A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
И тој е тргнат, само што тој канал го нема ни во БумТВ... Тука што вода држи, не знам.
 
Ај да ви ја кажам барем добрата вест за денес: ги нема планетите, барем кај мене :) Изгледа решиле конечно да ги тргнат :)

Па и тоа е нешто.

Можеби ќе се опаметат Близо и ќе им текне да пуштат нешто асално, како на пример нешто српско или хрватско, или барем да ги отклучат ТВ каналите од Балканскиот пакет.

Или можеби навистина планираат спојување на Боом ТВ и Близо.

Но едно е сигурно - ваквиот однос од нивна страна е несериозен и некоректен.

Доколку им продолжат ваквите нетранспарентни навики, прашање на време ќе биде додека да почнат да губат корисници.
 
Од сам старт се знае дека близу ќе остане посебна компанија затоа што е предуслов за да се спојат Оне и Вип.Близу ме смее да се спои за да не дојде концентрација на пазарот така што спојувањето нема да биде можно.Бум тв ќе стаме телевизија на новиот оператора се збори дека ќе лансираат нова иптв платформа со 200 канали слично како кај близу.затоа им треба најцеќе оне
 
Значи Близу станува најголем губитник, сите ќе добијат, ама Близу ништо?
 
Ја планирам да ги направам попара денес.Ако не тужба ќе поднесам, кој кур ебате
 
Срекна нова година на сите членови на форумот! На овој безобразлук од страна на близоо треба одма да се реагира и да се бара намалување на претплатата во крајна линија и раскинување на договорот на штета на операторот, за жал кај нас нема такви институции кој одма ке го заштитат корисникот кој за жал секогаш излегува колатерална штета. На време ги откачив близоо иако пријатно ме изненадија кога ја вракав опремата ми го поклонија рутерот.Можеби телекабел е исти к_ _ _ _, ама ваков масакар на исклучување досега не направиле.
 
Значи Близу станува најголем губитник, сите ќе добијат, ама Близу ништо?

Се работи за контрола на пазар а тоа е што Телеком Австрија сака. Близу нив им е битен затоа што се оператор што оперираат во Скопје како најголем оператор а тој пазар е многу многу битен. Погледни како функционираат во Хрватска. Телеком Австрија таму ги има ВИП НЕТ и Б Нет што беше водечка кабелски оператор во Хрватска во неколку градови. Истото и кај нас сега ќе биде. Близу ќе нуди услуга каде што ги има а за се друго ќе оди преку споениот оператор од Оне и Вип. Во Хрватска Вип Нет за АДСЛ и слично ја користи инфраструктурата на Хрватски Телеком така да тоа не е пречка. Значи ќе добиеме многу подобра услуга од сегашниот Оне односно појака мрежа. Како Бум ТВ ќе оди незнам али тој сегмент ќе постои само затоа што е обврзувачки
 
Се јави некој да праша што и како е? Знам ако се јавам нема да се контролирам.
 
Blizoo почна да ги чита сериозно коментарите на нивната facebook страница или овде на форумот :)

[ 02.01.2015 ] Бесплатно активирање на сите канали до 31.1.2015

Почитувани,

Од денес, 2.1.2015, сите канали кои се во портфолиото на „Близу“ ќе бидат достапни за сите корисници. Имено, сите корисници на дигитална телевизија ќе бидат во можност да ги следат сите канали вклучувајќи ги и оние во дополнителните пакети Tring Extra, Balkan 8 Plus, Film Box иHD, за никаква дополнителна доплата. Каналите ќе бидат достапни за корисниците до 31.1.2015, односно додека не се постигне договор со Ико Медиа, компанијата- дистрибутер на „Спортклуб“ каналите во Македонија и не биде прекинато затемнувањето на истите.

Затемнувањето на каналитена „Спортклуб“ ќе биде прекинато штом заврши процесот на преговорисо овластениот претставник.

Со почит,

Близу ДООЕЛ Скопје
Извор: blizoo.mk
 
Освен што ќе почекаме на време, каналите со сигурност ќе бидат вратени на Близу :). Затоа што нема адекватна замена за нив поради правата за лигите кои се откупени од страната на Спортклуб. А Близу што одби да плати за каналите и што сакаше за нереална сума да потпише нов договор, сето тоа доведе до хаосото што го гледаме сега...
 
@kobrata да не знаеш до кај се со решавање на проблемот со Nat Geo и FOXlife?
Значи сепак до крајот на месецов може и да се очекува да ги вратат?
А некои нови квалитетни канали да не планираат да стават? Знам лудо прашање е, но да си прашам, да не не` изненади како гром од ведро небо, па после да се чудиме :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom