A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Не, за жал нашиот Вип не се нафаќа на такви работи. Еве, И од следната сезона ЛШ нема да има на Вип, т.е. правата од 2018-2021 ги има откупено Македонски Телеком.

Дали МРТ ќе продолжи со емитување на 1 натпревар не знам навистина бидејќи како иматели на права од земјиве на Балканот само МРТ не ја пишува за Македонија, ХРТ за Хрватска, РТС за Србија, за Македонија е Македонски Телеком.
32f65155419c330b99e025e15c2e6317.jpg
 
Последно уредено:
И од следната сезона ЛШ нема да има на Вип, т.е. правата од 2018-2021 ги има откупено Македонски Телеком.

Голема новост. :tapp:

Нека земат нека ги вратат Djazz и Brava, и нека додадат по некој добар филмски канал.

Чаршиските муабети од Македонски Телеком велат дека од јануари 2018 па понатаму - не знам точно кога, можеби дури пролетта 2018 или летото 2018 - Македонски Телеком ќе воведува нови Магента пакети со пониски месечни претплати. Но сепак се чаршиски муабети, што значи дека можно е да се чисти измислици.

Нека се освестат овие випосаниве и нека воведат по некој асален ТВ канал во основниот пакет, или нека воведат оптички Интернет до краен корисник како што тоа го прават Македонски Телеком, Телекабел и Неотел.

Во спротивно, со статус кво телевизиска понуда и со статус кво Интернет понуда нема уште долго време да се шлепаат на моја претплата.
 
Голема новост. :tapp:

Нека земат нека ги вратат Djazz и Brava, и нека додадат по некој добар филмски канал.

Чаршиските муабети од Македонски Телеком гласат дека од јануари 2018 па понатаму - не знам точно кога, можеби дури пролетта 2018 или летото 2018 - Македонски Телеком ќе воведува нови Магента пакети со пониски месечни претплати. Но сепак се чаршиски муабети, што значи дека можно е да се чисти измислици.

Нека се освестат овие випосаниве и нека воведат по некој асален ТВ канал во основниот пакет, или нека воведат оптички Интернет до краен корисник како што тоа го прават Македонски Телеком, Телекабел и Неотел.

Во спротивно, со статус кво телевизиска понуда и со статус кво Интернет понуда нема уште долго време да се шлепаат на моја претплата.
Па и не е мала вест, во зависност од МРТ, како и што кажав порано и како што се гледа на прикачената слика, Македонски Телеком се единствени за ТВ правата. МРТ ја нема на листата што ќе биде уште еден голем минус за корисниците на ТВ услугите од другите оператори, така да Телеком така ,,ќе се забетонира,, со спортската понуда. Имаат Арена, сите СК, сега и права за ЛШ, вип остана со СК 1-3. Инаку да, добродојдено е намалувањето на цените особено на оптичкиот интернет. Е тек тогаш Вип што ќе прават ќе ги прашам. Не им се пишува добро, особено ако како што викаш намалат цени и продолжат со проширувањето на оптичката мрежа.
 
Не ја зимај за озбилно таа слика, не ја пишува ВИП за Хрватска, ниту има оператор за Србија (освен РТС), не е сеуште комплетна табелата.
 
Па и не е мала вест, во зависност од МРТ, како и што кажав порано и како што се гледа на прикачената слика, Македонски Телеком се единствени за ТВ правата. МРТ ја нема на листата што ќе биде уште еден голем минус за корисниците на ТВ услугите од другите оператори, така да Телеком така ,,ќе се забетонира,, со спортската понуда. Имаат Арена, сите СК, сега и права за ЛШ, вип остана со СК 1-3. Инаку да, добродојдено е намалувањето на цените особено на оптичкиот интернет. Е тек тогаш Вип што ќе прават ќе ги прашам. Не им се пишува добро, особено ако како што викаш намалат цени и продолжат со проширувањето на оптичката мрежа.

Јас лично мислам дека випосаните ќе ја поминат 2018 година во потрага по нови обврзувачки договори за постоечките корисници - најверојатно ќе ни` го нудат тој новиот кабелски рисивер за интерактивна телевизија или ќе ни` го нудат Балканскиот пакет во редовната месечна претплата, цели 99 денари попуст, блазеси ни`.

Па потоа ќе го направат ребрендирањето во А1 Телеком во потрага по нови корисници, можеби дури на крајот на 2018 година или на почетокот на 2019 година.

Но навистина ќе бидам пресреќен ако испадне дека се погрешни моите очекувања од Вип за 2018 година.
 
Последно уредено:
Не, за жал нашиот Вип не се нафаќа на такви работи. Еве, И од следната сезона ЛШ нема да има на Вип, т.е. правата од 2018-2021 ги има откупено Македонски Телеком.

Дали МРТ ќе продолжи со емитување на 1 натпревар не знам навистина бидејќи како иматели на права од земјиве на Балканот само МРТ не ја пишува за Македонија, ХРТ за Хрватска, РТС за Србија, за Македонија е Македонски Телеком.
32f65155419c330b99e025e15c2e6317.jpg
ova ne e tcno pravata za hrvatcka i za cela yugoslavija gi kupi united media taka da nuisto ne se znae
 
Не збори глупости. United Media е сопственик на Спорт Клуб каналите и нема откупено никакви права за ЛШ. Кај нас останува непроменето, односно ЛШ и ЛЕ на Арена во наредните три години, 2018-2021.

Випнет во Хрватска ги откупи правата за ЛШ, а Хрватски телеком за ЛЕ и тоа е веќе завршена работа.
 
Мала корекција: Арена ги нема правата, туку Македонски Телеком. Посебен канал ќе пуштаат за преносите.
 
Можеби ќе направат како што беше првиот пат кога Арена Спорт пуштија на Макс тв. Арена Спорт и коментатори од МРТ.
 
Мала корекција: Арена ги нема правата, туку Македонски Телеком. Посебен канал ќе пуштаат за преносите.

Не верувам дека ќе одат со посебни канали. Телеком ќе им ги отстапи правата за емитување како што беше 2012-2015 на Арена. Тоа е речиси нивни канал, во Македонија одат само на еден оператор, на штета на корисниците, за жал.

Да биде трагедијата уште поголема, МТВ ги изгубил правата за ЛШ за догодина, само Телеком ги има ексклузивните права. Е сега мислам дека Телеком е обврзан да обезбеди пренос на FTA канал во среда, можеби не на МТВ, ама на некоја друга ТВ куќа со национална концесија.
https://sport1.mk/pacienti/mtv-gi-gubi-pravata-za-prenesuvanje-na-fudbalskata-lsh
 
Последно уредено:

За да не летаме како муви без глава, да причекаме прво да помине Нова Година 2018, па после 1 јануари 2018 да видиме колку ќе не` чини ваквото задоволство и пред се`, чие задоволство ќе биде - наше, или на Вип ТВ кои можеби ќе се опарат доколку наплаќаат дополнително за овие ТВ канали.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom