АБА лига 2013/2014

Статус
Затворена за нови мислења.
Епа еве, еден од фаворитите за испагање од лигата ја победи Звезда 20 разлика.Значи и од екипата на Звезда си разочаран :D

Имаат еден центар ( Бркич ) кој е чист просек и додека играше ЦЗ преку центрите играа кош за кош со Задар ( дека во одбрана цел натпревар не одбранија ништо ) потоа задар внесе четворка која ја користат нешто како "лажен центар" Красич и ЦЗ почна наместо преку центар да игра преку четворки а притоа од тоа на терен може да се заклучи дека немаат ни еден напад увежбан.

-Задар даде може третина од поените во транзиција и преку контри после одбранета топка,Црвена Звезда еден мислам кош даде преку контра поради еднсотавната причина дека НЕ ОДБРАНИЈА НИШТО

-Наместо да играат преку центар цело време и да го напунат Бркич уште во прво полувреме со едно 3 лични ( дека мора да направи лична порано или покасно ) и после цело време преку центар да ги јадат они кога влезе Красич земаа преку четворки да играат а за тоа треба тактика и увежбани акции нешто што они го немаа.

-Два пати и против Сплит и против Задар еден играч ги пуни со тројки.Тоа веќе не е до "тргнување" туку до неиграње одбрана.А Задар не е Америчка репрезентација па да не знаеш кој шутер да чуваш.

-Чович Јуниор во Пелистер мислам не би го примили.Одвај може да пренесе топка преку центар.Еј им даваат 2 технички ( 6 слободни + напад ) на Задар со резултат +7 за Задар промашува Чович 2 слободни и на крај и губат топка и добиваат техничка и Задар се враќа на +5.:facepalm:

-Правење лични на 15 секунди до крај и скоро +20 разлика,што сакаа со сила да ги однесат Задар до 100ка :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

Не сакам да правам прогнози дали МЗТ ќе тепа или не ( највеќе за после да не мора свои зборови да си повлекувам ) али мора да кажам дека ваков Задар МЗТ би го и ќе го пикне во кутија за кибрит.


Посакувам ваква ЦЗ да дојде во 6 то коло во Скопје за лесни 2 поена.




.



.
 
И понатаму мислите дека ке биде Звезда Дива пред институција како Партизан?:pos:
 
Немој да ме јебеш дека играчи како Врбанц,Каштропил,Простран,Рамљак и ред други играчи од хрватска А1 лига се некоја јака екипа.Позитивно сум изненаден што на хартија ваков крш состав игра вака добро,а негативно сум од Звезда и Партизан.Мада ај,прво коло беше за Партизан тоа,али Звезда......

Сакаш да кажеш дека презимињата играат некоја улога ? Си се заебал многу :)
 
Врбанц е меѓу најдобрите шутери во Јадранската Лига,Простран е голем талент,но имаше ми се чини тешка повреда.Задар има одличен состав Ромео Тревис прави голема разлика и Врбанц а сега го доведоа и американецот Ален.
 
Сплит на чело со Вујичиќ и неговите 34 години ја згази Цедевита :eek:
Џабе милионите Божо, џабе :D
 
Денешни резултати од АБА Лигата

Цибона - Партизан 80:72
Сплит - Цедевита 74:71
 
Денес Звезда пак губи, овој пат од Олимпија. Тешко гостување за МЗТ, мислам и прв пораз. Задар ги зема Крка како баба внуче.
 
Многу лоша игра на МЗТ, моментално 20 разлика губат, се опуштија со две победи на почеток, и мислеа ќе им се плашат наредните противници, ама не е баш така.
Бодови реално треба да бараат на домашен терен..
 
Денес Звезда пак губи, овој пат од Олимпија. Тешко гостување за МЗТ, мислам и прв пораз. Задар ги зема Крка како баба внуче.
За малце и ќе погодеше, ама Браун и другови не те послушаа:D
 
Следно коло Фмп пардон Црвена Звезда Београд Дива гостува во Загреб кај Цедевита,пак ке биде весело:D
 
Следно коло Фмп пардон Црвена Звезда Београд Дива гостува во Загреб кај Цедевита,пак ке биде весело:D

Убаво си кажа бе Фмп, нема што да се поправаш :D
 
Вечер од 20:30 два натпревари ..

Крка - Задар
Раднички - Игокеа

ваши типови ??
 
За малце и ќе погодеше, ама Браун и другови не те послушаа:D
Човиќ беше на клупа затоа и победија. Иначе не му беше денот на Пејџ.
И Крка изненади, си ја заврши работата во првото полувреме.
 
Крка изенади?Ма немој Крка е подобар тим од Задар у секој поглед,не мора да значи ако Задар ја победи Звезда дека е многу јак.Игокеа е вистинско изненадување оваа сезона.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom