A1 Телевизија повторно на тв екраните

  • Креатор на темата Креатор на темата mishko
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви фали А1 телевизија

  • Вкупно гласачи
    337
. Нас ни треба домашна продукција на филмови серии, документарци искомбинирано со добри странски филмови и емисии ни треба продукција за квизови, реални шоуа, ток шоуа и слично..
И пак турските и шпанско венецуелските серии ќе бидат најгледани. Немојш бе на месождер да му даваш вегетаријанска храна
 
Ја преименував темава, затоа што последните неколку страни и онака се зборува за оваа тема, а не мора да се отвара нова тема.
 
И пак турските и шпанско венецуелските серии ќе бидат најгледани. Немојш бе на месождер да му даваш вегетаријанска храна
Јако ќе биде, ко ќе почнат стариве... синче ај пушти ми А1 да гледам таа турската серија... на интернет ја давале...

:facepalm:
 
И пак турските и шпанско венецуелските серии ќе бидат најгледани. Немојш бе на месождер да му даваш вегетаријанска храна

Можеби ама гледај.. да ти кажам ги следам тие гледаности на емисии и слично. Додека траеше Милионер беше една од најгледаните емисии ( домашна продукција) Пирамида со Игор Џамбазов напраби Бум.. ова ти зборувам за поново време периодот кој јас се вика преобразба од Шпански во Турски тогаш изникнаа добри емисии и продукции и факт беше дека луѓето сакаат да ги гледаат. Сепак треба да пробаме па да даваме оценка за нешто.
 
мерак ке ми биде ако наместо турски серии и глупи и досадни квизови се даде некоја попаметна работа.

пример - добар игран филм ( океј знам дека има милиарда торенти но сепак тв си е тв нели )
добар СЕРИСКИ филм - теба многу пари за добри серии но на крај целта ги оправдува средствата..
документарни филмови - мислам дека многу од вас ке се согласат со мене дека ОЧАЈНО се потребни документарни филмови кај нас
кај нас голем дел од луѓето се веќе преморени од политика па ако биде ПОМАЛЦЕ политички настроена програмата ( сепак не е возможно ич да нема политика ) би имала повеќе гледаност
... има многу работи што може да се направат за квалитетна програма на добра телевизија. само дајбоже да не продолжат со истата политика како старата А1.
 
Ова као на А1 идеа у последно филмови? Сител и остали кои веќе не ги ни памтам, само продолжија таму каде застанаа А1, у везима турски и индиски серии. Филм на А1 даваа само на празник и беше ПРЕМИЕРНО, иако го имаат вртено уште кога беа отворени, а филмот уште толку постар. Не дека се жалам за староста. Ама не мислам на.. MASK, кога на Hrt во ист момент иде Alien 1, пропатно со нова епизода Fringe.
 
Ќе кажам браво за оваа иницијатива само ако ги откупат правата за Премиер лигата (ко што правеше оригиналната А1).
 
Кој ќе им дае права за на интернет да пренесуваат молимте? :)
Нема да биде традиционална телевизија, барем не додека е оваа влада на влас, нема никад да добијат фрекфренција на тв. Ќе биде сајт со видео прилози.
 
Кој ќе им дае права за на интернет да пренесуваат молимте? :)

А како македонски телеком доби права да пренесува Лига на шампиони на интернет?
 
Македонски телеком е гигант, има цела дигитална платформа МаксТВ со иљадници корисници. Башка може да ја препродаде на некоја блиска тв куќа, МТ е половина државна сопственост.
 
Ќе кажам браво за оваа иницијатива само ако ги откупат правата за Премиер лигата (ко што правеше оригиналната А1).
Дури и да имаат право на тоа, нема да имаат доволно пари. А1 кога беше најгледана и максимално искомерцијализирана традиционална ТВ куќа со Велија зад нив, не можеше да најде економска оправданост во купувањето на правата за Премиер лига, па ги купи Сител со владини субвенции и не издржа долго. Од ваква онлајн А1 која најверојатно, слично на Фокус, ќе нема продаден рекламен простор тешко да се очекува да откупи нешто.

Ама тоа може да биде дури и добро, тоа значи дека доколку сакаат гледаност ќе мора да направат добра сопствена продукција. Инаку колку што гледам регистрирани се на Перо Наков 60, повторно. Ќе ги користат истите студија од А1 најверојатно. Интересно е да видиме дали стечајниот управник ќе им го дозволи тоа.
 
А1 Телевизија се враќа во етер, а познатиот новинар Борјан Јовановски ќе биде на чело на телевизијата. Според најновите информации не се работи за интернет телевизија. Од 1 мај телевизијата ќе започне со емитување програма. Македонски бизнисмен, чиј идентитет се уште не се открива, вложил огромна сума пари, за да ја врати во живот телевизијата која беше затворена пред една година. Се купува нова опрема, а ќе се користат старите простории. Наскоро ќе биде објавен и конкурс за прием на новинари, уредници, монтажери, сниматели... За почеток ќе бидат вработени околу 150 луѓе, а ќе се врати и дел од стариот тим. Сопственикот го проверува рејтингот и кредибилитетот на новинарите кои беа препознатливи за оваа телевизија. Врз база на тоа ќе одлучи кој може повторно да седне зад камерите.

-Денес е недела, ден за моето семејство, ден кој сакам да го посветам на моите деца. Не сум во државата, така што Ве молам оставете ме на мира. Не негирам ништо, ниту пак потврдувам – ни изјави Јовановски.

Новиот сопственик веќе ги откупил правата за пренос на натпреварите во Лига на шампиони од следната сезона. Повторно ќе се бира Македонскиот идол, а ќе бидат емитувани и многу познати американски ТВ серии. Она што сигурно нема да го има на програмата на обновената телевизија се шпанските, турски, индиски и латино американски сапуници.

Од Агенцијата за електронски комуникации ни потврдија дека е дадено одобрение за користење радиофрекфенција. Оттаму повеќе не сакаа да коментираат.

Не е исклучена можноста на пазарот повтроно да ги видиме и дневниот весник Време и неделникот 1Е.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68911

Ako stavat americki serii ke bide dobro eve i liga sampioni kaj niv dosta ambiciozno pocnuva samo da ne ja politiziraat do max ke bide super, a poso e borko toa ke bide tesko, nisto ostanuva da se vidi sto ke ponudat i se nadevam ke go prosvletlat tursko makedonskiov tv-mrak !
 
Априлилилилиииииииииии
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom