Ако е вака, нека си седи ресиверот. Не им давам за промена на технологија 100-че. За сигурно ќе ги прашам на ФБ. Фала ти.
Немој да ме разбереш погрешно, но јас лично мислам дека само за вториот телевизор ќе плаќаш дополнително 100 денари месечно, а за овој другиот кој веќе има кабелски CA модул, воопшто нема да ти наплаќаат дополнително.
Кај мене имавме 2 кабелски рисивера и плаќавме дополнително 200 денари за вториот телевизор. Откако го префрливме во декември 2013 првиот телевизор на кабелски CA модул, месечната сметка се намали за 200 денари, бидејќи кабелскиот CA модул за првиот телевизор влегува во редовната месечна претплата.
Ако на тебе првиот телевизор ти е` со кабелски рисивер, а вториот телевизор ти е` со кабелски CA модул, така што плаќаш дополнително 100 денари месечно за вториот телевизор, тоа би требало да значи дека со префрлување на првиот телевизор на кабелски CA модул, сепак ќе продолжат да ти наплаќаат дополнително 100 денари месечно само за вториот телевизор кој веќе ти е` со кабелски CA модул, а кабелскиот CA модул за првиот телевизор ќе влегува во редовната месечна претплата.
Но убаво велиш, најдобро е да ги прашаш во салонот, многу работи се променија од 2013 година па наваму, да не испадне дека те дезинформирам.
