се абортира да ја зголемат свесноста за контрацепција а со тоа да се намалат несаканите бремености. Како бе не им текна да ги гонат сите тие работодавци кои отпуштаат бремени жени и ги принудуваат да бираат меѓу работно место и бременоста. Како бе не им текна да помагаат на самохрани мајки.
Како бе не им текна да ја повикаат власта да ја зголеми вработеноста за да фамилии да не арбортираат деца поради финансиска несигурност.

Мора да ги сака човек тие домаќинки, самопрокламирани херои кои бројот на мозочни клетки кои го употребуваат е еднаков на нула. Во обид да си ја оправдаат својата себична безначајна егзистенција лиферуваат со бројки и им го отежнуваат избирањето на илјадници жени со тоа што ќе ги нарекуваат чедоморки, себични или плашат дека тоа екстремно опасно за нив. Пиши им на тие сусштества од канализацијата кои го пишуваат тоа лајно од сајт да ја вежбаат својата морална оправданост, чистота и загриженост на некоја друга област во оваа држава како згрижување на деца кои се злоупотребувани. И да перат пари со друг изговор. Ѓубриња. Како доволно маки да немаа моите комшии кои мораа да бираат меѓу ранење на своите две деца и нероденото кога одлучуваа што да прават па одозгора некоја крава ќе им всадува додатна вина зошто избрале абортус. Не виделе они ништо .
 
На бројките 30.000 and counting, веруваат само тие што имале кец по математика.
Ах да, веруваат и..... ангелите што шетаат по земјава. :)
А под која група спаѓате вие што не верувате на бројката? :)
 
-бројот на регистрирани абортуси е во опаѓање од 665,1 абортуси на 1000 живородени во 1991 до 272,9 на 1000 живородени во 2006, односно 6690 абортуси во 2006
-стапката на матернална смртност од 21.8 на 100 000 живородени во 1995 на 4,4 100 000 живородени во 2006
-доенечката смртност од 28,2 на 1000 живородени во 1991 на 11,5 во 2006
-користењето на модерна контрацепција во Македонија е на многу ниско ниво
-стапка на општ морталитет е во пораст од 7.3 1991 до 9.1 2006

http://www.hera.org.mk/default.aspx?pArtID=13

Кратко инфо.
 
оправдувам абортус доколку некоја е силувана и остане бремена или пак ако е ризична бременост а за се останато никако неоправдувам......
 
Општо не оправдувам абортус,оправдувам само во исклучителни ситуации како што е комплицирана бременост и сл.Сметам дека младите генерации што доаѓаат воопшто не се информираат,ниту пак се трудат.Како прво значи не се за џабе измислени презервативите,да спречат несакана бремност и сексуално преносливи болести.Но кому му е па грижа,е така велат сите ама кога ќе дојде јајцето на газот оф леле мајко,што ќе се прави.Е,тогаш е тешкото.Знам неколку примери кај девојчиња на кои им се искомплицирал абортусот и кои сеуште жалат поради таквата одлука.
 
Дали некој оправдува абортус или не зависи од конкретниот случај. Прашањето треба да биди дали сметате дека абортусот треба да е забранет со закон и до кои екстреми да биди забранет.

И шо ако е забранет со закон, кој тогаш смее да одобри абортус при евентуални компликации или па индикации за можни компликации во понапредни стадиуми на бременоста? Како ќе изгледа тој закон на хартија дефинирам јас не можам да си претставам, не е можно во легислативни термини да се дефинира кога би бил дозволен абортус. Во краен случај докторот добива ултимативно право да одлучи кој може и кој не може да има абортус. И ова единствено ќе доведе до нелегални абортуси, кој со сигурност ќе сносат поголеми последици од легалните.

Има прагматична страна зошто абортусот е легален и неговото илегализирање не гарантира намалување на бројот на абортуси, единствено шо гарантира е зголемување на последиците од истите. Наместо да се размислува за вакви конзервативни уназадувања, треба да се разговара за легализирање на дрога, проституција и други безсмислено илегализирани работи.

Со закон не се гради морал, човек ако е нечовечен, никој закон нема да го направи светец.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom