Бум ТВ пиратски го пренесува сигналот на Канал 5, Сител, Алсат-М и Телма
Од денеска Бум ТВ нелегално го емитува сигналот на 4 национални телевизии. Откако вчера поради нерасчистени деловно-технички односи телевизиите Канал 5 , Сител, Алсат-М и Телма не дадоа согласност за емитување на нивната програма на платформата Бум ТВ, денеска оваа компанија започна со пиратско емитување на програмите на четирите национални телевизии.
Иако Бум ТВ нема потпишан договор за реемитување на програмските сервиси на највлијателните телевизии, ниту има техничка можност за емитување на дигиталниот сигнал, словенечката компанија спротивно на легислативата за авторски права го пресретнува аналогниот сигнал на Канал 5 телевизија и сеуште бесправно го емитува и го продава како дел од своите пакети.
Канал 5 нема никаква одговорност за лажните информации според кои корисниците на Бум ТВ ќе можат да ја следат програмата на националните телевизии. Ги информираме сите сегашни и идни претплатници на овој сервис дека нема да бидат во можност да ги следат Лигата на Шампиони на УЕФА, Англиската премиер лига, Италијанската Калчо лига и другите атрактивни филмски, забавни и спортски програми на Канал 5 , Сител, Алсат М и Телма.
Извор:
Канал 5 ТВ