A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата bballfan
  • Време на започнување Време на започнување
neli vtoriot paket bese za 99 den, zosto sega dvata za 800?
Вториот е за +99 ако имаш некој од пакетите со три или две услуги. Новата понуда е ако сакаш само ТВ да земеш без ништо друго.
 
Да не има некои нови канали(чисто да знам дали да пребарувам)???

HBO до 1 Јуни ќе бидат или...???
 
Канал 5, Сител, Телма, Алсат, Алфа донесоа закључок за да се исклучат од БУМ ТВ.
 
Канал 5, Сител, Телма, Алсат, Алфа донесоа закључок за да се исклучат од БУМ ТВ.

туф туф ... ами сега :) ц ц ц
шо ќе праат оние кои потпишаа договори ? :)
 
Мислам дека мора да се согласат од БУМ ТВ да ги емитуваат македонските канали бесплатно за овие да се согласат пак да ги вкључат во пакетот.

Уствари нема што да се согласува БУМ ТВ, така си е по закон, тие не го почитуваат законот, ама нема кој да направи хајка против нив, сегде имаа реклами.
 
Еј вистина е дека Pink срањата ќе ги давале исклучиво САМО на Бум ТВ?
 
ova se samo igri megu televiizite...borbata e protiv A1 i velija.sve ova ke se sredi.isto kako sto se sredi so A1.pa ova e Makedonija....majku mu :)))))
 
Канал 5, Сител, Телма, Алсат, Алфа донесоа закључок за да се исклучат од БУМ ТВ.

извор ?!

Реклама на Бум тв оди на Сител телевизија, а тие ќе се исклучуваат од неа, малце нелогично.

А со А1 телевизија пак ја скапале црпката, ја нема баба Ратка на реклами или пак има скинато конци :):), се префрли бум тв сега пак на сител, гледам редовно даваат реклами.
 
сите му завидуваат на Велија за добриот бизнис дил со Бум во Хедис
 
сите му завидуваат на Велија за добриот бизнис дил со Бум во Хедис

Нема веќе бизнис дил друже Бум со Хедис колку што можам да забележам, а и колку што сум инфорирман . :toe:
 
Што се однесува до мене, можат слободно сите телевизии што ги фаќаме на антена да ги изгасат и да стават нешто квалитетно на нивно место.
 
Бум ТВ пиратски го пренесува сигналот на Канал 5, Сител, Алсат-М и Телма

Од денеска Бум ТВ нелегално го емитува сигналот на 4 национални телевизии. Откако вчера поради нерасчистени деловно-технички односи телевизиите Канал 5 , Сител, Алсат-М и Телма не дадоа согласност за емитување на нивната програма на платформата Бум ТВ, денеска оваа компанија започна со пиратско емитување на програмите на четирите национални телевизии.

Иако Бум ТВ нема потпишан договор за реемитување на програмските сервиси на највлијателните телевизии, ниту има техничка можност за емитување на дигиталниот сигнал, словенечката компанија спротивно на легислативата за авторски права го пресретнува аналогниот сигнал на Канал 5 телевизија и сеуште бесправно го емитува и го продава како дел од своите пакети.

Канал 5 нема никаква одговорност за лажните информации според кои корисниците на Бум ТВ ќе можат да ја следат програмата на националните телевизии. Ги информираме сите сегашни и идни претплатници на овој сервис дека нема да бидат во можност да ги следат Лигата на Шампиони на УЕФА, Англиската премиер лига, Италијанската Калчо лига и другите атрактивни филмски, забавни и спортски програми на Канал 5 , Сител, Алсат М и Телма.

Извор: Канал 5 ТВ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom